Здраво,сонував долга скала,а јас стоев на најгорното скалило кое беше многу високо и наеднаш почна да ми станува лошо и се симнав,што може да значи ова?
Сонував како убивам човек кој што никогаш пред тоа го немам видено во реален живот (непозната личност). Не верувам во соновите дека носат некој си знаци ова она али ипак зезнато е малце да се разбудиш сам во куќа у 3 саат ноќеска после таков сон
Сакам да прашам што значи да сонуваш свадба, туѓа беше свадбата не го познавав младоженецот ниту невестата, свадбата беше голема не ги знаев луѓето на неа.
Не ми текнува што сонував пред 2-3 вечери ама знам дека бев преисплашена.Мајка ми памтам ми рече : што ти е, шо сањаш” Знам дека дрднав нешто. Ова втор пат ми се случува во месец-месец ипол да се преплашам и да зборам или се дерам во сон.
значи и ја ќе почнам прљави бизниси изглеа со боатењево нечесно Иначе да, памтам како намерно со умисла да го убив човекот во сонот
Што значи ова што сонував? Дека другарка ми многу млада почина од рак пред 2-3 год . И пред да се разбудам денес сонував дека на свадба бев и другарка ми што починала ја најдов таму и таа беше бремена, облечена долг фустан со виолетова боја и викам ти си жива не ми се верува, на мајка и викам зошто лажевте дека е мртва и таа ми викаше дека беше бремена и од тоа се криеше. Ја и викам на другарка ми : ти знаеш колку ме уплаши ти си жива не ми се верува ( она незнам дали ми збореше не се сеќавам но како да ми рече нешто) Што значи феминки?
Сонував како ми паѓа преден заб,во раката но немав болка.....освен смрт,но без болка што друго би значело??
Другарка ти ќе биде во некоја ситуација што ќе и ствара тежина(тоа е што си ја сонувала бремена), ова мртва па жива, ќе успее да се избори со ситуацијата, ама ќе и останат некој како 'последици'. Болест или смрт на некој твој близок.
Neznam sto znaci da sonuvas edna ista maska licnost.Imase eden tip go zasakav no mnogu me povredi i se trgnav od nego iskreno me iritira i koga kje se setam na nego.No sekogas go sonuvam nekako vo koj me odbiva ili ima devojka pa ja laze devojka mu deka e so drugarka i nekoi takvi bezvezni sonovi drug pat pa go sonuvav kako sakal da ja udri majka mi pa sum placela vo son go sonuvam 3,4 pati vo razlicni sonovi
Сонував како одат на гости со другарките имало маси со бели чаршави и само едни колачи на маса и сум зела да пробам биле превкусни,а потоа дојде еден човек седна до мене со ќерка му мала околу 1 година и била многу немирна и мавала со нозете на кај мене,знам дека се глупости ама морав да пишам можи некој знае што значи
Многу глуп сон сонував, сум украла од кај едно девојче 1000ка и ме видела некоја жена кај нејзе дома и ми рекла ако земи ги од сладоледите се.И сум ја гледала уплашено и сум заминала.Девојчето го знам, она мене не ме знае, Женска е на едно дете што се гледавме. Барав на соновник : крадење немаше ништо. Пишав девојка и ми искочи: некој постојано ве лаже и ви ги изобличува фактите. Имам една личност во моја близина која буквално како крлеж ми се има закачено и не се откачува никако.Таа личност секој можен ден ме лаже без усул веќе.Знам дека лаже ама се правам дека и верувам се да видам до кај ќе тера.Ама ужасно ме нервира и гуши. Мене ми има логика ова, вам?
Има. Таа личност те вознемирува,а ти треба да преземеш нешто,да се соочиш со истата и потоа да се оддалечиш од неа.
Преќинав да и зборам во школо, ја избегавав и ми се откачи.И после еднаш и кренав на телефон и пак ми се закачи. Завчера ме излажа во лице за нешто што знам мноогу добро дека не се случило и дека нема да се деси, и премногу се изнервирав пошто намерно ме лаже ми врти филмови. Ја само ја ,,поддржувам” и и викам ,,ако бе ти е гајле прај си што сакаш”. Не можам да ја смислам.Ако ми пукне филмот лошо ќе биде
И потсвеста веќе не ти толерира.Ако сакаш кажи `и дека знаеш дека лаже,ама битно чим е таква немој више да си го трошиш времето на неа.