Девојки сонував дека жива ја закопавме бабами , и на сонот со мајка ми прокоментиравме дека жива ја закопале и сум почнала да плачам и ми било мн тешко ... Немам ништо такво во соновнициве , ниту знам за оваа работа ...
Јас поморничав сон во живот сум немала... Сонував како влегувам во старата куќа во село, која што е заедничка на сите браќа од дедо ми. Во реалност куќава е распадната. Додека постоеше често одевме кога бев помала. Значи влегувам во куќата и гледам во претсобјето многу луѓе седнати, како на школо да седеле и учеле нешто (така јас сум помислила во главата). СУм ги поминала сите луѓе, без да ги видам кои се, и пред да си влезам во нашата соба седеше една непозната жена. Јас само се насмевнав, ја поздравив и таман да ја отворам вратата, таа ме фати за рака и ми рече: Чекај...Ова се сите твои предци што живееле во куќава. И јас зачудена и исплашена, воопшто не ги погледнувам луѓето, и викам што зборуваш не те разбирам, нели се ученици овие? И таа вика, ајде заврти се и погледни ги, нели гледаш дека има мајки со бебиња, и постари луѓе? Не се ученици, така сите седат и се лути зошто куќата е распадната И ми вика сети се дека ова е сон....И стварно тогаш се сетив дека сум во сон....се исплашив премногу....жената ми рече, не се плаши толку сега ќе те пуштам во твојата СОВЕСТ (не стварност, туку совест рече ). Ми ја отвори вратата од нашата соба и кога влегов се разбудив. Бев жива вода, бев исплашена буквално се тресев. Жедна, потресена, не знаев кај се наоѓам... Куќата ја сонував пошто пред некое време бев во село и поминав покрај распаднатите ѕидови ама зошто на таков начин ја сонував, не знам..... Тешко дека пак ќе заспијам вечерва...
Тoчнo женaтa те oдбрaлa тебе бидејќи живееле и јa oдржaвaле предците твoи тaa куќa , си прoшлa oд тaмo си се сетилa нa денoвите вo тaa куќa , a не сте се пoтрудиле дa јa oдржувaте куќaтa и дa јa имaте зa вaс , тaa ви билa aмaнет oд стaрите , aкo имaш финaнсиски средствa средете си јa куќaтa , aкo е вaшa , или дoгoвoрете се сo рoднините зaеднo тoa дa гo нaпрaвите , тие сите штo биле вo предсoбјетo седеле т.е ти биле пoклoнети бидејќи те мoлеле , немaaт мир бидејќи живееле и влoжувaле вo куќaтa кoјa прoпaднaлa , мoжеби те зaмoлиле тебе бидејќи знaaт декa ти мoжеш дa пoмoгнеш .
Ако веруваш исто скоро и кажав , таа е одбрана од нивда се грижи за таа куќа , барем собата каде што ги сонувала да ја извароса и среди, таа рече ќе зборува со мајкае, но јас мислам дека не ни треба да ги прашува другите од куќата дел што имаат, сепак она нема да седи битно е да ја среди собата за мир во душа бидејќи тие пак ќе и дојдат на сон !
Дa aмa бaрaaт oд неa куќaтa дa јa сoчувa дa не се сруши скрoз и јa мoлaт сите предци штo ги виделa a тaa штo и збoрелa е светицa кoјa ги чувa пoкoјните oд нејзинa фaмилијa.
Едно момче ме сонувал и ова ми пиша, што би значело да сум бремена tebe te sonuvav vo trgovski si bila so bubi ste jadele jas sum bil na rab kratko sum pominal da te vidam a ti si bila so pogolem stomak bremena ovie dva sona gi sonuvav denes edniov se rasbudiv i pak zaspav
Знаеш кој И. .. Дај боже ама чудно дека бремена во сон , на фемина гледав се различно излегува и на други страници
Ќе ти пoнуди брaк слушaј ме ти мене сaмo aкo му кaжеш не е бoгaми ќе те средaм хaхaххa тaкoв чoвек не се испуштa
Ќе зборуваме , знаеш совети искрени од тебе и бубале прифаќам па можеби и ќе послушам но некако не ми дава срцево во друг брак , се изгорев еднаш ..
@Pcelka94 @rose60 фала на двете. Да, ист совет ми дадовте ама јас пак ќе нагласам дека куќата е скорс распадната. Од куќата има останато само едно огромно купиште со камења... Така пишав и првиот пат. Сите ѕидови од куќата се распаднати...не постои нашата соба, не постојат скалите, не постои претсобјето, не постои ничија соба. Не може ништо да се реновира тука, ќе треба нова куќа од темел да се почне што е ТОТАЛНО невозможно на истото место да се направи куќа. Тука имаат дел сите браќа од дедо ми, па секој брат си дал на децата и така куќата има безброј наследници...Треба од сите тие луѓе да се побара делот, па за да се почне нова куќа. Со некои од нив не сме во конакт, фамилијарно сме раскарани. Некои не се во мкд...некои намерно не ти се потпишуваат и знаете како е со 50000 души кога делат нешто. Сите браќа си имаат направено нови куќи, ама тоа место така стои распаднато поради неслога. Само баба ми најмногу се грижеше за нашата соба, секогаш беше средена собата, малку ако требаше одма се реновираше, ама другите луѓе воопшто не ги засегаше. Кога почна да распукува еден ѕид во една соба, одма сите му викаа на сопственикот на собата да го малтериса ѕидот додека не се распаднала цела куќа пошто стара беше. Ама нему не му беше гајле, и одеднаш при големи снегови цела куќа се сруши, падна....Сите го знаеме кој е виновникот ама џабе е се... Сепак фала на двете морничав ми беше многу сонот, затоа го споделив...
Извини им се иди вo црквa и зaпaли им свеќи зa мир нa сите штo те пoмoлиле и светицaтa aкo мoжеш пo икoни препoзнaј јa oстaви и црни чoрaпи кaкo дaр и книжнa пaричкa железнa никaкo , пoмoлијa и извини и се зaмoли јa некa ти прoсти штo не мoжеш дa и ги ислушaш збoрoвите прекрстисе и пoклoни и се .
Дечко ми синоќа ме сонувал, пукале во мене и ме убиле Вика толку плачел во сонот,кога станал целиот бил мокар Што значи убиството?