Пред неколку дена ја сонував својата соба,тепихот беше тргнат,а долу на паркетот имаше рој од бели црви. Насекаде беа буквално,ми се згади. Некој да протолкува?
Сонував како дечко ми пред мои очи ме изневеруваше со една девојка. Ме виде и ништо не изреагира, потоа ми го кажа нејзиното име и не се ни бранеше ни оправдуваше, исто како ништо чудно да не направил. Потоа бев многу лутна и запалив цигара (не пушам) и ептен уживав во неа. Мајка ми ме виде и не ми се караше.
Црви значи лажни надежи. Барем кај мене во соновник е така. Вели бидете реални околу нешто околку што многу се трудите и не давајте си себе си лажни надежи.
Неверство во сон се толкува буквално. Внимавај на однесувањето на тоа лице.Не мора да станува збор за љубовно неверство, може некоја негова постапка ќе те разочара.Пушењето цигара после тоа е дека на погрешно место ќе го бараш одговорот на некое прашање. п.с. ако лаже овој мојов соновник лажам и јас
Сонував како се качувам во такси и таксистот ме носи во една тесна уличка а наоколу само шума а ако во центарот на градот,тој застанува и како да сака да ме силува тогаш јас ја извадив едната рака низ врата и почнав да викам по помош.Од некаде се појави едно многу убаво момче не го познавам но ме спаси и ме однесе до една грмушка и се сокривме таму.Потоа се појавиле моите родители и викале по мене е тогаш јас сум излегла од позади грмушка а момчето стоело до мене...што е ова? btw момчето вака не го познавам но многу беше убаво така згодно
1.што значи да се смириш со некој на сон,а во реалност си скаран? 2.сонував дека ми се додворува човек во инвалидска количк,така постар,во костум?
Првиот сон е лош знак - предупредување! Вториот сон значи незгода и плус човек во одело исто не е добро. Напомена: ако си ги сонувала синојка соновите, тоаш немаат никакво значење затоа што денес е празник. Соновите што се сонуваат пред празници и пред недела најчесто немаат значење.
Јас сонував како некоја топла од луѓе не гонела мене и моите другарки и имале прачки во раците. Јас сум трчала но со мене сум носела и едно малечко девојче.И сме успеале да избегаме и сме се криле во мојата зграда.
Имаш грижи во глава и тешкотии, меѓутоа ти претстои и опасност! Скајче истата напомена што и ја пишав на Волфче важи и за тебе ^^
Нокеска сонував како сум родила женско бебе,но јас никако не го прифакав и велев дека не го сакам.Ке може ли некој да ми каже нешто за овој сон.
мојот сон од синојќа е Пред да си легнам тука прочитав дека во Манго имало сезонски попуст. И сонувам како одам таму и гледам преубава ташничка, значи ја држам во раце и размислувам дали да ја купам, а последна е. И една девојка ми приоѓа и ме прашува дали ќе ја земам? Јас и викам Незнам се мислам сеуште. И девојката ми вика епа ако ти знаеш знам јас и ми ја граба од раце и бега накај каса. Јас кога ја дофатив за коса па кога почнавме да се скубеме, да се тепаме... не можат да не одделат. скандал невиден, сите се газат од смеење. И се будам и кога почнав да се смеам Не одам у Манго во брзо време, за секој случај хахахахахахаххахаа
Синоќа си го сонував бившиот.. Бевме на одмор со другарки стоевме на плажа кога го гледам тој иде со чамец со неговото друштво.И се поздравува со сите и доаѓам на ред јас и исто како сите ме баци во образ(малку ме боцкаше со неговото мало брадиче ) и ми рече ,,сакам да бидам со тебе,, и јас вака и не знам не се сеќавам понатаму.. Дали значи нешто сонов и ако значи што е ?
Баге, ајт срцка си кога ќе имаш време Ќе ти соберам детали од претходните сонови, затоа што сонувам како луда. Претходната ноќ сонував како ме испратиле службено во Дубаи И стигнувам на аеродром и се пресоблекувам во тенка, бела туника и боса со влечките во рака цел сон се шетам по ситен песок, ептен ми е пријатно, си ги квасам нозете во чиста, проѕирна вода. Сега сонував како сум била на гости кај братучетка ми и одеднаш пукнала некоја цевка и почнала да се полни куќата со чиста вода и пак ми ги залеала нозете. Потоа сонував како ми рипаат 3 кучиња, далматинец, лабрадор и териер и сите три ме душкаат, сакаат да си играат со мене, ми ги лижат рацете а јас не знам со кое попрво да си играм. Хм?
Ај што глупави сонови сонувам Сонував како демек на некои мои пријатели сум им ја чувала мачката , секаде сум ја шетала сум си правела муабет со неа. И нешто сме требале да поминеме некој ѕид и ајде јас сум ја бутала мачката за безбедно да го помине ѕидот и овде имало врзано кутре но не ни пречело не пуштило да поминеме. И на крај знам дека си ги видов чизмите како ми беа искинати демек мачката ми ги искинала.
Што значи да сонувам како сум родила бебе и после како го чувам? И знам многу плачев во сон, зашто прво го нејќев ама после го засакав?!?
што значи да сонуваш како си изгубила марама на сон,цела вечер сум ја барала но не сум ја нашла?плачев зошто сум ја изгубила?
Или соновниците не се в ред, или незнам Вака, марама вика дека те чека некаква радост, а пак за нешто изгубено вели дека те очекува зло. А знам дека ако плачиш во сон ќе се смееш или ќе бидеш среќна на јаве
Бистра вода е добро да се сонува, а ако кучето е непријател тогаш можеби некој ќе проба да ти ја земе среќата. Претпазливо само