Девојки сонував како сум била некаде на прошетка и сум се заљубила во ром, а и тој во мене, се гледавме цело време очи во очи и само ми рече дека мора да ме бакне јас се тргав зошто тој беше ром но сепак ме бакна во образ а мене ми годеше бакнежот сум се заљубила во сонот и кога се разбудив целата бев возбудена од бакнежот сакав дури да се вратам во сонот
Што значи одев на езеро со роднини и мајка ми и тоа било многу блиску до нашата куќа,многу мирно езеро без бранови ама водата не била бистра некако било темно и јас на нозете сум имала многу влакна и сите почнале да ми се смеат и сум заминала сама од плажата оти ме усрамиле
Девојки ај ако некоја знае што значи ова? Сонував машко, кое го познавам но не сум го видела години. Во сонот машкото носеше јакна, вентијага зелена, како тие монтките на времето што беа. А беше лето надвор, и исто така беше темница, имаше и други луѓе негова фамилија, кои како да не испраќаа. Ние сме им биле гости и они не испраќаа, а машково носеше зелена јакна, вентијага. Што може да значи? Инаку со луѓево фамилијарно се познаваме
Сонував змијарник пред влезната врата од мојата куќа. Длабоко беа но почнавме да ги чистиме. Беа многу мали и сите беа зелени. Некој да ми каже ако знае шо значење има ова???
Пазете да не станете преблиски со некои пријатели што штотуку сте ги запознале ИЛИ пазете на тие што веќе ви се домашни пријстели, не ви мислат добро. Такс за мене би значело
Help devojki Imav mnogu nikakov den i zaspav i imav uste ponikakov son. Deckoto sto mi se dopagja za ozbilno bese na nekoja proslava. Do nego imase nekoja nevesta i jas se skameniv. Posle vidov deka tuka mu se kolegite od rabota i site mazite se obleceni kako mladozenci a zenite kako nevesti, ispadna kako toa da e maskenbal i jas se smiriv. Deckoto bese mnogu radosen vo rakata imase plisano mece I otide se izguska so eden covek. Potamu vidov eden postar covek, eden pomlad mi otide i go bakna vo usta i stariot izbega. Posle sonuvav deka tatko mi mi zabranuvase da vozam tocak i mi velese deka imam nerealni zelbi i deka mnogu sonuvam. Posle otkluci eden sandal sto ne znaev deka postoi i izvadi nesto od nego.
Зелената боја е незадоволство од сопствениот живот. Мали, зелени змии-означува незадоволства од сопствениот живот кој ви го прават ситни, ниски луѓе. Се чистат/ или убиваат змиите-значи дека ќе ги тргнете препреките кои ви се наоѓаат на патот. Не знам дали погодив, имам некои книгички за соновник и натална карта, ама според објаснувањето на сонот ова би значело.
Има вистина во ова што ми го пишавте. Навистина сум незадоволна од животов. Се надевам дека ќе се среди како што кажавте и вие. Ви благодарам.
Костените тоа го означуваат, што поголеми тоа поголем е твојот ѕид помеѓу потенцијални пријатели или познаници нови
Леле луѓе кажувајте спас за лоши сонови? Секоја ноќ лоши работи поврзани со домот и лично мене. Многу ми влијаат отпосле, ги мислам цело време, ме фаќа страв..
Соновите се резултат на потсвеста и ги прикажуваат најдлабоките мисли, стравови и чувства за кои не сме ни свесни. Не ги мисли и не се плаши, ништо нема да се случи.