Последно време почнав да сонувам нешта кои ми се остваруваат, а и многу добро знам дека не се работи за "Дежа ву". Ми е страв, и несакам ова да ми остане како трајно..
Само што станав и одма да ви пишам. Сонував дека се возиме со кола со другарка, потоа се возев сама со тротинет низ улица каде што живеам и некаде пред крајот на улицата живее еден мој другар. застанав тука и ми викаа зошто неодиш ( а јас сакав да одам да купам пица, но во животов имам проблеми од бившиот па несмеам многу да се движам сама ) но тоа нив не им го кажав си заминав. после тука во комши имаме еден што е женет за жена од албанскине села и ние цело семејство одиме кај нив. и почна да идат луѓе. и еден маж беше застанат на прагот од една врата а пак мајками свртена со грбот кон него. и кога гледам чоекот ја гледа мајками во задникот леле кога почнав да викам да го удирам човекот а тој ми вика смирисе мајкати е извалкана одпозади истресија и коа гледам вистина она се допрела негде. и сеа главното нешто хахаха со две другарки стоевме пред портата на една куќа тука во населба и излезе еден убав тип и еден постар чичко и почна да се снимат нешто а пак овие 2 другарки мој му застана во позадина и тој убавиот им се сврте им вика тргнетесе а мене ми се насмевна така убаво нежно. е сеа доаѓа татко ми со кола и се паркира тука пред портата а работата нешто беше како за плин полнење за колата така нешто а ние во меѓувреме правиме муабет со тој убавиот тип за книги читање и јас му викам дека немам такви книги и ме прашува така потивко дали имам библија и јас му викам имам и вика тој епа читај ја ( а јас почнав да ја читам книгава стварно негде април месец пошто бев во лоша состојба и барав мир и отогај немам ништо прочитано ) и влеговме внатре во куќата со таткоми и имаше како канцеларија а ние во просторијата седевме леле бе како ми се пулеше тој ааа и направија муабет со тато и си заминавме и доаѓаме дома и мене ми заѕвонува телефонот ама знаев дека е тој ама не кренав. После повикот ми стигна смс порака и на почетокот пишуваше нешто ве замолувам да го дознам вашето име , долга беше пораката но се разбудив и само тоа го прочитав. Што мислите, убаво е или лошо?
Сонував како некој ми пишал на фемина. Долго време не пишиме. Абе реферати ми изнапишал неможев да се доначитам. Баш се изненадив
ВЕ МОООЛАМ некој толкување. Вчера го видов овој мојон, тоа е пак доолга и широка приказна, со друга девојка како шета, и таа ја имаше потпрено раката на неговото лево рамо и така одеа. Се поздравивме само и си продужија.(Ви велам, долга и широка е таа). И сега, еве пред малку сонував глупости. Седевме во една просторија, веројатно училница, и еден професор што инаку не ми предаваше(само што завршив средна) ама се знае со него, и му вика "И ја покажа тетоважата?" И овој вика не. Ја соблекува мајцата и на левата рака, незнам како точно да ви објаснам каде, ама скриена беше тетоважата, вака кога ја крена раката се наоѓаше некаде на задниот дел на раката и продолжуваше накај градите, ако можете да доловите од прилика каде. Тетоважата беше мачка свртена со грб(црна со малку бело кај главата, се преливаа боите) и опашката и беше од пердуви на був, и имаше крила од страните ангелски, ама во сонот и тие беа од був. А потоа се сврте и имаше и друга страна од тетоважата и од напред мачката имаше лик од тигар. И ја гледав како анимирана се движеше, во една секунда така беше во куче претворена ама веднаш се врати во тој спој од животни. И сега паметам дека бев многу фасцинирана во сонот од тетоважата, премногу ми се допадна, а и сега вака кога ке се присетам, навистина беше преубава. Само, одкако разгледав по соновник за животниве некако страв ме фати, бидејќи навистина е необичен сонот и имам некое претчувство дека има некакво значење. Од се срце ве молам некој нека ми каже што како би можело да значи?
Ноќва сонував како премногу плачам..неможев да земам ниту воздух, бев премногу лута пискав... Мислење?
Обратно е во реалност. Напротив, ќе се радуваш ќе бидеш нешто среќна. Исто и јас имам сонувано вака неколку пати, ништо страшно не се паши
Јас сонував како едно типче (што сега брзо дознав дека ме свиѓал, а исто и јас го приметував тоа) и на сонов ми подарува мало букетче цвеќиња: "Еве повели земи ова е за тебе" И јас си го зедов и најдов детелинка со 4ливчиња во букетчето. Потоа цело време беше околу мене детево и редевме многу муабети но не паметам се само делот каде што му реков: "Па дојди до кај мене кога ќе ти е досадно и онака сум сама дома постојано" хаахах паметна ...
Сонував мн чуден сон, јас бев во венчаница моја свадба, деверот ми стави огромен златен ланец и прстен имаше на ланецот, гости полно кај мене дома ама музика немаше ко прашав кај е музиката таткоми ми кажа дека комшијата наш требало да ги информира музичарите ама заборавил и без музика ќе е. Јас се преплашив и се разбидив. Некое толкување некој плис
Постојано сонувам дека сум во тоалет. И обично некој друг ми влегува па го терам да излезе.. Што значи? Ама илјада пати го сонував ова...
Наверојатно си го сонувала затоа што често ти е во мислите. А за букетот имам слушнато дека значи понуда подарок такво нешто, но немора да значи дека е од истата личност. Сепак, можно е, па со среќа.
Сонував маченце мало како дошло кај мене било мое така го осеќав во сонот. Мачето се понашаше како човек се држеше на задните нозе и ме гушкаше мн слатко маче беше. Додека ме гушкаше му викав леле види го ти него сака да се гушка во сон осетив чуства на топлина,љубов ,дека не сум сама. Што би можело да биде?
Ноќва сонував како се возам во комбе низ некои села (не возев јас)... Па потоа како ми ја одзеле возачката па требаше повторно да полагам, па имав страв.
Сонот беше подолг но само паметам како на керка ми и беа извадени обетките па требаше пак да и ги ставам,но ушите како да и беа зараснати и тешко одеше,ги ставив дур потече и крв неколку капки,и после видов дека не се нејзините златните што ги имаше ами беа како сламки од сено . Сонов ме вознемири а не можам да усогласам со он_лајн соновниците
Јас па сонував како чистам пржена риба од коски, абе неможев да ги дочистам коските и неможев да јадам...
Сонував како сум се возела со другарка во автобус и онака среќни двете јас сум скокала сум се смеела, многу бев среќна во сонот и се разбудив цела таква окезена и среќна. Дали можеби некој знае што значи ова?
Ми се има и на мене случувано така да сонувам. Ништо не значи, барем јас немам ништо посебно приметено да ми се деси а за тебе незнам зависи и каква ти е ситуацијата
Јас сонував многу страшно нешто плачев многу дури се разбидив уплашена утрово... Плачев ради тоа што дечко ми ме оставил сама а сме биле заедно негде ма одмор и се се сместивме и тој излезе негде по потреба и нормално да се врати ама за тоа време некои го прелажале нешто неточно за мене му кажале и тој ми се налутил и не дојде не се врати... Јас како што чекав се позагрижена каде е и плачев и после ми кажале дека си заминал и јас бетер почнав да рикам да пиштам незнам што би значело, секогаш не се сонува вакво нешто. Прв пат ми се дешава.