Здраво девојки сонував сон што сеуште ми е во мисли и навистина убав сон...но дали значи нешто убаво незнам Сонував некој непознат маж со црна коса многу згоден облечен деловно и многу богат.Како ми доаѓа на врата а ја сум се пакувала и излегувам тој стој а до него многу голема кола златна боја околу него 2 мажи како обезбедување пукаат нагоре во висина со пиштол тој ми ја отвара врата и јас влегувам во колата,стигнуваме некаде како во друга држава тој ме шета од една во друга продавница се сеќавам како ми купил мобилен телефон и како цело време ми повторува ти си моја а јас исплашена како тој човек на сила да ме грабнал а го гледам заљубено... Што би можело да значи човекот ми е уште во памет до детал го помтам од сонот како изгледа а не ми е познат...
Сум сонувала како сум се омажила за некој друг не беше сегашниот партнер типот во лице неможев да го видам не му се гледаше али носеше убаво одело а јас сум била во убава голема бела венчаница али додека сум чекорела со него по скалите во ум ми бил сегашниот партнер како у смисол каде е ? И толку заврши сонот што би можело да биде ова?
Веке неколку месеци соновите ги сонувам поинаку (поинаку) во смисла .... Порано кога сонував се гледав целата (како фигура) а сега гледам со очите на некој начин исто како да сум будна го контролирам сонот.. (Се будам уморна) (од авантурите во сонот ) хаххах но ова ми се случува откако почнав да медитирам..... Има некој претстава шо ми се дешава?
Дали имате толкување за сонов-сонувам дека сопругот ми починал, јас плачам, викам, срце ми се кине и викам на глас КАКО Е ОВА МОЖНО ГОСПОДИ, СЕГА БАШ КОГА ЌЕ ИМАМ (ИЛИ СЕ ОБИДУВАМЕ-ТАКА НЕШО БЕШЕ) ЗА БЕБЕ (што патем и стварно се обидуваме).? Дури и размислувам во сонов што ќе правам без него и им викам на моите- Сега јас ќе се убијам готово, сама не живеам.... И се разбудив со болка во градите уште рано пред зори, ми се плачеше до немај каде...но бев среќна што видов дека тоа е само сон. Некои идеи??? ИИИ последнава недела 3 дена со ред сонувам глупости уфффф хаос.....
Сонував дека едни комшии дошле кај нас за да ме изненадат мене за роденден со многу шарени балони и некој друг подарок, но според сонот тие ми честитале роденден во ноември, а во реален живот ми е во август. Пред да влезат во куќата мајка ми дошла да ме повика, а јас сум брзала долниот дел од пижамите да го облечам бидејќи по некои шорцеви сум спиела. Влегоа и се најнормално ми честитаа. Потоа отидовме во дневната, а таму седеше сопругот на таа жената и дедо на девојчињата кои дојдоа, кој инаку е починат околу 3-4 години. Се смееше и ми подаде рака да ме поздрави. Потоа знам дека многу плачев во сонот, што и да направеа јас почнував да плачам силно, како липање дури.
Јас ретко сонувам, но вчера сонував како специјално одам во црква за да купам бројаница. Патот до црквата бил многу долг, а јас многу сум била упорна да ја купам бројаницата. Стигнав во црквата и сонот ми заврши. Некој знае да протолкува?
Јас мн сонувам и тоа живописно па се губам дал е јаве или сон. Но овие два сона ме зачудијс. Пред дватри дена сонував дека сум бремена и одам нс ултразвук,и гледам дека е девојче и си велам-мила на мама. Вчера сонувам дека имам девојче, Софија и ја дојам...толкување?
Јас имам пишано дека не верувам во сонви,и сепак не верувам,но највеќе мразам кога сонувам страшнен сон.Синоќа сонував како сме се возеле со кола со мм и тоа ноќе,на коловоз со три ленти и возејќи на патот на секое се појавуваше како човек сенка ама се појавуваше и исчезнуваше и потаму пак се појавуваше и проба да ја стопира колата и во моментот мм ми вика во сонот гледај сега ке осетиш како струја во телото и да видите какво неубаво чувство.....И почна колата да успорува но не застана и се разбудив.....Уф неубав сон мразам кога сонувам вакви работи зошто потоа цел ден ми е помалку зафркнат
Сонување бременост може да значи среќа,откривање на нешто ново за себе(нов аспект на твојата личност),развој,раѓање на нова идеја или проект.Доењето симболизира будење на чувства и предупредување дека треба да бидеш повнимателна. Може да значи караници,сплетки како што веќе ти кажа членката пред мене.Исто може да значи запоставување и негирање на себе или на некој друг,одбегнување на важни разговори,заробеност во тешка ситуација или безнадежност.
Верувам во сонови поготово мајка ми ко ќе сони нешто навистина се има остварено и тоа повеќе пати. Не баш како во сонот но нешто ќе се случи. Две ноќи по ред сонувам куќа/ стан во кој што е се расфрлано - книги, алишта. И секогаш има луѓе во кои сум и јас и го средуваме хаосот. Што може да знчи ова?
Јас кога сонувам неред ми се случува убаво,а кога сонувам све средено не ми се случува убаво.Секое добро И јас кога сонувам ми се исполнуваат соновите.Чудно
Барав со некои клучни зборови на соновник но ништо неможам да најдам,дали некој можеби знае што значи ова :дошол еден дечко кој го познавам ама не лично онака од низ град,дошол пред куќа и ме чекал со бела кола за излегување бидејќи сме биле во врска изгледа, јас сум го видела низ прозорец и сум чекала да ми звони за да излезам и сум се шминкала и тој долго чекал и бидејќи не сум излегла си заминал и ми стигнала порака од него не излегуваме
Го сонував бившиот. На сонот, куќата каде што живее имаше работилница, се случило несреќа, сите што биле таму загинале, воедно и неговите родители..ја гледам куќата на сонот уништена. Потоа по некое време, беше поправана, некој знам ми кажа дека починале на лице место неговите родители. Одам да го посетам него, седнат,сам, смирен, во куќата се ново, го гушкам, го прашувам како е, ме гушка во очај, ми кажува дека успеал да се извлечи , но рацете му се изгорени, црвени до горе. Му помагав со некои ќеси да ги внесе во куќата Значење?
Сонував како сме се возеле во кола со сестра ми, зет ми и нивнито дете и сме направиле страшна сообраќајка. Не знам како јас дум се извлекла од колата а другите не... некое значење?