Синоќа сонував пак еден чуден сон. Лик не гледав туку само слушав глас кој ми велеше ,,има нешто лошо овде,, и повеќе пати повторуваше. Кога станав целата бев препотена и устата ми беше исушена за вода
Лек има ли за овие сонови ?? пробав да неспијам неколку дена за да несонувам повеќе глупости ама завршив во болница, ова се случи кога имав 12 години, сега пак се плашам да не направам исто. 3 дена сонувам како сум закопан жив и слушам како фрлаат земја на ковчегот, помош ве молам, што може да значи ова ?
Па незнам,ама мислам дека нешто е на психичка база Не мисли многу кога ќе легнеш.Гледај тв.чекај убаво да ти се приспие,и кога ќе легнеш одма да заспиеш. Стави слушалки и слушај музика,можеби тоа ќе ти помогне да заспиеш
Музика слушам нонстоп, а спијам знаеш кога ? пред да ми се затворат очите сами, тогаш легнувам, а и не мислам на лошо напротив сега се заљубив и освен на мојата сакана не мислма на ништо друго.. Чудно е што сонот е ист секоја вечер само што синоќа ковчегот беше метален. На моменти посакувам да бев роден како куче па подобро ке ми било, преку глава ми дојде ова.
Хахахахахахахха ми го разубави денот да не мислам на глупости.. Уште таа да не ми беше со вакви сониви мислам дека ке станев некој ѓавол дека ке убивам така се чувствувам на моменти за жал. Ме опседнаа ваквите сонови, многу сакам да цртам и некогаш несвесно цртам такви морничави работи, несвесно нацртав обесен човак... ајде да не пишувам многу треба да спие некој. навистина од сонови може да се полуди. Инаку сепак сакам да дознаам сонот што значи, 99% е лошо нешто знам...
Прв пат сонувам мртва птица и тоа две .... немам никакво протолкување на тоа ... дали некој знае што значи?
Во мојот соновник пишува,секогаш се знак за радост и среќа во љубовта.Исто така тие носат добри вести,особено ако се бели Не пишува за мртви
Нели биле мртви некој глас ќе ти биде скриен или ќе слушнеш лош муабет. Битно не е убаво пошто се мртви. Мајка ми сонувала како ме изгубила не знаела каде сум била, каде ме заборавила, ме барала ама не ме нашла. Потресена е целата од сонов.
Јас сонував како дечко ми(скоро само што се смиривме,бевме разделени еден период)ми подарил прстен кој блескаше со скапоцени камчиња (е сега незнам дали беше сребрен или бело злато)и беше дојден кај мене ме бараше од моите тие се сложија ме дадоа на него Што значи?
Сонував како сме биле во амбуланта со дечкоми и јас сум му дала некој лист со текст. од лева страна била некоја баба а од десна дечкоми и бабава ми рекла немој така не му прави на момчето,викам што му правам бабо му дадов лист,и ми вика добро ама ај ќе видиш што ќе ти се случи со него неделава,и ја и викам на арно ли? ќе видиш ми вика и јас почнав да плачам . и као одеднаш јас имам прстен на рака дома закитуваат .. и се разбудив. Некој објаснување? @anaja1 ?
Сестра ми сонувала дека сме биле јас она и една моја другарка во некој хотел. Јас и сестра ми во една другарка ми во друга соба, и одеднаш сестра ми слушнала како некој тропнал на вратата на другарка ми и излегла да види кој е и видела како некој оставал писмо до вратата на собата и одеднаш го снемало како дух. А тој што оставал писмо била некоја девојка во бело облечена со долга црна коса. И сестра ми викнала и се разбудила во тој момент цела испотена. Знаете ли што од прилика би можело да значи ова ?
Вчера сонував како си го вадам едното око и ставам некое друго, се погледнувам во огледало, го гледам окото е сиво и го чувствувам незгодно како да не се совпаѓа со празнината и сакам да го извадам но прво ми е страв, ама потоа го вадам и си го враќам моето...? Знае некој што значи ова?