Сонував дека пробувам сукња која на јаве ми е тесна а на сон ми беше точна, а веднаш потоа се видов облечена во црвени панталони а нагоре бев гола и ги покривав градите со раце па некој маж ми подаде црвена кошула да облечам за да биде комплет со панталоните. Јас од срам набрзина сум видела боди со танга и сакав да го облечам, но не го облеков бидејќи се разбудив...што може да значи сонов?
Сањав како ми паднале сите долни заби, без болка.. Али викаат стариве дека соновите не се фаќале во среда, така да се надевам не е ништо страшно.
Сонував дека на интимните делови имав влакна, и на стомакот исто така. Сум ги избричила оние на стомакот штом ми биле. Знаење?
Сонував дека се наоѓам во шума со мајка ми и некои други (не се сеќавам) и имало едно многу високо дрво, зелено но на стеблото шуплина во која беше мајка ми и се обидувала да го турни за да поминеме по патеката, но не можела. па потоа пробувале и други и на крај сум рекла јас ќе го турнам, овај пат ќе го турнам така што нема да падне над мене(демек претходно сум имала 3 дрва кои паднале врз мене) и сум собрала храброст и го турнав дрвото така што падна и сме можеле сите да поминеме. Ве молам што би можело да значи? :/
Сонував дека сум ја сретнала бившата на бившиот (која инаку не живее во земјава), и сме се поздравиле онака пријателски и си зборувавме како да се знаеме 100 години Сега се прашувам дали сме се дружеле во некој претходен живот Имагинацијава ми е врв П.С. Очекувам во секој момент да ме побара “друшката“ на кафе да излеземе
Искрено незнам дали мојов сон е за тука бидејќи малку е и реален. Сонував како некојое црвено многу грдо суштество дојде во мојот кревет и почна да ме прашува некои удни работи. Потоа јас го прашав кој е и тој се претстави како "ѓаволот" го прашав дали е нормален и тој ми стави рацете околу мојот врат и почна да ме дави и да вика Признај дека сум ти господар или ќе умреш. Му реков нема тој почна се повеќе и повеќе да ме дави неможев да дишам и со последни сили реков ох боже посакувам да пукнеш ти ти гнасо и го снема. Изутрината кога станав имав отпечатоци од прсти на вратот.
Девојки ве премолувам , која знае да ми протолкува , многу ме замисли сонов. Сонував дека сум бремена и само јас со стомак си се гледам, и одеднаш се пораѓам. Тоа во секунда се дешава, не го ни видов бебето само знам си се породив. И сама си викам " добро е , ми олесна". Ниту имам дечко , ниту мислам на бебе, ниту постои потенцијален татко ( и во сонот беше ничие). Што значи ова чудо??? Благодарам
Zdravoo na site,vaka sega izleguvam so eden i kako site znaat deka imam decko a ustvari neznaat koj,i cesto sonuvam kako sme otkrieni,kako site doznale..znae li nekoj sto znacat tie sonista?
Веќе 2 недели по ред буквално секоја вечер сонувам чудни, страшни сонови. Прво сонував некои обични сонови и цел ден не ми излегуваа од глава како вистинити да биле, а сега последниве неколку вечери се страшни сонови сонувам со духови, со убиства, крв, како заб ми паднал ( што тоа значи смрт) и секое сабајле кога се будам се будам со страв. Има ли начин некој како да се спасам од соновиве?... навечер ми е страв да заспијам, насабајле со страв се будам затоа што се како вистинити....
Dali nekoj znae da mi kaze sto znaci da go sonuvas onoj vo koj si zalubena kako nosi svezo ispileni pilenca I so niv te pomaznuva.
Имам и јас многу чудни соништа кои ме мачат секоја вечер, веќе страв ми е да си легнам. Сакаам да купам дримќечер. Да не знае некој каде ги има? Иначе да знае некој што значи ако во сонот некој се обиде да те киднапира/силува?
Јас последно време и тоа три вечери по ред само си сонувам некои авантури со момчиња то ес флертување се но кога ќе треба да се состанеме на само, се будам што ќе беше ова врска немам па и на најубавиот момент оп сум станала Ама среќа имам фујј..
Сонував на врата ни дошле коледари,ама не деца ами возрасни мажи,прво не им отворив а потоа помислив како не е убаво да не им отвориш па побрзав ги викнав назад.Тамам да им дадам продукти сватив дека неам ништо купено.Па до мене имав кромид и на сите им дадов по една гчлавица кромид по еден компир и киви.Тие си заминаа а јас се мислев дали згрешив.....понатаму сонував одам по пат и гледам дрвце што личи на фикус па си скинав лист као да го ставам да се обжили....понатаму не паметам.. Ако некој знае толкување нека ми помогне ....се што најдов е дека ако јадиш кромид ке умреш,и лошо .а ова не знам како да го протолкувам... Однапред благодарам на оној кој ке потроши време да ми протолкува..
@Ледена Кралица^^ стави си под кревет ноже или отворени ножици ,ке престанат кошмарите,или лепче потопено од една страна во шекер од другата со сол,под перница...Од индијанските факачи на сонови имаш во Џамбо.на првиот кат кај што стојат огледалата...јас купив но нема ефект...
Сонував змија во собата кај баба и дедо. Дедо ми ми ја стави на грб, а јас вриштев од страв. После земав дрво и ја трескав змијата по глава. После цело време ме следеше и ме гледаше во очи. Јас се плашев и бегав. Од тој сон се префрлив на друг. Со јазик сум допрела еден од предните заби и ми падна. Се гледав во огледало и викам добро е не ми се забележува многу дупката. Имав како 2 реда заби. Забот што ми падна е на долната вилица.
За забите велат ако боли коа ке падне забот е близок,ако не те боли познаник,чим е преден заб пак е некој важен но нема толку да те здоболи ,можда некој постар Јас пред скоро сонував од едната страна ми падна заб после и од другата не ме болеше и се гледам у огледало штрба ,во рок од три дена двајца комшии умреа