Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Сонував како возам кола со 7 брзини. (сеуште немам возачка)
    И како предниот заб ми се скришил и се дига нагоре кон непцето но пак се спушта. (А имам слушнато дека лошо да сонуваш заби.
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Незнам што ми се дешава со соновиве во последно време.. :^) Сонувам многу сонови во една ноќ а сите ми се ѓаволски испреплетени и на некои начини вознемирувачки за мене. Еве завчера ли беше сонував (ова беше највпечатливо па го запамтив) прво сум била во кујна кај мене и сум седела на стол и сум се расправала со татко ми страшно, сум му се дерела, нервоза ми извираше од мене, а он уште повеќе и наеднаш сум станала сум му се раздрала нешто, сум му рекла што ти е бе на тебе, и јас сум дете, потребно ми е тоа, сакам да излезам, ништо не сваќаш и нешто така.. А братучетка ми била на столот каде што јас претходно сум седела и здрвено и чудно ме гледала.. И после сум влегла нервозно во моја соба и мислам брат ми беше седнат на компјутер и јас сум седнала на печка до него и нервозно сум му раскажувала за некоја девојка што направила. Е сега незнам од каде излезе таа девојка, ама некако се чувствував како таа девојка да сум била јас и како да сум раскажувала за себе. Сум рекла дека девојката побегнала од факултет, за во шест часот (сабајле! :!: )
    да има секс
    со некој што силувал шест годишно девојче :!: И девојкава си ја гледам во глава како раскажува дека тој бил многу блед и не бил убав. И видов како девојкава од подалеку на некој паркинг ли, што ли, имаше коли и комбиња му бара број или нешто да го исконтактира дечково и овој и дава, оваа го зема ливчето и некако направи некоја насмевка и побегна, истрча до едно комбе и овој почна да трча по неа и ја фати за рака, а оваа чудно се смешкаше. Не беше уплашена и не бегаше од него. И тогаш му го видов лицето на овој, имаше капа и не беше толку блед, туку баш беше симпатичен...


    А вечерва сонував како било приквечер и сум отишла во улицата на тетка ми, и сум сакала да видам нешто кај нив дома или во двор, да проверам. И никој немало дома, јас сум видела што ми требало, сум земала ли нешто и сум излегла. И тогаш сум си тргнала да си одам кога некој зад мене викнал. Чекај, стој, ееј ти! И јас сум се затресла и сум го забрзала чекорот. И човеков рекол, чекај, чекај. И јас тогаш сум се свртела и овој рекол каде беше ти, што бараше кај нив, кај Митко и Станка (нели измислени имињава :lol: ) И јас сум се обидувала да му објаснам дека тие ми се тетин и тетка и ми требало нешто да видам и да проверам а овој не и не, не ми верувал. ( инаку човеков беше 50 години..така нешто.) и ме однел 2-3 куќи после тетка ми и рекол на една жена, еве ја оваа, што прави, влегуваше во нивниот двор. И жената насмеано ме погледнала и јас реков, бев кај Митко и Станка, тетин и тетка ми се. И она рекла знам, знам добро и се насмеала пак. И човеков се изнервирал нешто, па како тоа.. И женава потивко ми рекла, не се секирај, остај го овој, малку е.. и повторно се насмеала и човеков си отиде а јас си продолжив.


    Ако не ве мрзи да ги читате моиве реферати :$ и ако знае некој што значи ова?! Стварно ме вознемируваат соновиве..
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Јас сонував дека сум добила срцев удар. Ама беше премногу реално. Рипнав преплашена и не можев да дишам. Дечко ми ми рече дека он ме разбудил кога си легнувал и јас сум рипнала. А што ако не ме разбудел?
     
  4. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    64
    Ах сонови,сонови ...
    Па вака јас сношти сонував како повеке сонови сето измешано но ме плашат :( ја сонував сестра ми дека косата и е фарбана,шатирани или незнам како и беше (таа има плава коса природно и никогаш не сака да ја фарба)фарбана посветла и како да сме биле на гости кај едни роднини па таму беа сите теткими сето беше гужва па си идевме од таму насмеани и снами од брачедми (тие веке имаат две деца )на сонов беше бремена како со второто бремена, а првото беше поголемо и до нас си стоеше ...и како што си идевме со мајками како да мсе оделе пешки па до една кука застанавме беше голема изградена многу беше висока како на едни комшии да била си ја реновирале ми вика мајками бидејки нивната им е стара па сега ја реновирале и сето беше измешано...после како да ми се префрле во друг сон и на гости ми дојде една другарка со која немам муабет па седела кај мене и како да оделе на некоја трка па се натперварувале збирале пари и сето ми беше измешано не се секавам баш како беше но во сонов ми се појави едно дете кое ми е симпатично не немам муабет а сега во сонов сум зборувала со него па ми се смескал ИТН...сето ми беше измешано ако некој знае нешто што означува соништава нека ми пиши :)
     
  5. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    дечки да ве прашам зошо цело време сонувам толку многу,ми се случува да сонувам по неколку сонови 5-6 па дури кога станувам сум целата изморена од спиење? :( :( |-) |-)
     
  6. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Во соновник видов дека бремена жена значи болест, а за обоена коса пишува- ги лажете пријателите.

    Инаку јас сонував како сум отишла на фризер само малку да си ја потстрижам косата, а ми ја стрижале ептен кратко, а после знам нешто забот ми се клатеше.. Видов во соновник и за кратка коца пишува смрт на пријател, а и заби мислам дека е лошо да сонуваш.. :(
     
  7. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Инаку јас сонував како сум отишла на фризер само малку да си ја потстрижам косата, а ми ја стрижале ептен кратко, а после знам нешто забот ми се клатеше.. Видов во соновник и за кратка коца пишува смрт на пријател, а и заби мислам дека е лошо да сонуваш.. :([/quote]

    Мене ми имат кажувано дека кратка коса е дека ке ти олесне, грижите ќе ти се скратат :)
     
  8. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас си ја сонував сопствената веридба, но со оној кој го сакам а никогаш нема да биде мој.
    Јас ова си го протолкував како тоа може само на сон, а не и на јаве. :D
    Може има друго значење....Инаку во сонот тој е многу среќен што ме има мене многу сме вљубени, тој оди и вади албум од мене како малечка со сите мои фотографиии и по цел ден ме гледа.
    Ох зошто ова не беше јаве :inlove:
     
  9. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    64
    Сношти сонував повторно многу народ како да правел братми веридба па сите бевме во дворот од цркавата(нашата)и јас сум ставала на мојата рака прстени златни и многу ме плаши сонов :( ако знае некој да ми протолкува слободно нека пиши ...
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сонував како се карам со некогашната најдобра другарка(со која не зборувам долго време веќе можеби 1-2 години) нешто цел сон се карам со неа,пробувам да ја одбегнам но постојано викаме една на друга :^)
    што би значело .....?
    ААА :!: да сонував ПАК како таксист сака да ме силува :^) амн веќе кошмари само :x :puke:
     
  11. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    деновиве премногу сонувам, и повеќето сонови ми се со дечко ми, како не му верувам, го испитувам, како го фатив дека ме изневерува, дека на моб го барала некоја девојка, му пишувала. знам дека ми е од тоа што секој ден мислам на тоа дека можеби ме изневерува, но би сакала да знам што значи. и да уште ова баге, сонував како сум се здебелила, и мајка ми ми викаше, види како си се здебелила... толку памтам (од утре ќе земам да ги пишувам соновите, уште од в кревет, бидејќи после 10 мин ги заборавам :| )
    Баге, те чекам :$ :*
     
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Вака, сонував како во една зграда во која наводно јас сум живеела ми изгорел домот. Јас бев со мојата фамилија и се спасувавме од пожарот. Имаше пожар на сите страни, многу беше језиво :worried:

    Што би можело ова да значи?
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    На сон го доев сопственото дете , новородено.Чувството беше пријатно. Во истиот тој сон се појави една екс другарка , неможам ни така да ја наречам ете толку ја мразам сакаше да ме оддалечи од него.

    Може некој да ми протолкува ?! :?:
     
  14. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Во соновник пишува дека голем пожар означува големи невољи. Но ако си сонувала дека пожарот на крајот бил изгасен или ти си помагала во гаснењето, тогаш тешкотиите ќеги совладаш без поголеми последици.
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Новороденчето е знак за слога во бракот или во љубовта. А екс другарката ако се протолкува како непријател значи дека ќе се смириш со некоја личност, но ако во сонот си била во конфликт со неа очекувај губиток или тешкотии на работа.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев сонувала како седам во некој парк со друштвото и таму бил и мојот бивши со кој инаку во вистинскиов живот не комуницираме воопшто. И сега почнал да збори со мене фино, ме прашувал како сум, што има ново, дали сум фатила дечко... и јас сум му рекла дека сум single и сум го прашала тој дали има девојка и тој рекол: „И јас сум single, супер си се најдовме!“ и така целиот насмеан како да сакал пак да имаме нешто.
    Што може да ми значи сонов?
    А не знам дали сеуште ги имам истите чувства кон него, само знам дека сеуште така... ми значи... :worried:
     
  17. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Пред некоја вечер сонував дека имам дечко...ама не можев да го препознаам кој беше...некој непознат тип...а иначе сум сингл...а онака баш бев хепи во сонот :D има некакво значење ова? :$

    а исто така следната вечер сонував како се бакнувам со некој.... не ми текнува што значеше бакнеж?
     
  18. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Iako vo posledno vreme i ne sum spiela mnogu i veruvam vo toa deka sonovite se del od nasata potsvest za rabotite koi ni se slucuvaat vo sekojdnevieto i del od nasite zelbi i stravovi ...
    Sepak postojano go sonuvam istiot son deka se okolu mene e laga,deka site me lazat i zad grb mi se smeat i deka celo vreme kako da sum del od nekoja pretstava i koga ke se razbudam cuvtvuvam tezina i tegobi vo zeludnik...
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сонував како со сестра ми во влезот од зградата пронашла кутии и ми вика : Дадо јас долу најдов едни кутии во влез од зграда..И јас и велам: Епа земи качи ги бе да си ги земем ние додека некој друг не ни е ги земал,па што многу те е гајле чиви се...И сестра ми ги качува и ги отвара пред влезот од станот и од кутиите пагаат еден куп книги и тоа :!: се нови убави книги како од рафтови од книжара...И тогаш јас и викам абе толку многу време си чекам награда од таа издавачка куќа и никако да добијам ее ете сеа ми се посреќи....
    Што значат книгивие бе :?: :^)
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587