Што значи да сонуваш диносауруси, ме бркаа меѓу куќи се кршеа само да ме најдат, а јас бегав ве молам за одговор позз
Сонував дека на рачниот часовник што го носам ги нема стрелките и бројките, сама така беше без бројки и стрелки. празна површина. има некое значење?
Сонив чуден и премногу страшен сон. Сонував дека над мене има некој човек кој имаше црвено лице околу устата крв и мн страшни заби кои исто беа со крв. Се обидуваше да ми каже нешто и сакаше да го викам господар. Премногу бев исплашена. Се разбудив и потоа пак заспав. Го сонив Исус Христос.
Сонував некој тежок сон побарав на соновник не најдов нешто поточно за самиот сон. Ја сонував бабами која е почитата повеќе од 5год. Сум отишла на некое место да ги барам нејзините алишта од некои луге сум отишла таму и сум викала дај те ми ги алиштата сум ги собрала и по пат во кола гледам дека не се нејзините и доаѓам до бабами и викам бабо овие не се твоите извни ама еве одма ќе одам и ќе ги донесам. Бабами на сето ова ништо не ми рече само ми направи некоја фаца која ја прочитав како се е во ред не се грижи не се плаши. И толку
Јас обично кога сонувам мртовци одам на гробишта и им палам свеќа. За да го протолкувам сонот не би можела.
Она од сите внуци мене најмногу ме сакаше дали дека бев најмала али и бев омилена внука и многу често ја сонувам од кога умре.Читав на фемина соновник али не најдов точен заклучок нешто имаше ќе се разболам и некоја среќа ме очекува така да што ќе биде ќе видиме пошто веќе бев болна до пред некој ден настинка лоша.Дури еден сон се случи вистина да биде може ова нема да ми биде за тука ама ќе го пишам Таткоми и тетками идат на гробот на бабами да запалат свеќа и по едно кафе да испијат.Али таткоми и тетками пијат кафе без шеќер,а бабами пиеше со шеќер и тогаш во една чашка како што е по обичај оставиле кафе малце вечерта бабами ми доага мене на сон лута што да ти кажам ми вика дај ми го шеќерот ваму и јас ама бабо тебе не ти е добро јас ќе ти дадам шеќер и она не јас можам сама.Другиот ден го кажувам сонот дома и таткоми лелеле па ние не и ставивме шеќер на бабати во кафето. И тогаш се ми беше јасно зашто бабами ми викала во сон
И јас ептен верувам во сонови, многу ми се имат исполнето. Па пед некој ден ја сонував баба ми, ама во мојот случај и барав помош и викам помогни ми те молам неможам повеќе да издржам, а па од друга страна носев бели чорапи. За арно нека е, па ќе видиме.
Добро е што биле бели чорпи според мене. Ќе ти помогне верувам. За чорапите еднаш ја сонував како ми викала дај ми нешто покриј ме ладно ми е многу и сум и рекла па бабо покриена си имаш и чорапи на тебе чорапите беа црни па така да купив чорапи и раздадов.
Да, и јас тоа планирам, да се спасам од ситуацијава, да поминат овие тешкотии и планирам да и одам да запалам свеќа, како што е редот.
Сонував сон, како на два дела поделен. Првиот дел: се сонвав себеси како кога бев помала, а исто и сестра ми. сум ја носела нејзината бела блуза со куси пантолончиња. и така облечена, со неа појдовме до најблиската црква таму пак ко дојдовме, ја погребувале нашата комшивка (која во реалноста е жива), мн мажи вклучувајќи нејзиниот сопруг и баба ми биле таму. некој од маживе со него го носеле ковчегот, арно ама ковчегот бил отворен и ко шо е крупна ова комшивкава левата рака и тежела надолу. мене ми беше гадно да гледам и се свртив настрана. п.с. сабајле беше...п.п.с. (не знам дали ќе значи ова ама нејзиниот маж 3-4 пати го имам сонвано како мртов, а во реалноста и тој е жив). Вториот дел беше зима и мн ладно. јас, сестра ми и вујко ни бевме на одмор кај шо летував годинава малце врнеше снег. од кај бутката на пристаниште купив ѓердан. (е сеа има еден тип шо ми го скрши срцето а мн го сакав ) тргнав накај местото кај шо работи. ко тргнав ми падна ѓерданот и се распадна. дел успеав да соберам а остатокот исчезна. ко стигнав таму, ги видов неговите и девојка му....и то шо го соберив од ѓерданот ми падна и исчезна...маѓично по некое време, дојде еден црнец со делчињата од ѓерданот. во истиот момент го видов тој шо ми го скрши срцето, како иди навака. избегав. Можи да ми кажи некој толкување?
а останатото? погребот, распаѓањето на ѓерданот и наоѓање на деловите, тој со девојката и неговата фамилија, црнецот, овие некако најглавните ми се
Па најверојатно дека нешто од минатото ќе ти се наврати пак. Сега вака аматерски зборувам, може и да не е така.