Крстена вода или темјани ништо не помагаат на неосветено тоа ти е исто некрстена да се молиш во црква , трудниците секогаш скоро имаат лоши соништа а исто тогаш и сетилото им е многу по активно и чувствуваат туѓо присуство , иконата т.е светевот што ти се појавил да ја купиш и дома да ја ставиш , а во црква дарувај го , помоли се и запали му свеќа , во кујната во мала саксија насади босилок лошото и ѓаволштините мразат босилок бидејќи е билка црковна т.е света .
Леле дај кажете што значи сонов мој, ме разбуди, ме исплаши, не дај боже на никого... Сонував како имаме бебе, ама не се видов ни трудна, ни пораѓај, само дома имаме бебе.. ама ниту плаче, ниту очи му видов отворени и многу настрано, ама го чуваме во нешто покриено од горе... и некој ден помина и сестра ми или сестра му на момчево го откри и вика, умрело ете .. и после како демек ни олеснило затоа што бебето било болно... Ве молам ако некој знае нека ми каже што значи.. Инаку треба да добијам , ама момчево ме зафркава дека сум трудна и цело време ми вика ти ич не си во пмс овој месец, трудна си . . Го "правевме" на последен ден од добиено.. демек нема шанси ама живееме опасно на ризик И мислев онака на тоа па да не е поради тоа.. кажете ми да си ги тргнам мисливе од глава ..
Последните неколку денови какви кошмари имам, страв ми е да легнам да спијам веќе. Кај гробишти, мртовци, вода, кал, темници ужас значи.
Страшно бе што ќе се прави, мене не ми е прв пат вакви периоди да ме фатат. Ама што убаво одамна немав сонувано глупости и ете ти сега. Ни светена вода помага ни ништо.
Сонот всушност е нашата потсвест, и нормално укажуваат на нештата, но некогаш немора ни да значи. Порано гледав "дежа ву" на сон скоро секој ден, ама еве последно време некако слабо, па и општо соновите неможам да ги запамтам.
Татко ми сонувал јас и мм облечени во бело, и ја сум му дала на татко ми врело млеко да пие и тој кога го пробал млекото се изгорел на јазик Што значи?
Majka mi sonuvala , kako mm zakasnil na rabota , tatko mi rabotel vo Samokov ( selo vo Makedonski Brod , kade imame familija ) , a nadvor vo nasevo selo imalo poplava ( sto realno nema teoretski sansi bidejki i seloto a i nasata kukja e daleku od voda ) e sega ne se sekjava dali vodata bila matna ili ne . Isto vo sonot e i baba mi ( ziva e ) i rekla na majka mi da go vikne tatko mi da si dojde doma , a majka mi rekla kako da dojde , ti si videla kolku voda ima nadvor ? Neka sedi kaj brat mi u selo . E sega na mnogu delovi ne se sekjava ama ova sto go pisav e pogolemiot del od sonot . Ako moze nekoj da protolkuva , itno e .
Сонував дека одам некаде на свадба кај некоја другарка. Со останатите пробувавме фустани. Мојот беше бел долг и со превез. Значење?
da ne znae nekoj sto znaci da ti se pojavat kako senski vo sonot i jas usm mislela deka se svetci i sum prasala dali me saka ...... i mi se pojavil nekoj link kako senka i se slusale nekoj zvuci neznam kako da vi gi opisam ne bese peene neznat sto bese
Сонував ѓавол со човечки лик. Се расправав со него. Му велам :Ама Господ е со мене и му покажувам икона од св. Петка и дур му се заканив дека ќе му покажам крст, а тој ми се контраше дека ќе ставел нешто лошо во мене.
Ајде κој се ρазбиρа во толκување сонови,аκо може да ми помогне. Јас сум нов член па незнам баш κаκо идат ρаботиве,ама да си ја пρобам сρеќата. Имам 17 години, и сега има едно момче што ми се допаѓа, а κаκо што ρазбρав и јас нему. Сега и не ставија во ист κлас, па сме и шκолсκи . И вечеρва сонував нешто многу чудно, деκа одеднаш излегол муабет деκа сум тρудна од него, а во ρеалноста не сум ни имала односи, и почна цел κлас да не зеза, почнаа да ни даваат поκлони значи бебешκи κапчиња и слично, дуρи и пρофесоρите почнаа да пρашуваат дали е вистина и κласната ме пρаша мене дали е точно и јас ρеκов да, незнам зошто κога ни во сонот не бев бρемена. Сонот ми беше многу чуден, ве молам аκо се ρазбиρа неκој да ми објасни што може да значи. Инаκу веќе 2 пат сонувам κаκо ми даваат подаρоци, пρед неκоја вечеρ сонував κаκо κога сум се вρатила од еκсκуρзија, оваа низ евρопа што е, сме си ρазменувале подаρоци со дρугаρκи а неκои од нив ги немам видено со месеци... Κој се ρазбиρа, неκа ми помага.
@мишелџ. Ако разбираш англиски отвори ја оваа страна www.dreammoods.com и види што значи сонот. Најточни толкувања имаат.
сонував дека носам венчаница постојано ја носев без вело и го најдов веллото на улица и група на луѓе многу пари ми дадоа.. знае некој што значи? а обично соновите секогаш ми се остваруваат така како што ги сонувам ама овој не ми е реален ве молам за толкување
Не е на убаво твојов сон , несакам да ти кажам што точно значи но , помоли се , дај дар на иконата со Исус во црква , запали свеќа прво за Исус , втора за тебе и трета за здравје .