Sto znaci toa sto sonuvam zmija okolu mene? Sonot go sonuvam isto ili potocnno skogas sonuvam zmija koga odam da spijam na gosti kaj edna prijatelka.
Сонував како со сестра ми и внуката која има 9мссеци сме на некое непознато место и наеднаш до нас стоеше една жена млада и убава, неколку пати ја потфрли внуката и таа се фати со рацете и се исправи и стоеше. И како во сонот сум знаела дека таа жена е мајка Богородица. Откако се случи ова со внуката јас тргнав со неа и наеднаш се претвори во сиромашна, тажна и исцрпена жена (од што помагала на љуѓето и ја собира целата тежина и несреќа со неа), продолжив да одам покрај неа бидејќи требаше да ми помогне и на мене за да бидам среќа и ми ја отвори среќата и се разбудив. Дали знае некој што би можел да значи овој сон...Во последно време сонувам многу чудни сонови...
Може некој да ми каже што значи да сонуваш истетовирани змии на нога? Буквално имав 3 змии тетоважи “замотани” околу нога
Што значи, сонував дека имав нова црвена капа, многу беше убава и многу убаво ми стоеше, ме направи многу убава?
Стојам пред некој олтар на рид. Многу икони на него али една свети повеќе од сите.Личи на св Никола или св Атанасиј не сум сигурна. Многу луѓе стојат со мене пред олтарот. Се вртам десно и гледам жена во црно облечена цела со наметка гледа во мене и ми клима со главата накај иконата. Погледнувам во небо - мрак со некои светлечки објекти кои вртат во круг, се вртам лево исто таков круг..... Се разбудив преплашена.
Здраво, што значи сонував како некоја жена облечена во црно ми гледаше за иднината, некои работи запаметив а некои не од тоа што ми ги кажа.
Ноќеска сонував како држам бебе во раце и го дојам , градата голема цврста,млеко капе ли капе од неа... некое толкување? Инаку долго време се обидуваме за бебе, сигурно дека и во сон ми се вртат мислите од што го посакувам, ама баш како реално ми беше прикажано доењето... некако не ми е јасно
Јас сонував чуден и по малку језив сон . Сонував дека сум се вработила ( конечно ) во некоја фирма , ама газдата бил малку чуден . Т . е мноогу чуден . Бевме на некаков собир дома кај него , и не дочека жена , без мозок , без очи , со голем стомак ( како да е бремена пред породување стомак ) но шуплив . Жената не послужуваше со јадење/пиење , се движеше наоколу ( значи не беше кукла ) но имаше дупка од куршум во челото , очите и изгледаа како лушпа од јајце ( знаете оние што пијат живо јајце , кога го дупнуваат од горе , ете таква лушпа со све дупчето , но без јајцето внатре ) . После некое време посматрање , решив да си одам , а како стануваа сите да се поздрават се створи гужва , и женава дојде до мене и ми шепна дека иако е буквално без мозок , знае дека не живее нормален живот , и дека сака да избега од таму . Ме молеше да дојде со мене , па и дозволив . Се искраде од дома , влеговме во такси , и се најдовме на оние возчињата во големите Луна Паркови вакво . Направивме сообраќајка со вагончето полно со луѓе . Женава што беше со мене и беше исечен стомакот , оној подуениот дел и висеше крв на сите страни . Ја прашував дали ја боли ми рече да била бремена ќе ја болело , бидејќи не е , не ја боли .. И тука се разбудив потресена , what the hell was that ?
Пред недела дена сонував како умирам во рацете на тој што го сакам (но не сум со него во реалноста.) Т.е сонував како со пиштол убивам еден другар (со кој што во реалноста секојдневно се каравме) и пред да умре и тој мене ме пука со пиштол над срцето јад го оставам и собирам храбост да бегам и откако сум стасала пред мојата куќа целата во крв поминало момчето кое што го сакам превише (но во реалноста сме разделени веќе голем период) и сонував како тој ме гушка и ми вели ти ке ми умреш в раце вимни брза помош... и така слушајки и копнеејки по него јас умирам во него... Многу езив сон ако знае некој да ми каже што значи... А и откако го сонував тој сон со детето што де карам нон дтип не се караме
Кучка,знак дека имате верни пријатели.Кучка со многу кутренца:нови познанства. Бело куче,пријатно познатство
Ве молам, дали некој знае да толкува соништа? Сонував многу лошо, во принцип два пати во животот имам сонувано вака лош сон-кошмар и одредено време не можам да се соземам како навистина да се случува. И во двата случаи после некој ден се случија лоши работи. Сега истото ми се деси, преплашена сум да не се случи нешто. Ве молам доколку некој знае да толкува да ми пише
Јас сум голем верник во Бога па јас можам да ти кажам што јас правам во слични случаи. Прво, штом ќе се разбудиш од сонот плукни ( на навистина него знаеш демек ) три пати на лева страна и продолжи да спиеш на десна странс. Второ, на никого не си ги прераскажувај соновите. Трето, пробај да не мислиш на соновите дека инску што многу размислуваме тоа го привлекуваме, опушти се и надевај се на најдоброто. Мои совети.
Пак јас. Сонував дека купуваме имот со маж ми два дена по ред. Во првиот сон со маж ми купувавме нива , крајот не и се гледаше колку беше голема . Во реалноста свекрва ми има таква нива во наследство од родителите. Сеуште нема одлучено што ќе прави со неа ( дали ќе ја продаде или ќе ја наследат золва ми и маж ми, јас и онака не се мешам во туѓ имот ). Вториот пат , сонував дека со маж ми купуваме стан или куќа . Во соба бевме разгледувавме . Се сеќавам дека собата имаше големи пвц прозори и многу се радував на погледот од дневната соба ( иако во сонот не го видов погледот од внатре ). Некој да протолкува?