Со другарка ми сме оделе в црква, таа била на штикли. Таман да влеземе ете го нејзиниот симпатија шо се гледаат. Јас ја заобиколив црквата и ја видов една професорка како иди и таа. А, внатре не влегов.
Пред некој ден сонував дека баба ми е почината и кога појдов во собата каде што беше ковчегот, таа беше седната, кажуваше нешто и се смееше и тогаш почна да ме боли заб.. Сношти пак сонував дека ме болат заби..
Ве молам некој да ми го протолкува овој сон. Се возев во автобуси, сменив 2-3, и кога влегов во 3тиот автобус го видов мојот сегашен со неговата бивша, блиски и прегрнати. Кога ме виде тој се тргна од неа а јас од нервоза истрчв од автовусот а тој дојде по мене и се качивме во такси и заминавме. Толку. (Иначе во автобусот тој имаше нејзин шал на вратот ама кога ме виде го извади , а мене ме ги даде неговиот ама јас го фрлив).
Neka 2-3 avtobusi bidat 2 tvoi vrski koi si gi napuštila....tvojot segašen e vo tretiot avtobus.....šalot od bivšata devojka go frla,simbolično se razdeluva od nea i nejzinata ljubov....zaminuvate zaedno,se čini deka biten ke ti bide...mozebi treba da vnimavaš da ne otfrliš nesto sto toj ke ti ponudi....možebi tokmu poradi toa si go sonuvala ovoj son...
Дај љуѓе и од овие соновите немам мир. Многу често сонувам како паѓам на глава и више и во сон ќе почне да ме боли главата или ќе паѓам или плачам или се губам. Не е можно толку да сум изгубена, може некој да ми каже што значат овие сонови, за плачењето знам многу среќна ќе сум била, жими тетка ми Милева..
Сонував како одам некаде и влегов во една соба а тоа куќата на баба ми и таму на креветот го гледам мојот крштеник како седи гол и коа ме виде си го скри пенисот, му велам да знаев дека си гол не идев , па наеднаш ми пријде и почнавме да имаме секс во анусот. Мене во сон ми беше страв д ане дознае мажот ми. Инаку во јавност он не е оженет а јас сум омажена ама подолго време имавме симпати еден кон друг (а сеа нели кума му сум). Шо би можело да значи тоа?
Ne sum go sonuvala dosega , ama vo sekoja maka mi e pri raka . T.s site maki so si gi imame si gi kazuvame edni na drugi ili si se istazuvame hahah.
Не знам, чуден сон, после сонот се е наопаку, не сме воопшто во добри односи, но ти благодарам за објаснувањето
Да не знае некој да протолкува... Сонував како една вечер бев со две другарки некаде излезена и одеднаш покрај нас почна да паѓа ѕвезден прав. Изгледаше прекрасно и појдовме да го допреме правот кој имаше форма на мини ѕвездички. Зедовме малку од него а подоцна сфативме дека тој исполнува желби и кога нешто ќе посакаме веќе наредниот миг добиваме.
Јас не сакам толку да се замарам со сонови ама овој сон веќе 2/3 вечери со ред го сонувам. Седам на маса и пред мене доаѓаат некои луѓе да решаваат тест, некогаш ги познавам, некогаш ми се непознати...Јас им мерам време и кога ќе помине времето, го земам тестот, знам дека е на англиски нешто ама не ми текнува што, читам, вадам пиштол и го убивам човекот што го правел тестот. Па друг човек го решава тестот, па и него го убивам (без разлика дали ми е познат или не). Не осеќам ништо. Ко мравки да убивам, а не луѓе. После одам со некои рандом ликови и пушам трева (што во реалност не сум пробала) и со голем камен онесвестувам бесно големо црно куче, што ме напаѓа. Па на крај цело семејство на тетка ми, плус сите мои домашни влегуваат сите во една кола и за мене нема место. Значи тие 10 души се собираат во една кола и само јас сум отфрена,, и имам чувство како да се срамат од мене, како да сум ги разочарала. Секогаш ми викаат нема место за тебе, прво многу се лутам, а после се осеќам тажно. Им застанувам пред кола и викам или преку мене поминете, прегазете ме или не смее да си одите. Па брат ми излага од кола и како да не е тој, чуден е премногу, бесчувствителен, некако ме турка да се тргнам, јас паѓам и тие си одат.... Значи истово ова (со мали измени) ми се чини како да го сонувам 1000000000 пати со ред. Периодов во реалноста повеќе сум психички и емотивно напната, ми се случуваат некои промени и не можам да поднесам некои работи. Дали ова значи дека ќе напраам нешто што цело мое семејство ќе се разочара од мене?
јас пак пред некој ден сонував како варам кафиња и тоа многу само варам и давам на некој незнам луѓе некои мислам се уморив во сонот варејќи кафиња.....