Последниот сон ми беше баш чуден . Сонувам како мм треба да оди на мисија надвор од земјава , и сега како се испраќаме , не гушка мене и децата , се качува во авион .. Авионот полета , со свои очи видов дека тој се качи во авионот , видов и дека полета , но за нецели 5 минути го гледам како ми приоѓа од местото каде беше авионот и ми вели : авионот ќе падне на пат до крајната дестинација и затоа не се качив . Несакав да ве оставам сами . Исто пред некоја недела сонував како сум ја земала колата , во сонот имав возачка ( инаку немам ) и отиднав сама да патувам , почнав од Србија , но патувањето кратко траеше бидејќи направив страшна сообраќајка , се видов како летам од колата едно 100 метра , а крв - никаде немаше . Следно на што се сеќавам е дека му се појавив на мм ( дали во сон или го дигнав од кревет не сватив ) и му кажав дека го сакам но морам да си одам .. Бог да чува со овие сонови . Ретко ги сонувам , ама кој од кој побудалести се обавезно мора некој да умре во моиве
Овој сон ти претскажува што ќе ти се случи во иднина. Направи го тоа што го кажала гатачката во сонот... Многу реален сон, богами баш да се извадиш од памет
Пред кратко време сонував многу чуден и реален сон,што многу ретко ми се случува. Сонував како со дечко ми сме отишле во некој етно ресторан,но беше празен и седнавме на маса еден до друг и од карши нас дојде и седна Света Богородица,со блажен израз на лицето цело време ни зборуваше нешто, но јас памтам само како неколку пати ни повтор Летна Богородица,само на овие 2 збора се сеќавам од цел сон.А јас и дечко ми на сонот бевме многу расположени и насмеани. Дали може некој да ми го каже значењето на сонов,јас барав по интернет ама нема вака нешто конкретно за ситуацијата има за иконата ако ти се јави на сон,но не и светица како човек претставена.
Пред неколку месеци сонував страшен сон.Обично ми е страв да спијам сама и во темница ама пошто немам избор па морам некако.Сонував како духојте биле реални и буквално поминуваја низ врати.Толку беше реално што паметам една секунда ги отворив очите и неколку секунди гледав в темница и ги затворив пак продолжив со сонот,ама и ко ги отворив очите беше реално.И некој глас ми рече "Мораш да појдиш в црква" и се разбудив. В црква не сум појдена и ме копка одамна то ,се мислам да појдам ама немам време поради работа а и не сум Македонија. Кога имав 10 години ,на Велигден в црква видов едно машко на моја возраст и се затрескав на прв поглед.Си разменувавме погледи со години на Божиќ ,Велигден,Духовден.Moжам да кажам дека иако го гледав 3 дена годишно се затрескав и не сакав никој во моја близина.По неколку години,во 2009 го најдов на фб и започнавме разговор,станавме пријатели после доаѓаше во моето средно многу често и секогаш се поздравуваме.Од секогаш мислев дека чувствува нешто на начинот на кој ме гледаше.Ја си чекав,тој си имаше женска ,една па друга,ама секогаш со тие посебни погледи.На крај се разминавме и си ја заврти главата не ми ни зборна,врска неам зошто.Е сеа низ годините сум го сонувала само неколку пати и секогаш тоа се изјави на љубов од негова страна.Еднаш сонував како дошол кај мене дома и ми донесе огромни книги за љубов кои опишувале колку ме сакал.После тоа сонував кај што стоиме надвор некаде покрај некој скали,беше ноќ и тој нешто се филмаше и една старица имаше вика си немаш појма колку те сака,не покажува ама од секогаш те сакал,и тоа го боли..така нешто беше..Сеа брзо сонував баш на Божиќ сонував црквата кај што го сретнав и сонцето изгреваше ама на странава што заоѓа,и беше топло и исто така беше Божиќ во сонов..и ми стасало писмо и на местово кај што го читав беше облачно и ладно ама знам дека во писмото пишуваше дека од секогаш ме сакал и сакал да биди со мене уште од првиот момент кога ме здогледал.И погледав на страна го видов него од далеку се смешкаше и после го снема и се разбудив.На 2 различни краја од светот сме сеа ама како и да е на Велигден ќе си напраам 11 години од ко се затрескав. Си имам еден симпатија,кој мисли дека сум слатка а и другар му ми кажа дека многу сум му се допаѓала.Детево е многу интересно,си се смее си пее по цел ден си се зафркава со сите,си имаме по едно здраво.Е сеа претерано често го сонувам,посебно кога ќе го видам и постојано го сонувам како сме заедно или седиме се зафркаваме па ми изјавува љубов.Значи може да се каже буквално мора да го има во мојов сон макар да се појавува и на секунда. Ве молам што можат да значат соновиве?Се обидував да реализирам оти секогаш си ги "проработувам" ама овие сонови никако не можам.Ве молам за мислење.
Поглуп сон одамна не сум сонувала. Вака значи: Сонував дека една девојка тука од фемина(сум начекала некои слики од неа, затоа знам дека е од фемина) останала трудна, но машкото од кое е трудна е од мојот град. Зборувам јас со него ќе стане татко ова она и тој ми зборува дека не е он таткото, туку негов другар(и тој го знам). И овој што зборувам јас со него ми вика но ќе останам јас со неа, демек ќе виделе за понатаму. Што значи ова, знае некој? Не ја познавам девојката, а ја има во мојот сон. Чуден сон стварно според мене.
Девојки сонував како ми паѓаат заби ..Имам слушано дека значат смрт Премногу сум потресена и испаничена верувате ли во сонови во депресија ќе паднам ..Чекам одговор..
Паѓањето на заби во сон може да значи смрт,но исто така и несреќа.Исто и ако имаш расипани заби и шкрташ со забите додека спиеш може така да сонуваш и потоа навистина да ти се скршат забите како во сонот,мене така ми се случи.Исто и кога ми се скршија забите во сонот,по неколку месеци починаа две жени коишто јас ги познавам лично,но не ми се роднини.Исто и ако си имала болки и крварења во сонот додека ти се кршеле забите може да починат некои твои роднини или членови на твоето семејство.Јас,сепак,мислам дека овде се е релативно,така што не треба воопшто да се замараш со овој сон,освен да обрнеш повеќе малку внимание за твоите заби како што ти опишав погоре.Размислувај само позитивно,ништо лошо нема да им се случи на членовите од твоето семејство,ниту,пак,на твоите роднини и познајници!Поздрав!
Немав никакви болки ми паѓаа задните заби шестките..Ти благодарам душо за исцрпниот одговор и утехата
Анализирајте си ги соновите и слушајте ја добро нивната порака,секогаш кријат нешто поврзано со реалноста и иднината! Вечерта,пред партнерот да ме побара за жена си го сонував бившиот кој исто така ми имаше дадено веренички прстен ( долга приказна) и на крај како фаќам гулаб и го носам кај сегашниов! Наредното пладне понуда за брак добив и дури тогаш си го поврзав сонот!
Пред некоја вечер сонував како во центарот на селото има продавница(навистина има сега е затворена) во сонот беше отворена.Со газдите на продавницата сме биле растрчани нешто сме носеле сме работеле.Од спротива имаше машки млади кои беа во црн костум облечени и носеа венци(за починати). Се носеа 10 венци дека десетмина починале. Додека сме работеле нешто во продавницата(роба сме ределе) и имаше невреме,премногу беше страшно. Неможев да си го поврзам со ништо... Хелп.
Сонувам со мајка ми одиме на shoppng и мајка ми вели ајде ќе влеземе во овој бутик има убава гардероба но кога влеговме внатре насекаде имаше само цвеќиња и се качив како на некој подиум да видам што има па некако како кафана да било местото и ја слушам мајка ми вели еве го (име и презиме на газдата кај што била под кирија додека студирала) и господинот исто го изговори името на мајка ми и почнаа да играат. Јас отидов до нив ја фатив мајка ми за рака и ја одвлеков и ме прашува која си ти велам јас сум и ќерка и се разбудив. Што би можело да значи тоа страшно ме интересира. Би Ви била благодарна ако некој знае да го протолкува сонот.
Сонував како се бакнувам со бившиот. Јазикот му беше толку тенок, што мислам и дека почна да се распаѓа во мојата уста. Такви мали делчиња осеќав низ уста, мислам се разбудив од што ми се згади  . Да кажам само дека и предходно неколку пати имам сонувано вакво нешто, но со други. Знае некој што би можело да значи?
Еден другар ме сонувал дека наместо него полагам испит.На испитот сум била многу самоуверена и сум била добар оратор,што дури и професорот се потплашил.Некое објаснување?
Во последно време многу ретко сонувам. Или ако сонувам тоа е некој многу краток сон, што одма кога ќе се разбудам го заборавам. Зошо така?
Јас мислам дека ова не треба воопшто да те загрижува,дека е нормално некогаш да се сонува почесто,а некогаш поретко,некогаш да сонуваме долги,а некогаш,пак,кратки сонови,исто така нормално е и многу често да не се сеќаваме на соновите што сме ги сонувале,тоа дали ќе се сеќаваме или,пак,не на соновите зависи и од тоа во која фаза од спиењето сме го сонувале сонот,ова од лично искуство ти го кажувам.Како и да е,не треба воопшто да се замараш со соновите бидејќи во најголем број случаи тие се само рефлексија на случувањата преку ден или,пак,од минатото во реалноста што се случиле или,пак,се рефлексија само на потсвесните желби и стравови,значи се само една игра на потсвеста!Значи,не се грижи воопшто и не се замарај со соновите,нормално е некогаш да се подолги или пократки,а исто така е и нормално многу често да не се сеќаваме воопшто на соновите што сме ги сонувале додека сме спиеле!
Сонував златни прстени, носев по 7-8 на секоја рака. Едниот бил веренички знам, но и сите други што ги носев од дечко ми ми биле дадени. Значење имаТ?
Брзо ми починаја двете баби. Едната ја сонував пред некое време се вратила назад оживеала некако и јас и викам "Штом се врати ,остани " и оваа само замавна со главата,и по некое време замина. Ноќеска ја сонував другата баба ,лежеше на кревет и и викам на мајка ми "Што бара баба овде?Нели е мртва? " и мајка ми ми вика "Абе се врати,кога умрела срцето сеуште и чукало малку и сега е овде се дури не престане да и чука." и јас се исплашив,а и братучед ми кој има 4 години,го легнала мајка ми до баба ми. И многу луѓе сонувам овие неколку дена ,непознати лица. Што може да значи ? Многу ми е страв кога сонувам вакви соништа.
Eden son za razlicen covek ima razlicno znacenje.Mora samite da gi tolkuvate.Ako za nekoj matnata voda znaci sreka za drug moze e nesreka.Taka i ova so zabite.Iako narodski ostanato i poznato e kako zabite koi ispagaat na son znacat smrt ili bolest, losa slucka, nesreka nemora da znaci. Imam procitano nekade bas za sonot paganje na zabi deka ne znacelo smrt na bliska licnost tuku momentalnata sostojba na licnosta koja go sonuva ovoj son.Deka pominuva niz nekoi problemi, teski momenti imala nervozi toj period.Neznam dali ti se sovpaga nesto i povrzuva so ovoj son.