Сонував дека сме биле собрани друштво и сме гледале филм. Од левата моја страна седеше мојата симпатија а од десната најдобрата другарка. Потоа јас ги прашав другите дали ќе им пречи да го изгасам светлото и бидејќи се согласија станав и го изгасив потоа се вратив на моето место, другарката ја немаше а симпатијата ја стави раката на мојата половина и цврсто ме држеше...има ли некакво значење сонов или се само глупости?
А, да читневте нешто Фројд, Јунг и да си бидете искрени со себе и со потсвеста, па сами да си сфатите зошто сонувате тоа што сонувате?
Иако секогаш сум мислела дека соновите се всушност продукт на нашите потсвесни мисли, сепак во последно време посебно месецов се случува постојано да сонувам една личност, која не е повеќе во мојот живот и навистина ретко сум помислувала на истата. Секој сон е различен со тоа што истото е дека во секој сон покажува одбивност кон мене, но сепак на некој начин сме заедно. Најчесто соновите се страшни и се будам без енергија. Би сакала да слушнам некое мислење од некој што сепак читал нешто за ова и се разбира во оваа тематика. Поздрав
Ja sonuvav pokojnata bratucetka fatena za raka so druga devojka nepoznata,se setavme no ne go poznavav patot,potoa mi rekoa nie ke odime do tamu,jas rekov vazi,I ostanav sama tamu ne go znaev patot,otamu na tamu stignav do Eden park pomunav niz nego I pak gi sretnav niv dvete,ovoj pat obleceni vo letni alista,pojdovme po edna pateka polna so treva,a megu nea drvja zeleni,imase I klupa I drvo so dunji,sednavme na klupata ,I mi veli da jademe dunji,I velam kako ke jademe zeleni se I ovde li stalno ke sedime,I taka si sekoj den ovde ti koga ke zreat ke dojdes da jades, I mi veli nee ke sedeme ovde I ke cekame dodeka da zreat,I naednas I se najde v race zolta dunja ga grizna I tolku od sonot,inace koga zbotevme nee go slusav ni mojot nitu nejziniot glas.
Знае ли некој што значи да сонуваш свадба и ти да си невестата не сум била срекна во сонот ... ако може некој да ми одговори ви благодарам однапред
Знаете ли што значи во сонот некој да има многу бемки и големи бемки на лицето и на вратот а во јаве нема такви бемки?
Мојата коса офарбана плава само до половина и мислев дека ми е убава и дека некој ден целата ќе ја офарбам ама и така ми беше убава, што значи?
Сонував дека ми се ниша забот и пробував да го вадам ама не ми падна, а баш меѓу предните заби :/ Што значи ова?
Во просторија со многу непознати луѓе и со мој познаник. Непознатите имаат чуден израз на лицето, не се смеат, не се намуртени, зборуваат ама устата не им се отвара. Тргнувам да затворам врата и да ги избркам, и познаникот мој(не памтам каков лик имаше и кој беше ама во сонот ми беше позната и блиска личност) ми рече честитај им не ги бркај и тогаш го слушнав како додека им пружа рака на непознат јазик им честита некој празник (во сонот јазикот беше албански а празникот не знам кој беше). Мене ми текнало веднаш дека стварно им е празник и сум почнала весело да им честитам на сите луѓе. Што би можело ова да значи?? Не сум имала ситуација со Албанци во скоро време за да ми биде во потствест,освен што прочитав еднаш за 28 ноември.
Три пати по ред го сонувам бившиот. Првиот пат се возиме во автобус и тој седи до мене, во моментот кога се погледнуваме гледам дека цело негово лице е крваво дури едвај се препознава дека е тој. Вториот пат седиме на клупа околу нас зелени дрвја како пролет да е и премногу светлина има, ми кажува колку се кае и колку му е жал и ме прашува за причината зошто го оставив. Третиот пат седиме на маса јас тој и девојка му. Девојка му станува и ми вели да седнам на нејзиното место а таа седнува на моето. Тој цело време молчи и не гледа. Какво значење може да има се ова? Да напоменам, вчера доста доцна јас излегов да одам во продавница а тој од еднаш ми се појави пред мене, го сретнувам на места каде што воопшто не очекувам.
Sonuvav kako vo Edna kuka sum vrabotena kako sluginka,cistev od masa,metev,brisev,ronki imase po po zemjata,I mi dale mislam okolu 100evra,inaku gi znam lugeto kaj koi bev sluginka odnosno kako da me vrabotile na son kaj niv,znae nekoj ova sto znaci
Сонував ловорови листови ама големи, убави? Енда жена зборуваше со мене и ми го кажа своето име во сонот. Јас ја знам таа жена но не се сеќавам како се вика. Името што ми го кажа на сон е многу интересно.