Здраво неколку пати ми се има случено да сонувам автобус цело време истите сонови еднаш сонував како од задната врата сум се качила во автобусот и седнав најназад другиот пат сонував како се возам седната во автобус исто сонував бев во бутик и другарка ми ги купи кусите пантолоно јас што ги бендисав и мн ми беше криво после тоа јас пробав други ама не ми се допаднаа бев разочарана и не ги зедов ако може некој да ми каже што значи ова
Aaa супер ти текнало така и беше разговор пишан само моето пишано не се разбираше у сон..оф ама па ова телефонски било
Колку што имам слушнато тоа значи дека некој од трето колено (со оглед на тоа дека е тројка) ке умре или тешко ке се разболи. Ако беше кец т.е. некој од најблиските итн...
Здраво на сите! Не верувам многу во сонови и не се замарам премногу но ми се има неколку пати случено а и на мои блиски да сонуваат некои работи и после тоа да се случи нешто несекојдневно. Ноо, пред две три недели сонував како со моето синче стоиме во некаква соба, не се сеќавам точно што како и пред нас на креветот имаше едно бебенце. И една жена ме прашува као дали е машко а јас и одговарам дека е женско и демек било мое. И во тој момент се чудам сега откаде мое, и плус си помислив дека сакам машко (а пред да се роди син ми сакав ќерка но откако си го имам сеедно ми е веќе за второ, машко или женско, да е здраво и живо нели). Кога се разбудив се замислив малку за сонот, ми беше убаво затоа што сакаме уште едно детенце секако. Истиот ден веднаш после сонот бев во овулација (осетив како ми излегува слузеста материја утрото) ама не се оптоварував со мислата за секс и обидување но по иницијатива на маж ми бидна работата. ИИИИ сега убавата вест, пред некој ден разбрав дека сум бременаа. Е ај сега како да си го објаснам ова. и дали да си верувам на сонот дека ке биде навистина женско? Скептик сум обично но ова ми се случи и не можам да си го објаснам. Само си посакувам се‘ да е во ред. Што мислите вие за ова?
Јас за време на бременоста сонував дека носам машко дете , и првото испадна машко . За второто сонував девојче , и се роди девојче . И двата сона ги сонував кога бев втор-трет месец од бременоста . Верувај , можеби ќе ти се оствари . П . С . Со лесно бременоста
Многу неубаво се осеќам овај сон дури и главата ме боли значи едно момче со кое излегувавме и сега сме разделени ми рекол дека мора да оди со некоја бивша девојка на одмор и јас сум верувала дека така е дека не ја сака и потоа сум видела слики дека биле не места кај што ние планиравме да одиме и тој на сите слики бил гол само по шорцој и имало бела кола во позадина и на крај сум сфатила дека ме лажи и дека таа му е девојка а до тогаш не сум била свесна
Не знам зошто веќе 2-3 години ретко сонував. Последните 2 дена ме убија соништа.Само да затворам очи и сонувам. Првиот сон беше дека сум правела 3 теста за бременост во исто време, сум добила два позитивни и еден негативен. Следното беше некоја чудна куќа и таму со девојче со кое веќе не се деужам сум седела и сме јаделе сладолед. Сум влегла во другата соба а таму седеле еден човек кој го познавам(повозрасен-пензионер) заедно со мојата поранешна козметичарка и јаделе пица. Сум влегла само и сум кажала здраво. Без врска... Вчера напладне легнав после работа и сонував како во некоја продавница некое мало девојче ми земало ми украло пари (не беше голема сума) и не сакала да ми ги врати, ги стегала во раката а јас сум плачела додека татко ми целиот нервозен се обидувал да и ги земе и ја стегал раката а таа не попуштила. и така се разбудив. Синоќа пак сонував некои тешки глупости на кои не се сеќавам.
Сонував како мајка ми влегува во мојата соба и ми кажува како соседката до нас починала,сонував и народ кај нив и капки дожд,јас во сонот бев потресена и изненадена.
Dali mozete da mi pomognete so ovoj son Vo sonot imav pocinata sestra i deckoto sto mi se sviga nea I bil soprug I bile pominati godini od nejzinata SMRT. I lugeto ne znam sto se slucilo kako razbrale no mi izvadija muabet deka edvaj sum cekala sestra mi da umre za jas da bidam so nego. Jas se branev deka toa ne e vistina, deka sum bila dete koga mojata sestra bila ziva a ne znam od kade znaea za ljubovta.samo moite roditeli bea dobri so mene I zaedno jadevme bonboni. Mene ne mi bese gajle za muabetot sto go izvadija ama glumev deka sum nesrekna. Posle vo sonot se setiv deka Nemam sestra pa izleze kako da bila kerka na tatko mi so druga zena I jas ne sum ja poznavala sestra mi ama taa i deckovo maz i znaele za mene. Spanska serija.
A predhodnata vecer sonuvav decko koj ne go poznavam i ne go sakav se obiduvase da mi stand decko I me baknuvase vo obraz.
Здраво. Јас сум нова тука, па сакам да ве прашам за еден сон кој многу ме мачи. Јас сум мажена и се обидуваме за дете. Мајка ми вчера сабајле сонувала како некој глас го изговара моето име и и вели дека не сум бремена или дека неможам да бидам бремена. Не знае точно ни мајками. Ако знаете некој или ако сте имале сличен некој ваков сон ве молам кажете ми, од ум не ми излегува што може да е. Фала ви
Ништо не е освен потсвеста на мајка ти. Апсолутно никакво значење нема сонот. Мајка ти мисли на тоа и само заради тоа го сонувала тоа, ја измачуваат мислите дали и кога ќе бидеш бремена. Опушти се и релаксирано, не се замарајте и не зборувајте премногу за обидот за дете. Се ќе биде во свое време.
Утро девојки Сонував како предниот заб се држи на лушпа од семка и дека сум ја тргнал лушпата и забот почна да се ниша и да тече крв но не падна туку сум го држел со забите цврсто.Ве молам ксжете ми што значи, испаничив цела, глава почна да ме боли..
Аман бе од еден сон ли? Најлошо што може да значи е дека веќе си спасила или ќе спасиш живот на некој мн близок. Ама пак не е лошо дека ќе го спасиш. Друга варијанта е развод твој или на близок. Или ќе оговораш некоја блиска особа. Вака значи ама јас искрено не верувам во ова бидејќи сонуваме поради нешто што веќе се случило, сме го помислиле или почуствувале. Ама да се потресуваш за еден сон не е ок.
Уф, знам дека кога сонуваш заби е нешто лошо поточно кога ти паѓаат ама ете паничар голем сум.. Уште па коа ќе читаш по нет за вакви работи..