Сонував како како на фемина инстаграм сум постирала слика имало леб, чајна и пушено месо мислам дека беше и некоја членка во порака ми пишала рецепт и ја се чудам зошто рецепт ми бара кога ништо не е направено нема никаков специјалитет само има леб чајна и пушено месо каков рецепт да и пишам Само не се сеќавав која членка беше. Од кај ми текна тоа да сонувам
Феминчиња добро вечер,поради х причини не успеав во текот на денот да пишам сега имам време. Би сакала да знам што значи сонов што сабајле го сонував. " Ми се јавува бабами (на мајка ми мајка) и ми кажува дека дедоми починал да одиме таму. И ок ај отидовме и сеа влагам у куќава дедоми го гледам жив. И му викам на бабами што е работава сите во селово дедоми знаат дека починал овој жив е, не ми одговори ништо. Седнавме во дворот со бабами и мајками и викам ке одам до соба да зеам вода, го гледам дедоми се мачи земал да се беси на лустерот ама се мачи стварно мн, му викам дедо те молам ми требаш не прај вака и ок се у нормала.И пак после заковал некое железо и пак сака да се обеси,несакал да живее. После некое време се качувам горе на втор спрат у куќава и дедо ми седи му викам дедо не се глупирај непрај нишо, ми вика абе дете дете, кажи ми школото (факсот) како ти оди,викам арно е дедо шо да кажам и вика ич да не се секираш ја пари ке ти давам ти човек ке станеш". се разбудив у солзи. многу ми е значаен човеков, како втор татко ми е. Што би можело ова да значи? Фала однапред многу
Вчера сонував еден сон , и никако не ми е јасен .. Мм има еден добар другар , атлетичар е , детето си е ок , на место , симпатична фаца има , ама е црн , мислам , потемен на тен е . Детево НИКОГАШ НЕ бил мој тип . А сонов е баш за човечево кое е наша возраст .. Седиме на кафе јас , мм и детево ( инаку некогаш го вика мм со нас , бидејќи сеуште нема девојка за озбилно и не секогаш има со кого да излезе , а и доста му помагал на мм за дигање шкафови и сл . мебел ) . И сега , у сред кафиќ , пред детево , мм ми вели : " немој уште еднаш да си го погледнала х ( по прекар го нарече ) така како што ме гледаш мене " . А јас не го ни погледнав детево во сонот . И не само во сонот , туку и во реалноста , како што пишав , воопшто не бил , не е , ниту ќе биде мој тип . Тоа е се што паметам . Ако некој може да ми протолкува нешто , ќе бидам бескрајно благодарна
Лелее сонвав дека тверкам на work од ријана и почнала да ми паѓа сукњата омг а со патент назад црна тесна беше
Дедoти кaкo и штo ти кaжaл вo сoнoт нaвистинa ќе ти пoмoгне нo имa сигoрнo некoјa мaкa , ти нaјубaвo гo знaеш мoжеби имa некoи пoтешкoтии вo гушaтa или плуќaтa/грaдите , ти си гo спaсувaлa вo сoнoт бидеќи ти знaчи aмa и ти си му пoсебнa , не е нештo пoсебен сoнoт дa знaчи нештo ептен лoшo нo мoрa дедoти дa се смири бидејќи имa нервoзи .
значи неколкупати имам сонаво еден познаник и секогаш ко го сонвам се гушкаме. знај некој/а шо значи то?
Сонвав дека дечкото на другарка ми ја запросил и одма после то дојде мојот и го напрај истото и океј бевме јас, другарка ми и нејзината другарка, дечковците не тука, цело мое семејство - брат ми, мајка ми, татко ми и имаше уште некои луѓе в двор кај мене и сите ојдоја кај мртва верверичка ко се појави мршојад. Му реков да се тргнат зошто нели, мршојад е, ама се претвори во шинигами и ги зеде сите како во портал освен мене и мајка ми зошто бевме настрана ама после не седе и нас зошто ојдовме внатре. И на крај, немаше рај и пекол, туку беше место кај шо си ја бараш среќата, дали ако сите шо ги сакаш ти се тука, во смисла фамилија и слично, јас си го чекав дечко ми и паралелно го барав со брат ми ... Хитлер. Не знам зошто ... ама Хитлер. Можда зошто цел ден претходно за него читав. .... ретко сонвам, ама ко ќе сонвам пишам зошто си ја сакам чудноста на сонојте па да ги памтам. Па дур си имам папка со соној тука, можи да ми почни утрото од ко ќе си ги пречитам и си се посмеам. Добро утро и од мршојадо.
У последно време све некои глупости сонувам.Последно беше дека сум се мувала со едно дете.И сонот го отсонував до крај.Знае некој што може да значи или нема врска?
@Someonespecial Спешалке really? @Ketchup Кечо really? А се чудевме кој да вработиме во Астроцентарот