Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнам зошто ама многу често сонувам чудни сонови

    нокеска сонував еден од бившите како почнал да ми купува подароци, ама не сакал да ми ги подари, само ми ги покажал, со други зборови треба да ги заслужиш, и ми кажал ако сакаш ке те испратам до дома, а на кауч седната мајка му со некоја баба ме гледаат чудно и нешто ме распрашуваат.Што би можело да значи сонов?

    во вистина врската не успеа оти беше премногу скржав, а доколку преминевме на посериозно-брак ке беше мрак, оти самиот ми кажа дека ке ме направел домакинка и немал да ми дозволи да работам, а по терсене човече не сум видела, а мајка му малку фалеше да ме натера да копам во нивните ниви, ама јас за срека ми дојде на време паметот и побегнав од таму.
     
  2. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Ете ти го значењето сама си го анализирла сонот,само запрасај се засо го сони него?
    мислам на бишиот ;)
     
  3. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Ти кажува самиот сон што да направиш! :)
    Те чува воето ангелче, и ти одминала смртта :rock:
    Оди таму кај што ти кажува у сонот да одиш, пошо прочитав дека можеш,
    мислам дека не те чини ништо! позз
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Ноќеска сонував дека баба ми(која премногу ја сакам) починала, а јас сум била на факултетот со дечко ми, тој полагал некој испит. И од таму ме извикале моите, мајка ми, дедо ми, вујко ми, сите облечени во црно да побрзам на погребот на баба ми. Многу тешко ми беше, многу плачев, мислев дека ќе пукнам од болка. Подоцна сум се вратила пак кај дечко ми и тој ми кажал дека положил со 10ка. Што значи ова?? :^)
     
  5. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    па знам дека на сон да умре некоја блиска личност на сон, и умира лошото ,смртта како да се изразам :tmi:
    углавно убо е за баба ти ;)
    а дечко ти нема врска со сонов онака дека е дел од твојот живот
    п.с(да не помисли некој дека се праам фраерка :$ )
     
  6. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    па знам дека на сон да умре некоја блиска личност на сон, и умира лошото ,смртта како да се изразам :tmi:
    углавно убо е за баба ти ;)
    а дечко ти нема врска со сонов онака дека е дел од твојот живот
    п.с(да не помисли некој дека се праам фраерка :$ )
     
  7. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Лоријана ај ма кажи ми мене што значи да сонуваш како се гледаш во огледало? м?
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Пред некој ден сонував како разговарам со една другарка, се договараме нешто, и таа ми вик „добро Ариел, нема проблем“ :D
    Инаку не знаат другарките мои дека пишувам на форумов, па не знам зошто, ама се стресов од помислата да бидам откриена :)

    Не сакам ни да помислам што ова со откривањево може да значи и ќе се држам до заклучокот дека можеби премногу време сум на форумов, па почнав и да го сонувам :D
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Што значи да сонуваш чорапи?
    Две црни и две жолти, конкретно. :D
    Сум задремала денеска на школо, цело време ги префаќав околу ранец, а тие ми бегаа. :rofl:
     
  10. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Малце подетално да го опишеш сонот?
     
  11. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Само на тоа се сеќавам. Сум била некаде а било стара нова година, и јас подолго време се гледам во огледало и тоа големо огледало, целата се огледувам
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Јас сонував како сум имала малечко, рунтаво кутре, ама онака ептен малечко, и сум го бркала изгледа, и кутрето падна во подрум кај мене дома, ама оадна од високо и јас додека го гледав како паѓа мислев дека доле ќе се распрсне. И се стрчав по скалите надоле, а на него не му беше ништо, само едното раче како да му беше вовлечено наназад. И кога ме виде, толку беше бесно што паднало поради мене и почна да ме мава со камења, сакаше да ме убие, а јас почнав да бегам. Знам дека звучи смешно, ама со малата шепа кога зема еден камен, мислев толку ми беше. Може ли да ми каже некој нешто за ова?
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Лоријана

    тоа што го сонував е бесмислено, оти јас веке не комуницирам со тоа типче
    а во сонот што се појави собата, во која се одигруваа настаните појма нема ни каде се наога
    и мене неколку пати ме одминала смртта, а знам дека имам неколку ангелчиња-чуварчиња и ме чуваат и штитат :* :inlove: им благодарам за тоа
     
    На lorijana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Рејнбоу

    куче не мозам да најдам во цоновников ама најдов што значи да фрлаш камења во сон-ке се дознае твојата тајна
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Па јас не ги фрлав, ги фрлаа кон мене :?:
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сонував дека ме киднапирале :( ама сум им избегала :muscle:
    Али и кога се разбудив имав чувство на ПРЕГОЛЕМ страв, како и во сонот.
    Знае ли некој да ме протумачи?
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Пишав пред некој ден ама никој не ми вратил ај ве молам ако некој знае нека ми каже што значи мојов сон...пошо имам проблеми со покачен пролактин - хормон кој е поврзан со млекото се загрижив од сонот..

    мојот сон е:
    Сонив како од десната града ми тече млеко, како што си се туширав вака поднаведната и гледам од десната страна си тече млеко :( што значи тоа дали некој знае? :worried:
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Cонував како сум во дневната соба со Зелко Јоксимовиќ и неговите родители,тој си седи и само посматра,мајка му ми зборува како тој е голем гурман и што се‘ сака да јаде,татко му едно фино,насмеано,позитивно човече шири весела атмосфера наоколу.Нека не ми се лутат неговите фанови,ама мене тој не ми е привлечен,убав си е човекот,ама не е мој тип,па нема никакви шанси да сум размислувала за него,па затоа сум го сонувала.Знае ли некој што би мозело да значи?
     
  19. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    А што значи кога сонуваш дека имаш односи со мажот?
    ај нека ми каже некој, гол човекот плус му се гледа половиот орган...не знам што ќе е!
     
  20. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Сонував како прстиве на рацеве ми биле наредени со прстени златни еден куп. Сите што сум ги имала, сум ги ставила :lol: ПА не знам на кој, ама покажував и објаснував кој прстен од кај ми е, кој ми го дал, танки , дебели, со камчиња, дури и од помала шо имав едно прстенче сум го носела , па и две белезици златни, едната со камчиња ситни, многу убава...Мислам дека убаво е злато да сонуваш,ама ако знае некој што значи сонов,...тука сум :D