ве молам да ми помогните.....сонував како водам љубов со еден дечко кој го познам, симпатичен и е , а знам дека и јас нему му се свиѓам, го немам видено една недела, никогаш не сме биле блиски освен едно здраво , ако со друштво идеме на кефе и он е таму....тоа е се помош што значи ова имаше стасни бакежи и жешка предигра
Мислам дека ваквите сонови обично се сонуваат од копнежот што постои кај тебе по него. ЗНачи можно е премногу да мислиш на него, да го посакуваш а и зависи од хормоналната состојба Како и да е, дај Боже да ти се оствари сонот (ако сакаш , се разбира)
Бев многу уморна сабањево , легнав 2 саати да отспијам ...сонував како сум јадела нешто благо и одеднаш еден заб ми се раскршил на пола...од прво ми помодре забот а потоа полека и бавно почна да течи крв...знаев во себе дека кога крвта ќе дојде на површина многу ќе ме боли ..и навистина крвта почна да теши како вулкан дури и низ уста почна да блика..трчав дома да му кажам на моите и за да ја плукнам крвта но патот беше премногу долг .. ако знае некој да ми кажи што значи мојот сон ?
Зависи кој заб ти се кршел, кршење значи болест ако е поназад на некој подалечен роднина, а ако се предни заби значи поблиска фамилија, крв исто така означува неуспех, загуба толку знам од моето искуство со сонови
жени да ве прашам мајка ми сонувала еден страшен сон,сонувала празна соба и во него сам о еден крст како оној дрвениот кој се носе на погред,на него пишувало -свети и друго неможела да прочита понатаму.собата била празна и само крстот бил во неа исправен и потпрен на ѕидот.ве молам ако некој знае нека ми пише,што значи сонот,мајка ми е исплашена многу?
јас сонував како ме гризнува црно куце, и потоа на раката гледам отпецаток од неговите заби. имало и други (и тоа сите црни) куциња, а потоа на истото тоа куце му викам да ме одбрани од другите.....и? сто мозе ова да знаци?
јас сонував како ме каснала една голема кобра и тоа два пати, почувтвував страшна болка, но и малсканост, како да ми поснемува силата, но не ме уби, кобрата беше голема и црна и на главата имаше нешто како железо во вид на триаголник и свртен наопаку, едно време исчезнала, односно се повлекла, но јас имав претчувство дека пак ќе ме нападне ама не, исто така цело време во сонот чувствував како некој ме чува нешто невидливо, а многу силно кое не дозволи да ме убие. баш ме интересира ваше мислење!
Мислам дека го сонив дедо ми кој е починат.Не се сеќавам на целиот сон,но знам дека сум отишла кај баба ми и мислам дека сум однела некои исперени алишта на неговата сестра која е жива и сеа место она тука дедо ми среќен ми угодува,и јас велам зашто е толку мил и добар,како да сум сторила нешто добро и тој е горд со мене,и иам чуство дека го гледам за последен пат(во сонот си мислам дека јас ќе умрам),и на крајот ме бакнува и се разбудив.Ама цело време чуствувам како го гледам за последен пат,како се збогувам со него.Леле многу сум исплашена,сега само што се разбудив и не можам да заспијам.Знам дека не е добро да бакнеш мртвоц,ама и да те бакнат.Знае некој подобро да ми го протолкува сонот? Ве молам девојки,испаничив ептен!
Веќе подолго време сонувам како една иста особа ме убива. Прво сонував како ме боде во градите, потоа сонував како ме прободува со нож во стомакот, а пред некоја вечер сонував како ме претепува до смрт. Во сите три сона на крајот јас со раката на ѕид оставам дамки крв. Но во последниот сон (кога ме претепува до смрт) во еден момент ми испаднаа сите заби и многу крв ми течеше од устата. Многу се плашам од овие мои грозни сонови. Веќе незнам што да мислам А сабајлево сонував како со сестра ми сме се враќале од свадба преку еден циркус и почнале тигри да не бркаат. Ме интересира ваше мислење.
Што значи да сонувам како ме нападнале рој оси (ама не ме боцнаа нигде, само така лазеле на мене и околу мене )
Сонував синоќа чуден сон, со една пријателка(со која не се имам) и со нејзиниот дечко сме скокале една мала рекичка , така водата бистра, чиста си тече, потоа сме отишле кај мене и јас ги служам со слатки ама милион врсти на слатки, јадеме се смееме , што може да е, а инаку со пријателкава се немам веќе 3 години
-ако ве боцне оса - разочарување, клевети, интриги -ако бркате оси - разделба со некое драго лице -осино гнездо - голема загуба -ако убиете оса - несреќа (така вели овој соновников што го читав пред 2-3 минути ) кала 007 Значи си сонувала убиство, те убија ли на крајот во сонот? -тоа би значело штета и болест, крвта била твоја значи ќе ти ги платат долговите, ако крвта била разлиена - непријатности, ако крвта била црвена (очигледно ) значи ви претстои радосен настан, ако имаш крвави раце - не мешај се во туѓи работи. РЕЈНБОУ куче што лае на сон значи дека ќе добиете поволни вести, ако во сонот си играте со куче ќе се смирите со некого, ако кучето на сон е бесно тоа значи грижи, а за подрумот - ако гледате како некој влегува (читај паѓа) во подрумот - тоа значи да не се плашите од своите непријатели... ај хоуп ај хелпд во случај ништо од она погоре да не разбравте, еве проверете http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php
Поглупави сонови од моиве деновиве и на гугл да барате не можете да најдете! Сум сонувала дека на брат ми му било именден и сите му носеле подароци, а на мене се ми давале тродупло помалку од тоа на него и многу сум се нервирала дека мене за именден не ми донеле ништо. Па така изнервирана, ја викнав другарка ми да шетнеме до продавница. Отидовме што отидовме, требало пред продавница да си соблечеме папучите, па кога сакавме да излеземе ги немаше моите папучи. Враќање рикверц и почнав да му се дерам на продавачот, да фаќам на подот и да му покажувам дека е прљаво иако газиме боси, а тој фино ми џитна едни розеви пластични папучки со цветчиња и ме исфрли од продавница. Одејќи накај дома, ја сретнав симпатијата и си се разминавме како да не се познаваме. Кога дојдов дома пак, демек некоја роднина од Хрватска ни дошла и не се сеќавам веќе. А вечерва ги вадев мустаќите што ги немам. А за да биде уште потрагично, не ги депилирав со лентички туку со брич. Па кога ми се направи едно туце под носот... Глупости.
Ја па сонував пред некој ден сум отишла кај некоја циганка така помлада у сред ноќ и сме гледале нешто на пц а муж и спиел И се разбудил и почнал да ме брка...После таа циганката ми дала некој саат и сум и го покажала на баба ми многу и се свиѓал!
Мојов сон беше,ми се чини прозвод на потсвеста. Неколку дена сум скарана со мајка ми,а со татко ми одамна немаме направено асален муабет,ниту сме се прегрнале. Е,сонот беше - првиот дел бевме јас и мајка ми во кујна и зборувавме,мислам дека ја прашував зошто ми е лута... не знам не ми текнува..И дали нешто се расипа или не знам,мајка ми одеднаш ме гушна силно силно и ми рече заедно можеме да го поправиме! Вториот дел од сонот - јас мајка ми и татко ми се шетавме на патека,обрасната со треви одстрана и само една клупа.Сме се шетале и сме зборувале,така за општи теми..Седнавме на една клупа и двајцата ме фатија за рака,и ме гушнаа..јас почнав да плачам и навистина испуштв солзи,видов бидејки се разбудив.. Ако некој постручно(да речам)може да ми го објасни,нека ми го објасни..ако воопшто има објаснување
Чуден сон сонував. Со дечко ми шетавме низ родниот град, ама не на чаршија или кеј, туку по некои мали улички. И баш бевме блиску до кај мене дома, каде има еден дисконт, а во дисконтот носеа роба. Ама робата ја носеа со трактор, во голема приколица И што ни текна не знам, ама се договоривме да украдеме по нешто од приколицата. И одиме така накај приколицава, дечко ми зема пакетче цедевита и го пикна во џеб, а јас посегнав по ресани, а инаку во реалноста не ги сакам Ама тие први ми се најдоа. А ресаните биле отворени, неспакувани. И таман да земам јас некоја да пикнам во џеб, ме фатија. Почнаа да не прекоруваат, а ние се фативме за рачиња и така весело со гласна смеа побегнавме од таму, без ни малку срам за тоа што го направивме. Од овој момент па натаму, сонот се претвора во хорор филм. Некако се префрламе на друга улица, надвор нема жив човек, а насекаде лазеа лебарки големи околу 3-4 сантиметри Потрчавме накај дома, а попат ни се случува триста гнасни работи што само на филм може да се видат. Лебарки не обиколуваа, лазеа по нас, а ние така ги отфрламе и продолжуваме напред. Кога конечно стигнавме кај мене дома, моите ни кажуваат дека всушност има инвазија на лебарки во цела Македонија и дека е прогласена вонредна состојба Гледавме вести, кажуваа за лебарките и како да избегнеме да влезат во домот, дека се паметни, т.е дека размислуваат и дека се опасни по живот. Надвор се стемни, дојде некаде околу полноќ и ние легнавме да спиеме. Таман подзадремана малку, почувствував како нешто ме лазе. Лебарките успеале да влезат дома И така очајно се обидував да ги истргнам од мене, претав со рацете, ама не викав, туку тивко го правев тоа. Никој друг не разбудив, бидејќи само мене ме лазеа, па не сакав да ги разбудам другите И така после неколку минутно измачување, се разбудив. Уфф, гнасен сон! АЈ некој нека ми го протолкува
Jас сношти незнам по кој пат сонував дека сум невеста,бев многу слаба,и напред кај фустанот имав шлиц,и нозете ми се гледаа бев многу секси а зетот го немало,сите не чекале,а на крај не сум се мажила
Јас сонував ноќеска нешто многу одвратно, т.е. во тоа кратко време колку што спиев од 03-07 часот. Сонував како на десниот очен капак ми се откорнало кожичка, но не ме болеше, немаше крв, едноставно го протрив и - исчезна, остана празно, проѕирно. Една блиска личност ми даде крема за капакот, да се намачкам за да ми помине, не се сеќавам точно која, но се чувствував смирена и заштитена после тоа. На крајот од сонот, од левото око овојпат ми падна цел ред трепки. Знаете како кога одлепувате вештачки трепки, ама замислете дека сте имале 2-3 пара и едниот би се одлепува. Ете баш така падна и ми останаа само неколку трепки на левото око. Што значи ваквиот сон? Не можам да пресечам какво чувство провејуваше, имаше малку страв на почетокот, па бев смирена, па некако на крајот... ко ужаснато задоволство. Многу чудно. Anyone?