Почасти кафе во нејзин помен. Сонувам често и јас за мојата мајка, ваш пред некој ден ја сонував како пазариме по бутици, гледавме,пробувавме,полни корпи и на крај ништо не купивме, таа си замина во гужвите. Пред три месеци почина кумата ненадејно, а последен разговор ни беше на само два дена пред смртта и тоа договаравме за да и помагам за торта роденденска за кумашинчето. Пред некоја ноќ ја сонував како правиме торта. Си имаат значење соновите, она шо ни е во мисли или нешто несвесно во потсвест се канализира низ нив
Сонував запросување личноста не ја видов баш убаво но бившиот како да се моташе низ сон Сум кажала да и прстенот беше златен со црвено камче и го гледав како ми стои на рака. Спојлер: ... во реалност бившиов ме бара и ми има спомнато глупости за брак
@LadyInTheDark - Ќе добиеш заштита и поддршка од некоја помоќна личност. @Hello0110 - Ќе напредуваш во некоја работа.
a @Independiente sto znaci da sonuvas deka si bremena? imam slusnato demek toa znaci tezina. posledno sonuvav kaj sto sum bila bremena a ne sum znaela i brzo potoa se porodiv
Имам и претходно напишано..ќе добиеш помош и заштита од некоја моќна личност.. туку ептен сонови со запросување што ќе да е ова..
Мене па најчест сон ми е дека сум бремена а ич не мислам на бременост. Сите ми кажуваат дека значи болест или несреќа. А пред некој ден сонував така постар маж со наочари со побелена коса ме имаше заробено и јас викав да ме пушти и тој почна како да ми ја одзема душата, енергијата, многу чудно чувство не можам убаво да го објаснам како да се црпи нешто од тебе. А најстрашното беше кога се разбудив истото го чувствував, за ладно да ми беше не ми беше, така ко да излегува од мене нешто и по неколку секунди престана и ми олесна. Некој имал вакво искуство или да знае што е?
Јас имам брат во Америка и не е дојден 2 и пол години и во последно време го сонувам дека си дошол или дека си иди. Ии не знам што е. Дали има некој нешто слично сонувано. И што се има случено подоцна.
Дали знае некој што значи сонов,Сонував како многу ми се оди по нужда,и тоа на неколку пати се испразнив,и последниот пат кога видов ,дека не во вц шоља ами у када у која имаше ставено чаршав сум завршила работа.Кога видов се зачудив колку многу измет имаше. Сонов е гаден ,но ако некој знае да ми одговори,зашто по соновници на македонски не може да се најде толкување ,а на српски -хрватски, негде е лошо, негде е пари и не знам точно да си протолкувам , А во иста вечер маж ми сонува како сум го изневерила и сум се смееела,демек му враќам ,а тој плачел липал и ме прашувал зошто .Е сега знам плачење е радост а смеење тага но во сонов некако не ми е јасно ....ако знае некој нека протолкува...благодарам унапред
Сонував како сум била невеста и со дм сме се регистрирале во матично. Можеби дека синоќа пред спиење ја спомнавме таа тема, не знам. Ама не ми е убаво чувството сега, прочитав лоши значења на интернет.
Јас сонував дека сум диносаурус и дека удирам со глава во ѕид. А искрено и сум диносаурус али дали удирам со глава во ѕид не ви кажувам.