еве го мојот вчерашен сон Елена ми се јави и цела ден си поплакувам. kako svetlina silna i mislam deka elenka bese so golemi beli krila vo belo i mi vika cekaj nesto da ti presmetam i i velam daj da ti pomognam i mi vika ne ostaj sama si mozam samo da ti presmetam ce vidis i mi smeta i mi pokazuva kalendar ama od daleku i velam de poblisku ne gledam i mi vika ce vidis naskoro ce ti se sluci nesto i vikam daj da te gusnam i se doblizila sum ja gusnal i so nasolzeni oci mi rekla mnogu mi nedostasuvas
Што значи да се возиш во автобус но не класичен туку беше внатре како оние масите за состаноци во сали, округла маса столици, позитивни луѓе ( со кои се дружев одамна но не останавме многу во контакт) зборење на телефон,планови за бизнис, а пред тоа едвај го стигнав автобусот и се запознав со едно девојче и нејзината баба( а по пат запревме во една прекрасна куќарка зеленила, дворчиња, дрва со овошје и тука имало баба која не посоветува кај да одиме) па заедно трчавме по пат за да стигнеме.
Ми се мешаат соновиве, сонував дека јас лежам во кревет, и ми влага брат ми во соба и ми носи железен бокс и го витка со тоалетна хартија, и сеа не се сеќавам дали зборевме нешто, и ми го остави наспроти нозете на едно како биро.
Некој да ми толкува барем нешто од сонов ако знаее! Се сонував како со татко ми и и наш семеен пријател сме седнале во некој ресторанче, но јас сум седнала две маси пред нив сама, после тоа доаѓаат другар/ки од средно училиште што учевме заедно. На масата имам оставено телефонот, паричникот, и пијачката што ја пиев. Кога погледнав на масата на која сеедеа тато и пријателот, видов дека има многу луѓе во кои само ги видов мајка ми која беше свртена со грб и до неа седеше една жена со мало бебе кое го нишаше, до жената седеше братучедами ( заради која имам проблеми) и ми зборуваше нешто и ми правеше фаца како во типот гледај ме што ти зборувам. Но, јас се свртев кон другар ми и му викам види ја ми зборува нешто. Потоа до мене седна една другарка. На масата ни дојде една жена така подебелка која носеше еден железен сад полн со ситни пари, а во другата рака нешто како листови бели. Седна на масата и ми вика ќе ти гледам тебе, сама ми го отвори мојот паричник што беше на масата го сврти наопаку и ги зеде само железните пари што ми беа во ќесето, а јас цела збунета си мислам дека ми ги зема сите пари што ги имам. Ги отвори тие лисјата и ми викат ќе ти гледам за школото нешто. и јас и кажувам ама јас не сакам за тоа, имам еден проблем, многу голем проблем гледај ми за тоа, та се согласи, и нешто како многу тивко ме прашува дали по своја воља сум била со него, дали сум дозволила сама некои работи, јас како да не ја слушнав убаво и збунето кажв да, да... и другарка ми кажа ништо нема да поминит, лошо ке бидит, а жената со повисок тон одговори, ќе поминит све. и ги вртеше лисјата. И после таа замина со железните пари и со лисјата, се врати одма со долг мантил и ташна во рацете и ми рече, ќе си ја земам ќерка ми и ќе си одам. Само што замина таа, јас веднаш го отворив паричникот да видам дали ми ги зема сите пари, но беа земени само ситните пари, а книжните стоеа. А внатре имаше едно ливче и еден плик. Го зедов ливчето бидејќи беше помало, на него пишуваше некој букви како Ј, М, У,О и уште нешто со зборови но не памтам, а во левиот агол пишуваше со здебелени букви, само уште две недели те делат од убава вест. И се разбудив, збунета и среќна. @orevka Да ми протолкуваш нешто знаеш? Или некој друг? Мое мислење, бидејќи имам многу проблеми, нервози и т.н. мислам дека некое предсказание ми е дека треба да издржам уште 2 недели. А, ова со париве, да го сватам како зборови или дека ми ги зеде ситните пари значи дека ми ги земат и проблемите и нервозите, а ми ги остави книжните пари што значат радосна вест за кратко време.
Сонував бебе машко мое било сум го мачкала и галела по грбчето а тоа мафта со рачињата и беше мн среќно. Некој ако знае да ми помогне во врска со сонов
@orevka Па имаш некој околу тебе што е, но не ти посакува добро. Варди се! Сигурно ти посакува лошо, може да те наседни, не верувај на секого.
@orevka имаш ли некој период од животот кога некој зависел од тебе, кога си се грижела за некого, без разлика дали дете, родител, пријател? Може на тој период да се референцира сонот. Размисли дали има некои делчиња од сонот што би ги поврзала со некој период од животот. Или можеби пак некоја несигурност да чувствуваш за нешто, недовеба, еве како што рече не веруваш никому, може тоа ти се одразува во сонот. Некој скриен страв или потреба за грижа, внимание.
Имало порано таков период али сега сонот беше само во една соба си го галам бебето грпче и смење толку
Можеби има нешто од тој период што ти давало сила која сега ти е потребна за да се справиш со нешто. Не знам искрено, харикирам тука... Секогаш се обидувам на некој таков начин да си ги интерпретирам соновите. На пример, еден период кога се чувствував тешко и почна да ме фаќа анксиозност редовно сонував другарки кои не сум ги видела одамна.
јас пред недела дена ја сањав сестра ми како паднала од балкон и лежела на земја жива ама во тешка состојба и дошла брза помош ја земале ја сум се утепала од плачење а татко ми бил таков лабав ич не бил загрижен следен ден на јаве ми врти сестра ми ми бара пари немала скршен денар за одмор за џепарлак татко ми не сакал да и даде па ја и дадов голема пара :/
@La.loca @orevka машко дете е анѓел а женско е ѓавол. Не верувам во соништа но постарите вака толкуваат машко/женско бебе
Кој во соништа верува е исто како да се обидуваш да го фатиш ветерот или да побегнеш од твојата сенка -цитат од Библијата
Верувам и ќе верувам. Затоа што преку секој сон, ми се јавува светецот. Ми кажува дека е до мене, дека не треба да се плашам. На сон на блиска личност која многу патеше во животот од нејзиниот свекор и се јавува на сон Светица со мало бебе и и вика ти невесто дај му сон на детево мирно да спие, познаничкава му дава сон на бебето, утрото ги разбудила свекрваи и рекла, дека починал свекор и. Никој не може да ме убеди дека не се вистина. За секој случка имам предсказание во животов. И секој сон си има своја смисла.