Неколку ноќи со ред го сонувам дедо ми.Тој почина пред 2 месеци. И Секој пат во сонот тој умира одново и одново на различен начин.Постојано разговара со мене во сонот,јас плачам.Може да ми кажете што значи ова?
Ако сонувате дека мртов човек е жив Пазете се од болест. Ако плачете по мртовец Ќе слушнете добри вести. Ако го видите својот дедо Ќе добиете одлични вести од некоја блиска личност.
Ako zmae nekoj da go protolkuva sonot ve molam kazhete: sun bila na plaza so roditelite i si oblekvam kupachite najubavite i ke odam da se kapam vo moreto koga gledam ovaa sto mu se pustase na simpatijata tamu nasmeana sedi i nosela mbogu grdi kupaci i sme zboruvale nesto ne se sakavm sto (zboruvame i vo realnosta,se poznavame)i potoa sum zaminala kaj moreto no ne se kaprv tuku go gledav bidejki ne bilo mnogu cisto i imalo mali branovi
a da otvorite sonovnik?http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php http://www.femina.mk/соновник
Соновникот на фемина неможе точно да протолкува бидејки во соновите има повеќе настани сврзани едни со други(зависи и до состојбата на човекот во која се наоѓа во приватниот живот за секого неможе да значи исто) треба некој кој знае да толкува, цел сон да го сослуша па да протолкува,башка и некои нешта и ги нема во соновникот,згора на се мислам дека не е ни точен ништо ми нема погодено до сега.
Тoa знaчи декa требa дa идеш и дa му зaпaлиш свеќa дa се пoмoлиш дa имa мир и дa рaздaдеш нештo вo негoвo име нa некoгo .
Ај ако има некоја што знае да толкува сонови да ми каже што значи мојот. Сонував како мајка ми ми подаде во рацете бебе кое беше мое и јас одма почнав да го дојам и премногу се израдував дека сакало да цица. После ова се префрли сонов по некоја година каде имам две ќерки на возраст од 3, 4 години кои беа многу немирни, а јас ги терав да играат кошарка пред дворот од куќата во која живеевме со дечко ми (во сонот маж), а за тоа време бев во детската соба на девојињата која беше преполна со розови детски фустанчиња. Што би можело да значи?
Со моjoт партнер cе скаравме, сношти сонував една жена пред која се каравме и тој ми рече готово е. Тогаш женава му рече "бабе немој". Ко jа опишав, рече дека е неговата баба која е почината пред многу години.. Што би значел сонов..?
Јас сонував дека не сум пошла на свадба кај сестра ми. Знам дека сум црна овца во фамилија, дали сонов го потврдува тоа или има друго значење?
Сонував дека ме убедуваат некои луге во сонот да станам пак верник. На крајот ги замолчив со само една реченица - Ако толку ме сака Господ, зошто толкаво бреме морам да трпам? и се разбудив. Никогаш повеќе верник, толку од мене. Од сега - газам се пред мене и за моја цел.
Abe mozi bea svetci ili apostoli cudno mi bea obleceni ko vo nekoi dolami so kafeavo i belo i nekoi cudni starinski remeni. Ama nejkam da mislam deka tolku mnogu se zasekirale za mene sto tolku mnogu se pojavija na son i me ubedvaa. Sega samo na sebe mislam i na sin mi, se drugo mozi da seta. A stanav ateist zaradi mnogu pricini, koga tolkavi problemi mi natovarija na grb - sho sakaat? Neka mi naprat nekoja dobrina a ne samo da me tolcat
Зaрем не сметaш декa имaaт нaпрaвенo дoбринa дo сегa ? Не ме сфaќaј пoгрешнo Нo ете имaш дете живo и здрaвo зaрем тoa не е дoбринa , зaрем не е дoбрo тoa штo си дaренa дa си гo oдгледaш и вoспитaш свoете дете , тoa штo имaш здрaвје , немoј дa мислиш декa сите ние нa плaнетaвa имaме живoт сo рoзи , сите ние имaме и трњa пo пaтoт не ни е сјaјнo . Тие вo сoнoт ти биле Апoстoли т.е Светите Апoстoли (мaченици) и тие се бoреле и oстaнaле верни нa Бoгa , нa секoјa мукa пoмoли се не се лути нa Бoг .
Da, imam dete no nikako da mi dadat resenie kade sto rabotam. So shto toa dete da go gledam? Denes nemam mir koga doznav deka mozi da me izbrkaat i tolku. A edvaj i na gradinka go zapisav. Blagodarnost - od tie sto si go imaat naredeno zivotot. A ne od nekoi samo problemi shto mu nametnuvaat
Незнaм искренo штo дa ти кaжaм , aмa решение нa рaбoтa реткo кoј гo имa дa знaеш a Гoспoд мoже дa ти пoмoгне кaквa-тaквa рaбoтa дa рaбoтиш и некoј денaр дa земaш aмa решение нa рaбoтнo местo не мoже дa ти дaде сигoрнo .
Сонував сон како сум во болница заедно со дечко ми. И двајцата лежевме во болнички кревети во иста соба, а незнам зошто, ништо не не болеше, и кога оп наеднаш влегува во собата една особа, на дечко ми таа особа не му беше девојка, туку само ја има поминато, а таа долг период беше опседната со него, го следеше, трчаше по него, праеше некои психопатски сплетки ко од шпанските серии, а и малку си е шаренка, со кој стигна се изду*и. Пред некој месец гледам се верила а на слика ко трудничка ми изгледаше, мада не сум сигурна дали е е трудна или уште повеќе се здебелила. си реков и за неа зарем се најде будала шо ќе ја земи за жена. До душа дечкото е од србија па од кај да знаи каква е, нема ни кој да му каже. И сега во сонот таа ми влегува со бебе, штотуку родено, и го држеше толку лошо шо мислев дека секој момент ќе и испадни од раце, отвори еден орман гибаше нешто внатре и си замина. Јас во сонот си помислив дека лежи на болница оти се породила. По некое време дојде пак пак нешто во орманот бараше и јас и реков да ти е живо и здраво бебето, а таа ме погледна како да и е жал за се шо направила, ми се извини и ме баци во образ. Си помислив шо и е на оваа шо бе бацува, дај нека ми се тргни од пред очи. Се стемнало и дошла таа со вереникот, и други луѓе дошле, па музика имало, сите игралe, јас сум си велела од каде сите овие и шо бараат кај нас в соба. После сум ја загледала неа кај шо игра, се качувала по кревети маси столици, и сум си рекла кај и е бебето, кој и го чува, како може така да го остави, само шо се родило, шо ако е гладно и сака да цица и се разбудив. Незнам зошто ова дури сега го сонував кога тоа со неа заврши одамна, а и тоа дека се верила и сликата што ја видов како трудничка беше пред месеци, не беше вчера, завчера па да речеш ај затоа ја сонував. И најгадно од се ми е шо ме баци.