izvinete za latinica sonuvav Eden son mirna nemozam da bidam sonuvav kako nosam bebe moe mashko idev nakaj doma so bebeto ,a toa radosno nasmeano poubavo ne sum se custvuvala.
Ретко памтам сонови, ама овој од синојќа ми е така свеж, жими се се чувствувам како вистински да го преживеав. Циркуси, цел ден ми се врти во глава и сакам да му пишам да го прашам дали му е се ок во животот, ама нешто длабоко во мене не ми дава. Ајде сонот на кратко, па може некој ќе ми помогне што всушност значи Со другарките сум во кафана, излезени весели со бесвест кога оддеднаш го гледам бившиот со некое ново друштво мртов пијан. Тргнуваме ние да си одиме, а го гледам него одвај на нозе стои, а не пак да вози. И им викам на другарките да си одат, јас ќе го однесам него дома, и ќе си се вратам после со такси Одвај го пикам во кола, го носам дома у кревет кога оддеднаш мајка му на врата. (Инаку никогаш немав шанса да ја запознаам) И кажувам што како се деси и не ми дава да си одам сама во ниедно време во ноќта. И останувам да спијам до него. Се будам и приметувам како раката сум си ја ставила на мојата половина (како он ме гушкал) Оххх боже помогни ми. Како да го извадам од глава? И најинтересен факт, синојќа бил во кафана И?? Што може да значи ова?
Се почесто сонувам некој чудни,глупи или језиви сонови. пред неколку дена го сонував кучето на комшите и нешто се повредило сум го однела на ветиринар и докторот доага го прашувам како е ми вика она е супер кученцата и умреа ама едно остана живо. Во тој момент бев многу тажна ама и среќна зашто ќе добијам кученце. Вчера сонував како сме седеле со партнерот негде со друштво и сеа неможам да се сетам убаво дошла ќелнерката и ја бакнал позади уво и се пуштал јас во тој момент сум збеснала.Станав и почнав да го удирам да му се дерам дека е најголем идиот и кретен и дека не сакам да го видам. Барав за соновиве али поточно нешто нема.Некој знае?
Се сонував во венчаница...лицето не си го гледам дека сум јас, но како да јас ја носам венчаницата. Знам дека не е убаво да се виде невеста во венчаница или самата себе. Се плашам, цел ден ми е мака некакоо...
Синоќа имав некој чуден сон и се исплашив. Кога станав не ми текнуваше на сонот, но ми текна во текот на денот. Сонував дека се шетам тука низ двор во близина на пчелите на дедо ми. И наедна ме нападнале мноогу пчели, бегав и некако сите ми се закација на фаца, ама отпосле многу грозно беше, не изгледаа како пчели туку како некои бумбари, како крлежи залепени на моето лице ужасно беше ... отидов трчејќи и викајќи на цел глас кај дедо ми и тој со раце ми ги тргаше по цела шака наеднаш..ох страшно беше ми ги тргнал и заборавил да ми тргне некоја бубачка од врат и пак сум се вратила да ми ја тргне...целиот сон ми беше језиво и ужасно и сега се згрозувам од помислата. Баш сакам да знам што значи..ако има некој на форумов што знае да протолкува сон ќе бидам благодарна
Проверив на фемина соновникот и вели : Убод од пчела -> Некој ја злоупотребува вашата доверба. http://www.femina.mk/соновник/убод
И јас.. можеби нема да ви се верува, но се случи да сонувам дека дедо ми е мртов, а утредента дознаваме дека сестра му починала.Можеби е само случајност но се деси и по 2 пат..Нон стоп сонувам чудни работи, свадби бременост погреби.
Сонував ужасен сон кој прилично ме потресе....Дедо ми и баба ми се починати, со нив имав неверојатно блиска врска и многу често ми се јавуваат на сон....Овој пат ми соопштија дека починале, како да биле живи претходно.....Се убив плачејќи во сонот но и кога станав .....Некое значење, некој ?
Во петокот вечерта на 26 мајка ми кога се врати од работа ми кажа дека нејзината газдарица на истиот датум сабајлето ме сонувала мене како сум стоела во огромен двор и сум плачела и сум се дерела на цел глас мислиш ќе ме кољаат. Позади мене имало некоја стара ниска куќа а пак околу мене еден куп змии, најразлични. Не било ни ден ни ноќ(или се замрачувало или се разденувало). И како газдарицата и мажот и се приближиле со колата со вклучени светла накај мене и и одма се разбегале змиите. Тоа е се што ми кажа. Се наежив искрено, знам дека змиите симболизираат непријатели но не знам каква врска има газдарицата со нив. Е сега втора работа на истиот ден откако се вратив од факултет и си легнав да спијам околу 17:00 часот сонував како се наоѓам во нечија куќа. Во собата каде што бев беше повеќе затемнета одошто осветлена. До мене беа три суштества минијатурни кои наликуваа на луѓе. Одеднаш се појави црно нешто со просечна човечка големина и побара од мене да направам нешто(не знам што точно пошто не се сеќавам баш) и ми се закани дека ќе ми се деси нешто лошо ако не го сторам тоа веднаш. Трите суштества ме одбранија од црното нешто и во истиот момент почна да се осветлува просторијата, а црното го снема. Воедно чувствував и страв и олеснување. Кога се разбудив веќе беше стемнето. Секогаш ми викаа не се спие на зајдисонце, мн. пати ги имам прашано зошто ама не ми кажаа. Е ова не можам да го објаснам. Кога бев 3-та година средно не можев да заспијам навечер поради тоа што стално сонував кошмари. Само што ќе ги затворев очите ми се причинуваше како има некој во собата и ме њабљудува, не можев да се помрднам. Потоа и почнав да сонувам како некој ме дави и снемувам воздух повеќе вечери. Беше мн. реално и морбидно.