Здраво, ќе може некој да ми каже што значи сонот. Сонував како лежам во дневната соба на моите родители и сум сакала да спијам, од едната страна седела мајка ми а од другата страна на фотелја седел татко ми и си зборувале. Тогаш сум слушнала како мајка ми му рекла на татко ми дека некоја жена оставила мала ташна со облека за ќерка ми и јас сум се налутила и и сум и рекла на мајка ми повеќе да не прифаќа облека од таа жена. Тогаш сакав да го погледнам татко ми и додека да го свртам погледот кон него одеднаш се појавила жената и седела на столот на трепезариската маса. Јас сум сакала да и кажам нешто ама осетив дека не можам да дишам, како да се гушам и се разбудив. Не го отворив очите од страв, осетив дека устата ми е отворена како кога ја изговараме буквата "О" и слушнав како испуштав некои звуци, како да вме давеше некој. Ве молам да ми каже некој што е тоа.
Што можи да значи, ни пристигнале поклони по пошта но имало само стари алишта кои не ми се допаѓале и во еден плик имало пари книжни за сите од фамилијата
Ај ќе напишам поише сонови што сум сонувала а не сум пишала на темава. прв сон: сонував кај што ми се мота жолта змија околу прстите на ракава толку беше реално што кога се разбудив мрдав со рацете проверував дали е тука исто со змија сонував ја пречекорив и ме касна за нога и бев исплашена друг сон: поише пати имам сонувано некој кај што умрел од фамилијава трет сон: сонував кај што. дојде братучедка ми кај нас на гости и јас цело време ја барав ќерка и каде е прашував и таа на крај ми рече не ја носиме за да не ни прави проблем не ми текнува друго кој знае нека ми одговори
Сонував како ми падна заб. Со оглед на значењето мн сум вознемирена. Дали тоа се однесува за блиска личност или општо за некој од семејството? Ваше мислење ве молам?
Колку е понапред забот ( кец,двојка) толку ти е поблиска личноста (во фамилија значи), колку е подалеку (5,6,7) толку е подалечна личноста што ќе се разболи или недајбоже почине
@mar3q јас мнооооогу често имам сонувано како ми паѓаат заби, како ми вадат заби или пак ми се кршат. И ми имаат кажувано исто како @Fontana, дека некој или ќе се разболе или ќе почине. И ајдее после стресови дали навистина ќе се случи тоа. Со денови, дури и месеци сум мислела на тие сонови. И што се случило? - Ништо. - Апсолутно ништо. Сега веќе не се ни замарам ако сонувам заби пошто знам дека ништо нема да се случи. Не знам дали само кај мене е ова случај или навистина нема ништо од тоа толкување.
Не е само кај тебе. И кај мене се покажало тотално безврска и лажно тоа толкување, и ова со забите и други. Затоа и не ни верувам во соновник. Глупости.
Јас сонував нешто страшно . Бремена сум во петтиот месец , со трето дете ( морам да напоменам , бидејќи се работи за бебето , имам нормална бременост , плодот е здрав и нормално се развива ) . Вака сега : Сонував исто дека сум петти месец бремена , но ниту маж ми , ниту свекрва ми и никој друг од фамилијата не ми верувал дека сум бремена во петтиот месец . Ме однеле на породување во болница . Таму , без воопшто да ме проверат во кој месец сум , ми го пукнале водењакот . Многу ме болеше , и многу крв ми течеше , темно црвена по боја . Подоцна , дојде докторот ( што сакам да ме породи во реалноста ) и ја караше сестрата зошто ми го пукнала водењакот , без да види во кој месец сум и да провери дали е време за да се породам . Рече дека сега треба да ми го шијат водењакот на местото каде што е пукнат , но не се знае дали бебето ќе преживее . После неколку часа мачење и јаки болки , дошол маж ми со еден мој школски од основно ( не се познаваат воопшто инаку ) и негова бивша девојка ( што ниту сум ја видела , ниту ја познавам , од Скопје е девојчето , само толку знам ) . Девојката ме гушна одзади ( рацете ми ги држеше над стомакот , инаку сеуште не бев породена ) и се однесуваше како да ми е другарка . Мајка ми во цела ситуација , сама ми донела пижами и се по ред . А јас упорно сум им кажувала дека е рано за да се породам . Никој не ми верувал , велеле дека сум луда .
сонував пред некој ден чуден сон и ако знае некој нека каже дали е добро или лошо....сум била со другарки 5-6 девојки и сме седеле на некоја клупа,но од клупата нагоре имало црква и тогаш бил празник оа многу сум сакала да одам и таман се вртам гледам татко ми се качува по ридот и ајде јас сама со трчање по него, таму биле пријателите на татко ми само мажи собрани сум ги поздравила и ајде ќе се враќам кај другарките, по патот имало карпи и јас сум трчала многу лесно и сите гледале во мене како лесно трчам ,а не паѓам кога на една карпа ме сретна човек со брада и зелени очи на околу 30 и нешто години ме фатил за рамена и се насмевнал и јас сум продолжила со патот.....има некој појма дали е лош или добар сонот?
Ако ти подаруваат цвеќе - Многу луѓе ти мислат добро. А општо цвеќе значи дека наскоро ќе ја официјализираш врската со партнерот.
Девојки,ајде ве молам,која се разбира во сон...да ми го протолкува Вака јас бев застаната како малку на некоја далечина од некој човек и си викав леле колку е висок,А тој беше малку на дистанца од мене,беше седнат на некоја масичка,и носеше бела блуза со црвени точки.А во просторијата каде што бевме беше темница .некоја.фала Потоа друг сон,со тој ист човек Јас одев по една улица,и застанав на аголот на таа улица и таму имаше црква (инаку вистина на тоа место има црква)и таму имало погреб,тој човек стоеше таму со една висока плава жена.....А овде во овој сон јас бев облечена во бела блуза со црвени точки.
Сеа одлучи се за Тодорова сабота беше твојот иден маж или? Можеби ќе си најдеш некој што е со помала фамилија .
1. За Тодорова Другиот онака го сонував Јас не те разбрав,што сакаш да кажеш со ива,ова значи дека мојот иден сопруг има мала фамилија