Ne znam dali e ova za ovaa tema ama sepak moram nekade da napisam. Decko mi eden period nonstop sonuvase razni sonovi ama potoa ne se sekavase.I zboruvase vo son,posle eden period prestana sega pak pocna.Preeska koga spievme se razbudiv i go slusnav kaza milo mi e jas sum ... negovoto ime....go poglednav ocite zatvoreni spie...potoa gledam mrda so racete objasnuva nesto i na kraj kako kapak mi dojde pocna so glavata da mrdi kako da kazuva da da jas vo toj moment se trgnav od nego,se isplasiv mnogu i si otidev bez da go razbudam da me nosi doma.Znaci osetiv strav vo toj moment a ne znam kako da mu kazam i veke mi e strav da spijam so nego ne znam kako da mu kazam a pogreska da ne me svati...a i ne znam ovie raboti vo sonot sto znacat..
Луѓе, ептен чуден сон имав. Седевме со девојка ми во еден ресторан и јадевме. Дојде келнерот , ни донесе пијалок, на девојка ми и даде една ќеса и замина. Девојка ми ми рече дека ќе оди во WC, а јас да ја платам сметката. Му дадов картичка на келнерот, а тој само што ја виде ми рече дека нема ништо на неа и дека треба да им платам дупло. Тогаш се појави девојка ми , ама беше облечена во црвени пижами. Јас целосно збунет ја прашав зошто носи пижами а таа нервозно ми одговори дека е време за спиење. Почнав да трчам низ ресторанот како избезумен и кога се свртив ја видов мајка ми како лежи на подот, а девојка ми седи врз неа и ја тепа. И реков пушти ја, немој , ја боли, ама девојка ми не престануваше да и удира шамари. Сите што беа во ресторанот почнаа да аплаудираат, а девојка ми гласно се смееше, се сврте кон мене и ми рече ајде сликај со мобилниот. Се исплашив и се разбудив растревожен. Што значење може да има вакво нешто???
Можеби девојка ти не е онаква каква што ја мислиш. Потсвесно се прашуваш дали е она искрена или можеби не баш,па тоа се проектира во сон.
Сонував како ме тетовираат на горниот дел од ногата накај препоните. Толку силна болка уште пред да почне да ме теровира. Како идел тој накај мене да ме тетовира јас сум викала чекај застани како да немам храброст. А во реалниот живот долго време размислувам за тетоважа, ама на раката не таму. После сонот тоа место го чувствувам како болно и кога замислувам таму да се тетовирам ми се еже кожата.
Сонував како сум имала бебе,машко со плави очи,малечко ама ме галеше цело време,осетив како стварно да сум му мајка а знам дека машко дете да сонуваш не е убаво некој ?
Девојки, знам дека вие сте одлични толкувачи на сонови па ми треба ваша помош. Имав еден многу чуден кошмар со мноштво симболи и поврзани работи кои ме мачат, а никако не можам да си го објаснам... Сонот се состоеше некако од два дела. Првиот дел: Се наоѓав покрај едно вештачко езеро со насипи кое наскоро требаше да биде уништено и претворено во градска депонија. Како мал, сакав многу да истражувам и успеав заедно со другар ми да "откријам" едно такво езерце кое се наоѓаше близу до градската депонија и постана некако наше место каде што стално одевме и уживавме во природата додека не го уништија. Ова езеро од сонот беше слично на нашето, само далеку поголемо и на тотално различна локација во близина на градот. Таму кај езерото спасив едно малечко зајче (чувавме зајци, но пред скоро време моравме да ги продадеме), додека бројни други беа затрупани/удавени во езерото. Тоа беше тешка глетка за гледање. Вториот дел е тотален хаос со многу чудни и гадни работи: Заедно со зајчето се вратив дома и заспав. Другиот ден, кога се разбудив, на гости ми беа дојдени зетот и сестра ми. Им раскажував како успеав да го спасам зајчето и дека езерото веќе го нема. Требаше да се спрема ручек. Извадив едно мртво куче (исто како на една моја бивша, кое многу го сакав) и земав да му ја сечам главата и да му ја дерам кожата. Иначе сум вегетаријанец во вистинскиот живот, и тоа некако се префрли во сонот па невешто го правев сето тоа и оставив на зет ми да заврши работа. Кога се вратив во собата, видов дека уствари, наместо куче, месото кое се подготвува е од мојата бивша љубов (не сопственичката на кучето), и тоа беше страшна глетка за гледање, како излезена од некој хорор филм каде сецираат човечко месо, нејзината глава пресечена итн итн. Бидејќи имало многу за јадење, решија моите на ручекот да ги поканат и другар ми кој е во врска со моја братучеда и погодете кој друг??? Мојата бивша која само што ја зготвија. Стигнала во мојот град и се видела со мајка ми. Тука се разлутив, и ја прашав зошто и неа ја поканила на ручек, не е добредојдена и не сакам да ја видам. Мајка ми, само ме праша зошто ми е проблем ако и она дојде? Не му е тоа проблем на другар ми иако и него му е бивша (во вистинскиот живот ни не се познаваа), и тоа бил со неа пред да биде сега со братучеда ми. Се разлутив, го земав зајчето и излегов од дома, на патот се сретнав со неа, поминавме само еден покрај друг и погледите ни се сретнаа. Се разбудив. Тотално weird, тотално... Мало дополнување: Кај езерцето, знаев да одам, освен со другар ми, и со мојата прва љубов, уште од основно и раните денови на средна школа и некако тоа место не поврзуваше нас. Она се отсели и моментално живее во друга држава. Слушнав дека пред некој ден била овде, па беше и тема на зборување во друштво. Сопственичката на кучето и не ми значела нешто премногу во животот, бев некој краток период со неа, околу пола година. Пред скоро време, ми го отруја сопственото куче кое беше иста боја како нејзиното. Бившата која беше сецирана во сонот ми беше најголема љубов во животот и слаба точка која успешно ја има искористено мајка ми многупати до сега, често спомнувајќи ја кога сме имале некоја расправија. Обично позитивно и дека треба да ја побарам и да се смириме. Всушност, она беше против нашата врска додека бевме заедно, како причина ја наведуваше далечината, а потајно ја мразеше и немаше добро мислење за неа. Со неа прекинав секаков контакт пред долго време. Другарот е веќе некое време заедно со братучеда ми, иако на почетокот бев против нивната врска и се плашев какви последици ќе има сето тоа во иднина. Некако нашето пријателство не е онакво какво што беше. Сеуште сме во добри односи и се гледаме редовно, но постои некоја бариера и резервираност која претходно ја немаше.
Во право си , сонов ти е тотално чуден . Веројатно бидејќи си слушнал дека бившата ти била тука , затоа и тие сцени како е иссецкана и сл . Или можеби сакаш да ја иссецкаш бухуху Се зезам . Јас не знам што би можело да биде значењето на сонот , но верувам дека каков и да е проблемот , ќе го решиш во најскоро време .
Две вечери по ред кошмари невидени со врескање се будам, синоќа дедо ми (починат е 6год.) ме викаше... тоа ми беше врвот... да напоменам дека овие два дена спијам со блуза што ја донесе свекрвами од Острог, дали има некаква врска тоа или си правам филм
Сонување на починат близок значи дека можеби ќе добиеш неочекувана вест или како што вели народот,душата му е вознемирена и треба да му запалиш свеќа.
Ти благодарам, се надевам добри ќе се вестите. Секако ке одам после работа ќе запалам свеќа и сварив кафе на една колешка да му се најде за душа.
Сонував како стојам на прагот на куќата на другарками која е почината и отварам врата и ја викам по име ама она не се појавува и ја гледам сестра и како отвара половина врата и превртува со очи и се осетив непосакувано и си заминав,што значи?
Му најде значење на сонот? Добро е што не те затепала и тебе брат , ќе си го обрал зелен бостанот. ПС: Се шегувам малку не се лути.
Еве ти едно толкување-можеби девојка ти не е онаква каква што се претставува,потсвесно имаш некои грижи или сомнежи за врската,па тоа се проектира во сон.
Ако може да ми протолкувате што значи? Сонував како гледам низ огромно стакло кон нешто како автопат и минуваа автомобили и зад мене имаше луѓе и наеднаш како од небото да дојде девојче од околу 5 год и истрча и ме гушна и луѓето ми рекоа дека тоа била мојата изгубена ќерка,а немам деца,не сум мажена,и се свртев и погледнав во еден човек што демек била наша. Чуден сон,што може да биде? @nextredstyle ili nekoj drug,please?
Можеби ќе откриеш нешто ново за себеси,некој нов аспект на твојата личност(на пример нова пасија или навика).