Сонував како сме отишле фамилијарно на некој базен, и таман да влеземе во вода заврнало снег и внатре водата се заледила. Што би можело да значи ова?
Coнував дека со некоја си тетка,стрина незнам што,сни меселе огромен леб,и после го пресековме на пола,и со рацете крст му праевевме Cрекичке каде си?
Леле да видете денес јас што сум сонувала Излегував од дома со сестра ми и гледам некои трчат и наеднаш се качија на дрвото два човека и третиот пукаше во нив и наеднаш го снема и на патот се ппојавија сите луѓе ама во кукли и велеа е сега нема да познаете кој сум јас Како сум се исплашила дури од сон скокнав од креветот Знаете ли што значи во сон да гледаш убиство?
Леле бе, што ми се дешава? Ептен многу сонувам и се некои неповрзани работи што не ни ги памтам после.. Сабајлево станав и неколку сона ми беа бледо останати во сеќавање а сега ни на тоа не се сеќавам..
Сонував како сме пренесувале дрога а јас сум возела нешто како мало моторче. И одеднаш гледам јас црн џип и му викам на брат ми полиција да не е ова. И во сонов на другите им кажувам да побрзаат ама они уште товареа( ) И одеднаш доаѓа полицијата и ги фаќа на дело, а јас под мене имам дрога(марихуана поточно) со јак мирис. И пробувам да избегам со еден од дечките ама не стопираат. Што би можело ова да значи
Сонував како во некоја соба се наоѓаат моите родители и родителите на мојот дечко и зборуваат и се смееат... а јас и тој сме гушнати и ние се смееме.. Овој сон веке неколку пати го сонувам... и сакам да знам што може да значи...ако некој знае нека пиша плсссс.... фала од напред!!!
Jас сношти сонував многу чуден сон,бевме во една црква во Oхрид,во едно село,на планина,и бевмекако 4ца,татко ми,јас,баба ми,и сестра ми стоевме како пред мало црквиче ако знаете оние малечкине,имаше свеки запалени,и крешевме лепче и си подававме,погоре кај крстот кај планината беше дедо ми,чувал стража да не дојдат волци,а јас бев испалшена во сонот и сакав веднаш да си одиме,и на дедо ми му дошол некој човек одзади како со сабја,нешто така,и јас спиштев и мажот ми сега ми кажа дека нешто сум зборувала в сон,кога одел на работа Jа замолувам Cрекичка да ми го каже извини срекичка јас досадна сум со соновиве,ама минатиот пат кога сонувава свеки не беше убав сон
Волфче чуден ти е сонов. Можеби ќе одиш на некаква свеченост, ќе слушнеш озборувања и некој ти работи зад грб. На дедо ти му претстои среќа и чест.
фуииии грд сонннн сонив како јас сум излезена со две другарки, и доага симпатијата, и ми вика ај ке идеме кочани на излевање ?: од кај пак сеа кочани?) и викам ај. И идаме таму јас, тој и другаркиве, и јас мн се напив, и сум повраќала надвор, а тој само си излегол и си отишол, а јас не сум сакала да си идам па сум останала кај роднини таму, и сабајлето сум фатила такси и сум си дошла има некакво значење ова?
ве молам некој нека ми каже што значи да сонуваш бремена девојка облечена во црно која ме бакна во чело, сонов беше мн језив но да не го раскажувам цел ме мачи оваа слика.
. јас бев сонувала од поодамна вакво нешто знам дека бременост е тежина а бидејки велиш некоја девојка значи некоја твоја блиска има проблеми.
Во саботата кога си легнав, сонував неколку сонови, но само овој го запамтив. Сонував дека сме биле на школо и нешто тестови некои ни давале, а моите биле слаби . Многу се изнервирав и се скарав со 2-3 девијчиња, а и со наставникот по македонски .
што значи да се сонуваш себе си како невеста? Ама не успеав да го видам младоженецот нешто сонот беше у смисла дека требаше да се мажам, и оддеднаш ми стигна букет со црвени рози од една стара љубов. (Баш вчера зборев со него,да не има некаква врска?) и јас се двоумам што да правам ај хелп
сонував дека се наоѓам во некоја руска тајна служба како шпион или нешто сум се криела и кога еден од нив ме фатил као да сум се извинела и сум му рекла да ми врати па почнал да ме шамари овој, ама јас како права воинка не сум попуштила туку сум стоела право и сум го повлекла до мене каде што типов се наведнал да ме бакне и само што се допревме му свика некој дека не смее да ме бакнува хахахах ептен ме насмеа сонов и ме расположи ептен холивудска сцена
колку прекрасен сон си сонував си муабетев на клупа со мојата прва несудена љубов некои сонови имаа едноставна функција да ни го разубават денот мојот беше вреден
Неколку денови сонувам многу испомешани работи, многу луѓе, ама еден настан се издвојува и сонот ја има секогаш таа конотација - мојот дечко не сака повеќе да разговара со мене, ниту да бидеме повеќе заедно. Значи, еве баш ноќеска го чекав (обично го чекам од некаде да дојде) и дотогаш не се навестува ништо лошо, како се' да е во ред, и одеднаш доаѓа, му вртам на телефон и упорно одбива да се сретнеме, или му пишувам пораки на кои не ми враќа. И целиот сон го поминувам одејќи накај него (кај и да е тоа, ништо не ми е познато во сонов од локации) за да го најдам, ама едно исто чувство се провлекува во сонов - не сака да биде повеќе со мене. Неколку денови се будам со некое грдо и празно чувство. Завчера беше толку реално, што во моментот кога се разбудив го земав телефонот и му заѕвонив да го прашам каде е и дали е добро. ....
Сонував како сум била кај братучетка ми и сме седеле на подот и јас и таа сме играле карти а до нас седел мојот симпатија и почнал да ме брка од таму демек не сакал да ме гледа,што мајка сум барала таму...И јас така лута станувам и си земам работите и сум сакала да си идам за Штип,и тогаш братучетка ми и сестра му на симпатијата ме натерале да не си идам за Штип и сум останала...И тогаш симпатијата демек како криво му дошло што така ми рекол па почнал да се умилкува и онака мило сме почнале да се бориме по подот што значи сонов?