Качена на камион горе со мајками заедно и како мајки да си направи место ме бутна од камион но и јас при паѓање од камионот ја повлеков и неа и заедно паднавме. Што значи овој сон те молам @Ketchup одговори ми?
Ќе ти се случи нешто убаво. Иначе не сите сонови имаат некои значења, некои се потсвесно од некој детаљ на некоја случка што сте ја доживеале во текот на неделата. Значењето на сонот се исполнува највеќе до недела дена, после не.
Еднаш сонував како сум на воено поле, има еден мост пред мене, авиони горе летаат, се води битка на копното и еден излезе пред мене сосема неочекувано испука куршум во мене и јас се разбудив во тој момент. Претпоставувам сум загинал во тој момент и сум бил војник во претходниот живот... Постар сон е ова има 3-4 год. ама во добра меморија ми остана и мистерија ми е до ден денес дали сонував нешто што било или што ќе биде! Во секој случај симболичен сон.
мм сонувал како демек јас сум го изневерувала....а истиот сон и јас лани ова време го снував дека тој ме изневерува што може да значи тоа?
Како сакаш.ама вчера и денеска е задушница.И јас планирам утре,само затоа што денеска има многу гужва,колони и колони од коли.Ми кажаа едни луѓе што се вратиа од гробишта
Завчера сонував дека сум се пораѓала, лицето на бебето не го видов само прашав "зошто не плаче" ? Па се мислев како ќе бидам на породилно а никој не знае дека бремена сум.. Барав на нет,нема некое конкретно објаснување..
Пред некој ден сонував дека со еден нож, на пола пресеков друг нож....многу лесно го пресеков, едноставно како да си играв, ми беше интересно.... и еве пред малку ни заврши другарството со една од најдобрите другарки. Има нешто врска сонот? Или случајност?
Она што сонуваме не е случајност. Тоа е нашата потсвест што не' ремети и ни наговестува што било или што ќе биде преку симболика која ние треба да ја дешифрираме. Обично нож не сече нож тоа знаеме. Со оглед на тоа дека си пресекла нож со нож значи дека си направила нешто невозможно т.е. дека нешто ептен ретко очекувано се случило или ќе се случи. Ете, ти завршило другарството со една од најдобрите другарки што веројатно било ептен неочекуван настан. Некои сонови се само потиснати мисли од секојдневието и не мора да значат ништо. На пр. ако во последно време си во кујна и работиш со ножеви, мозокот ти направил добра илузија и сонувал кај еден нож работи друг нож. Не сум толкувач на сонови, ама ете најдов поврзаност меѓу сонот и прекинот на пријателството. Лесно е да изигравам толкувач кога ги имам сите детали. Да си пишала само дека си сонувала кај што нож сече нож не би можел да предвидам што значи тоа. Вака да, ти ја потврдувам теоријата, сонот има врска со тоа што се случило. Спојлер Според прв Mr.Awesome-ов закон за сонови.
Па и не беше баш неочакуван овој крај Осеќав дека крајот се ближи, осеќав дека нешто не е ок, и затоа сега сум премногу смирена. Воопшто не се потресов околу овој настан, едноставно ми е гајле пошто таа е таа што ми направи лошо...А ми беше блиска...И се доверував, ми се довруваше... Деновиве се повредив на рака со нож, па може и затоа сум сонувала толку ножеви...од трауми де Ама мислам дека повеќе е за другарството. Читав нешто и по странски соновници, пишуваше дека нож значело се обидуваш да избегаш од нешто, да пресечеш нешто од корен...па ете...од корен е пресечено Сепак не треба да им се придава толкаво значење на соновите, ама баш интересно ми падна со случкава и ножевите...многу лесно го пресеков ножот, ми беше интересно...и лесно ја прифатив цела оваа ситуација....така требало да биде
Свежа траума од нож = сонуваш ножеви = perfect match. Got ya @JollyGirl case closed од мој аспект. All makes perfect sense. Гледај поретко да го правиш тоа. Да се доверуваш некому еве вака би го објаснил сликовито: даваш пиштол на таа персона (која после бива non grata) и со секоја информација даваш куршуми на истата личност кои после може да бидат испукани во тебе. Добра ли метафора е ова? Ако да, не давај повеќе пиштол и куршуми во погрешни раце. Јас останувам на мојот прв пост дека сонот сепак бил заради другарството, а инспириран од твојата траума од нож. Твојот мозок преку ножеви решил да ти наговести дека завршува вашето другарство. Ова е уште поперфектен случај. Абе стварно сум бил толкувач на сонови. Во секој случај симболичен ти е сонот. Нож сече нож = пријател оди против пријател. Како требало да биде, така биднало. Се' е запишано во ѕвездите, we just dance како ќе ни наредат од горе. Не можеш против наредба од горе.
Во право си бе, значи сепак мојата свежа траума преку сон ме предупредила дека ќе пресечам нешто цврсто... како што беше цврста нашата другарска врска гледај да си ја промениш професијата... Гледаш ти лежи ова П. С. Јас слободно можам сега да употребам куршуми против неа, ама не сум таква довоно е еден куршум за да и ги заебм цел живот... ам во знак на почит кон цело тоа дружење и време поминато, не правам сега за сега ништо... Или ќе нАправам
Мистер толкувач на сонови. Ме бива не да не, ама не е толку платено ова иако... ако не пробам нема да знам. Можеби ќе има редици луѓе да ми ги раскажат соновите, а јас да им ја претскажам иднината или да им кажам што и како ќе биде. Гледам потенцијал за Тоа што си ја пресекла раката или прстот не знам што поточно навестувало дека ќе “падне“ крв. Како и да е гледај на светлата страна. Еднаш пресечено, никогаш повеќе исто не е. Ова не важи за твојата рака која ќе заздрави и ќе бидеш уште појака, а богами ќе се јачаш и од прекинот на другарството пошто и тоа нема да те убие. Ако повторно сонуваш ножеви пиши тука, да видам што сакаат сега ножевите. Ќе си бидеш добра девојчица така е. За секој случај држи ја на нишан, не ја испуштај. Појде ли да направи нешто да ти наштети, пукааај. Пукај додека не остане ништо живо во неа. Е ова се веќе лоши совети не мораш да ги слушаш и примениш. Keep me posted ако пак сонуваш ножеви. Остра ствар се, без мој совет пак ќе се исечеш затоа контактирај го the dream interpreter.
значи сонвав еден мој познаник. поминвал кај мост, оддалеку ме виде, прво ми мафна и после нешо почна да ми збора, ама јас не можев да протолкувам шо. беше облечен во црна моторџиска комбинација. мојт некој/а да ми го објасни сонов или да го протолкува значењето ако ништо друго?
Нокеска сонував како пливам , можеби беше некоја река или базен,ама толку беше бистра водата, а и ладна,едвај чекав да испливам