Го сонував бившиот ауф колку беше реално!! А не сум го помислила нити видела пред некое време ме додаде на фб,ама... неможам да опишам какво ми беше чувството кога се разбудив,се ежам
Запали си свеќа очигледно имаш сонувано баш на Св.Петка 8ми август е празникот беше тогаш вцрква или имаш забораено да појдиш? Јас за Богородица ме подсети неколку дена пред празникот да не заборавам да појдам
Знам како ти е.. јас слично сонувам и се плашам да кажам пошто наредниот ден или понаредниот најдоцна до 1недела чоекот е мртов.. и ми е страв да кажам пошто можи да ме напраат ненормална ама досега преку 10луѓе шо ги познавам блиски далечни сум ги сонувала па умреле некои болни а некои и потполно здрави :/ :/
Сонував како седам во едно кафуле со еден тип што го познавам. Одеднаш легнав на една софа до нас, и се покрив со јорган. Тој исто легна и се покри со истиот јорган само спроти мене. Откако се испружи, почувствував дека со стапалата ме допира, како да сакаше да ме закача. Знае ли некој да ми го протолкува сонов?
Па, како што се одвиваа настаните , ни П од пари ама затоа пак здравствени Проблеми,загуби и Предавства, Празнина
Јас ноќеска сонував некој чуден сон. Додуша не беше кој знае колку чуден ама необично се чувствував во сонот. Божем требало да одам на некоја свадба ама сум рекла дека не одам. И наеднаш се наоѓам во гужва, демек на свадбата . Луѓе одат на сите страни, музика гласна. А местото не беше како сала за свадба туку како некој маркет. А невеста и младоженец не видов. Гостите сите дотерани, средени , со фризури. И наеднаш доаѓа до мене една жена и ми дава блуза спакувана демек еве ви подарок маичка иако не се пријавивте за наградната игра. И само ја кревам главата и гледам пред мене луѓево се буткаат сите за маици. Мислам дека беше плава боја маицата што ми ја даде и гледам едни девојчиња имаа црвени маички. И јас им викам може ли да ја сменам, дај те ми и мене црвена оваа ми е мн голема. И една постара жена вика еве јас имам една тука ама не е црвена бордо е . И јас викам не е важно, дај ми да ја видам. И кога ја отворив блузата, целата искината со дупчиња , стара, изветена.. И викам добро не ми треба, оваа ќе ја задржам. После тоа не знам што се случи ама луѓето почнаа да си одат. И јас како да сум седнала на некоја фотеља или кревет, не знам што беше. И се погледувам, кога ќе видам умрев од срам. Сум била облечена во пижами. И тоа стари пижами, избелени. Дури во сонот ми текнува дека овие пижами ми се како помала што ги носев. Веќе не ми се ни точни. И сум се стуткала јас на еден крај, зошто ми беа мали пижамите а + тоа и престарени за да не ме гледаат луѓето. А тие сите дотерани, и поминуваат покрај мене а никој ништо не ми вика. Како да не гледаат во што сум облечена, а мене ми идеше да пропаднам во земја од срам. После тоа сите си отишле, јас се најдов на некое друго место. Во некоја нова куќа. Ама после се разбудив и не се сеќавам што понатаму.
Мене соништата многу ме мачат. Скоро секоја ноќ сонувам. Но еден сон ми остана во сеќавање што неможам да го протолкувам. Сонував како сум била кај баба ми и дедо ми дома (баба ми е почината). И одеднаш почнаа сите работо во станот да се поместуваат, како да имаше духови. Потоа Надица (мојата најдобра другарка) се појавува во сонот и седнува на креветот од левата моја страна, а од десната седи баба ми. Јас и ги држам рацете на баба ми и плачам и и викам дека се ќе биде добро. Надица ми ги брише солзите и одеднаш почнува да дува силен ветер и се да лета во станот. После сонов сум замислена и кој знае фс го протолкува нека пише!! Позз женски
Добро, постојано сонувам едно исто. Дека сум во тоалет и некој наеднаш влегува. А сега во последно време и во огледало се гледам. Ама ова со тоалетот стопати го имам сонувано на сто различни начини. Некој да не има некаква идеа што значи?
Леле како ме плашат мене соновиве Пред 2-13-сет дена,сонувам на братучед ми синот,во голема тепсија печени прасиња (едно поголема две помали) ги декорира со нешто ги украсуваше од тогаш се нешто не ми оди напред По убаво ми е кога ништо не сонувам
Јас имам приметено дека секогаш кога сонувам дека трчам, не можам да трчам уствари... како успорена снимка ми е трчањето, се мачам... вака изгледа тоа.