Во последно време сонувам многу грозни сонови. Сите на крајот завршуваат со трагичен крај. Вчерашниот сон беше премногу грозен. Сонував дека гледам како 23 годишни девојки умираат. Но, не ми беше претствано како документарец или филм да гледам туку како некоја "cпецијална" порака до мене. Нешто што ми привлече големо внимание беше тоа што сите тие "филмчиња" носеа порака со себе во стил секогаш борисе, недозволувај да замине...
Во иднина те очекуваат грижи и ќе бидеш многу вознемирена, за некои работи не треба да брзаш и биди поумерена. Ова ќе ти биде период, а потоа се ќе се среди и очекувај пријатни вести.
Девојки сношти сонувава како сум стоела на гимназијата а таа била на некој многу голем рид,јас сум носела многу високи штикли цело време сум гледала надоле од гимназијата како да се симнам доле(кај нас доле од гимназијата има еден паркинг)и цело време сум сакал да се симанам кај децата што биле таму,имало мноооооогу стрмни скали и мнооооооооогу тесни само што сум ја подадила едната нога ме фатило страв да се симнам....после еден професор ми кажал еден пат по ридот за да се симнам.по ридот имало обележана патека каде требало да одам но имало по патеката многу камења,а од по страните многу трња,сум почнала да се симнувам но многу ме болеле нозете од камењата и трњата.....и на крај незнам дали се симнав по патот се мислам се разбудив.... Но сепак би сакал да знам што би можел да значи сонот?
Те очекува неуспех, непријатности и доста лош период во кој нема да можеш многу лесно да се извлечеш.
Летово се случи ова. Сонував дека дома ни влегол крадец, а ние не бев каде што навистина живее туку во друга куќа и место,а воопшто не ми беа познати. Му го видов лицето на крадецот и утрото им кажав на моите што сонував, но сон како сон,не му дадов посебно значење. По некој ден излегов надвор го видов човекот што во сонот беше крадецот. Се здрвив. 100 % сум сигурна дека беше тој. Сосема нормален човек, си разговараше со друг. А не е можно да го имам видено пред тоа, затоа што многу памтам ликови на луѓе, а и пред да го видам размислував дали го познавам и не ми текна. Навистина ми беше чудно. Еве и сега се мислам како е можно.
Пред некоја вечер сонував како јас, сопругот и синчето се наоѓаме во црква (св. Богородица) и зачудени нешто бараме таму и самите не знаеме што, а црквата е празна нема никој освен нас. Ептен ме заинтригира сонов, му раскажав на сопругот и тој помалку се замисли. Еве што најдов... Да видиш црква: некој сака да ти го попречи патот, озборување. Да ѕидаш: богатство, ненадејна добивка. Да одиш во црква: тага, грижа, лоши вести. Да се молиш во црква: желбата нема да ти се исполни. Црква на туѓа вера: пат во странство. Што мислите вие што би можело да значи
мене веќе ми е прекуглава од тие сонови...ми се плаче, жими се! значи нема ноќ а да не сонувам нешто 365 денови во годината= 365 сонови сигурно нешто не е во ред со мене денес пак сонував невести...и јас се видов како невеста и нешто сум се смеела во сон. кога сонувам лоши работи ми се остваруваат
Сонував како со тетин ми сме ја барале тетка ми и стално сме ја наоѓале како бере цвеќиња, така весела. Ениуан?
Јас па сонував дека ме каснале две змии едната на прстот од ногата другата на рака и после како демек лежам вкревет и една скорпија ми се приближуваше иууууууууу бљак
Луѓе јас сонував како сум пливала во Охридско езеро ,а времето било многу ладно Незнам ова што значи, Баге кажувај јас имам чуено дека да пливаш значи болест некоја Хелппппппппппппппп ...
ако е била бистра водата во Охридското значи слози, а ако е била нечиста водата т.е матна значи болест.
Пливање Во бистра вода: безгрижен живот. Во матна: грижи, страв. Да пливаш без успех или да потонеш: несреќа на патот.
Ноќеска го сонував Федерер, тој лежеше на една тераса или слично, голема куќа беше ама без покрив, само плочи имаше и тој лежеше на бетонот до пола беше гол(не носеше маичка) а надолу ми се чини тренерки носеше. Јас седев до него, го галев и му кажував дека е совршен, дека е предобар, убав, силен, полн со разбирање... како што би сакала секоја девојка, но јас бев блиска со него како некој вид пријателка и тој само ме слушаше, како да не знаеше дека јас сум изгубена по него или и јас како тогаш да сфатив што чувствувам... Беше многу чудно, не знам како се најдов јас таму на такво место со него... Што ли значи ова?? Дали е само последица на тоа што вчера бев многу вознемирена заради него??
Дали некој знае да толкува сонови? Сонив како од десната града ми тече млеко, како што си се туширав вака поднаведната и гледам од десната страна си тече млеко што значи тоа дали некој знае?
Пред некој ден сонував како демек сум правила сообраќајка и левата нога ми б ила преврзана и како некој ми рекол да идам со светена вода да си ја измијам ногата...И како јас со мајка ми сум тргнала да идам тука во Штип на една црква,и имало еден ѕид и мајка ми ми рекла скокни го ѕидот таму е црквата и јас и велам мамо бе јас оддвај одам а не ѕид да ти скокам,ајде ке заобиколиме од другата страна не можам да го прескокнувам ѕидот.И сме заобиколиле од другата страна и јас сум дошла до вратата од црквата но кога сум ја отворила пред мене ѕид не можам да влезам во црквата... И потоа сме продолжиле до едно друго место овде во Штип каде што има црвкичка Св.Спас а под неа има чешма....Што би можел да значи сонов ?