Баба ми, инаку почината е, ми вели дека за да сум со дечкото што сум во врска, треба таа да умре, за да сум со него. Јас и давам некакви апчиња и таа умира, потоа се каам. Дали некој знае што значи овој сон?
Дали некој знае сонував ранец бил многу убав ама не бил нов и сум рекла ќе го носам преубав е иако не е нов и потоа до ранецот најдов две рала топлинки(папучи) едни црвени други бели Ве молам ако знае некој нека пиши,имајте убав ден
Другарка сањала дека сум останала трудна од постар човек и дека ме оставил. (2 месеци сум била) Што може да значи? Едно девојче ми рече значело болест (за мене демек)
Sum imal uzasni kosmari, plus nekad imam sleep paralysis, nikogas ne sum veruval vo sonot nitu vo paralizata, zivejte si, sonot e samo kup misli koi ve preoptovaruvale i nisto drugo
Сонив дека јас сум му звонала на бившими но ми се јавила девојка му ,и се зезале со мене и јас сум исклучила телефон и сум го блоокирала Што значи?
Што значи да сонуваш викање во сон ,сум се дерела не ,пушти ме .Тоа бил некој машки лик што го видов и сум се развикала.И во сонот ме слушнале другарка и татко ми
Здраво , сонував дека сум ги прекршила постите ( инаку постам ), и тоа го сонував синоќа ноќта пред денешниот празник , дали некој можеби знае што значи?
Стравот/грижата кој потсвесно го чуствуваш преку ден да не го прекршиш постот избил во сонот на површина. Во сон ни се исклучени кочниците и се она што преку ден не си дозволуваме да го осетиме до крај, го потиснуваме или занемаруваме, си го доживуваме во сонот. И тоа баш максимално ги доживуваме потиснатите чувства зошто кога спиеме не функционираат механизмите за инхибиција на емоциите.
Ова може повеќе говори за тоа како другарка ви вас ве перцепира или што таа чуствува за вас или вашата ситуација, отколку лично за вас. Разговарајте со неа за овие теми. Јас така мислам, штознам..
Да, во право си дека некогаш ни испливуваат во сонот работи од потсвеста.. но, многупати знае и некои сонови да имаат преносно значење ако умее некој да ги толкува и на јаве се извршуваат. Барем мене ми се има случено, па и на мои блиски што ми кажувале и верувам.
И јас исто така верувам дека има вистина во тоа. Премногу пати ми се случувале да ми претскажат нешто соновите, ама секогаш ги толкувам од аспект на тоа што тие симболи мене ми значат и какви чувства ми побудиле. Никогаш не сум следела соновници и народни толкувања.
И верувам дека сонот може да има и лековита улога, мотивирачки да делува кога ни треба или да не предупреди кога треба да обрнеме внимание на нешто.