Сонував како со другарка ми се возевме со стара кола ми беше многу тешко да возам и застанавме на едно место како пусто беше и таму имаше премногу змии повеќето беја тепани имаја крв други имаше исушени и имаше една жива што ме нападна ама избегав некако и после дури лежев дома почна да ми се снеарнува и си велам леле ќе умрам змијата ме касна и бев на ногата како малку касната од незе и алармот ме разбуди. Знае ли некој што е ова ???
Да се надеваме дека сонот е сонуван во очи на празник,па и он ќе биде празен. Инаку кола,значи кавга,змија душман
Често сонувам како некој ме брка,го гледам како сенка,секогаш на различни места и секогаш е темно.Кошмари ми се,ме будат и врискам па стално го будам маж ми
Вака, сонував како со дечко ми живееме во иста куќа и не истеруваат од таму. Откако сме ја напуштиле куќата, одиме да живееме или кај моите или кај неговите, незнам како точно беше. Но кога пристигаме таму, пред нас се наоѓа капија, и чуварот не прашува што барате вие овде. Ние збунети му кажуваме што се случило, дека доаѓаме кај нашите. потоа сватив дека ние сме отишле на гробишта и се слушаа плачеви.. Што значи ова..?
ги сонував предните заби на долната вилица испокршени , некои многу искршени другите помалце ,не ме болеле , ниту имало крв , што значи?
@Ketchup Сонував како тетин ми направил судар и лежи во кола и јас кога сум го видела одма сум отишла крф да дадам за да му го спасам животот. Што значи сонов?
ја сонвав како со мајка ми и сестра ми сме ошле во грција и сум барала едно типче шо го знам после влегов негде и го видов како спие, тој ти отвори малку очите ме виде и се насмевна знај некој да ми кажи шо значи ова? паѓање на заби значи смрт (во случај да ти паѓале забите со кршењето) а искршени заби ммм шо знам истото значење да не го има? @Mr.Awesome можи да го истолкуваш мојо сон, глеам мн убо си го истолкувал оној со ножевите
Незнам што сака другарот на мм од мене , ама често го сонувам не е до потсвеста , немам време на себе да мислам , не па на него последен пат го сонував вчера . Значи вака : сум била некаде вработена , и требало да одам по децата да ги земам ( од некаде ) , и типов доаѓа кај мене и ми ги носи ми вели еве денес јас ги зедов децата и ја као ок фала ти , се вртам да си одам и ми вика , а нема бакнеж нешто .. ? Одеднаш доаѓа мм и почна да го растргнува другар му , се расправаа нешто , јас се обидувам да ги смирам , за на крај да ме влечат еден лево друг десно ме зграба некако мм останав цела не се преполовив ,ама другарството умре во сонот имаше уште , ама не се сеќавам .. Има повеќе сонови каде овој другарот ме гони ама не ги земам сериозно , штознам . Ете сега ја сретнав темава случајно па да го пишам моево патешествие
можно е нешто да ви фали во бракот или во односот меѓу тебе и маж ти, или па фали возбудата од негова страна и сеа ти во сонојте трчаш по другарму *ти се допаѓа моево мислење (за ова се шалам ама озбилно видете шо ви фали)
Искрено , незнам , не ни фали ништо посебно .. А другаров се како нешто да сака да ми каже , ама , не кажува , во соновиве де .. Бог да чува а за потсвест не е , бидејќи напоменав , немам време да мислам за себе си не па за друг ..
Ако те болеле забите што ти испаднале можно е да имаш смрт на блиски роднини во семејството,а ако,пак,не те болеле,тогаш може да се работи за смрт на некои познајници.Исто така,според други толкувања,може да се работи и за некоја несреќа.Кај мене,пак,кога сонував таков сон навистина подоцна ми се искршија и ми испаднаа забите.Јас,сепак,мислам дека не треба да се замараш и да се оптеретуваш со овој сон,само биди позитивна,ништо лошо нема да ти се случи!
Малку ме болеше и прекина ама потоа се смеев во сонот ради забите а и се чудев...пред 2дена почина дрвојче у комшиии и плус сеа еден комшија е болен под апарати леле не дај боже ама не мислам на тоа мнг мнг
Да кажам прво, многу ретко сонувам. Што значи да сонуваш да се бакнеш со саканата личност (во уста), но само еднаш (вториот пат како да не ми дозволи)? Исто така, имам сонувано (пред неколку месеци) и гушкање со саканата личност и кога престана гушкањето се разбудив (кон 05:45) и многу ми студеше,како да ме фати треска (а беше април месец).
Јас сонував како моите ми купиле диџеј контролер и во сонов си велам:"конечно го имам главното па и друго ќе си проберам со време" Незнам зошто токму ова го сонив,инаку во реалност ја имам таа дарба за диџеј правам музика,ремикси и миксови но се тоа на програми во ком немам диџеј опрема И дали дека премногу пекам(а е прескапа dj equipment ) премногу сакам да ја имам а неможам да си дозволам толку скапо нешто,па почнав и да ја сонувам опремата или пак има друго значење сонов?
Се што ни е во потсвеста го сонуваме ,ти посакувам наскоро да си ја купиш опремата која што ја сонуваш
Не е сон ама секоја вечер се будев во исто време 03:30 две недели по ред. Сега јас престанав , мм почна да се буди во 02:31. Што може да е ова?