Ајде некој да ми го протомачи сонов. Многу ми беше језив. Сонував како на братучетките татко им ми се пуштал да ме силува, и истовремено ми било и убаво и сум го тргала. И после сум избегала и сум кажала на моиве и на тетка ми и таа дошла и плачела се извинувала а мене ме обвинувале родителите како страм а јас сум викала дека не сум крива. Инаку со човеков немам некој контакт па незнам од каде ова ми дошло. После знам дека имаше една пештера со печка, печката била многу далеку и јас сум го гледала огнот и на некој сум викала се ќе биде во ред.
Сонував еден сон. Тетка ми (сестра на татко ми) со нејзиното семејство беше дојдена. Тие седеа у дневна мојата соба беше отворена вратата. Кај мене у соба седев со братучедка ми ми рече дека имала дечко 33 годишен од Лисиче(у сонот неколку пати ја прашав од каде е тивко збореше и звучеше) за нејзината свадба ќе носела круна јас си замислив напред со розев дијамант. И ја прашав иста како за матурата (а у реалнен живот на матурата не носеше круна). И после кажав јасно и гласно "ние ќе се запишуваме во матично" татко ми ме погледна од таму и ништо не ми рече ( а у реален живот ми има кажувано дека нема да ми даде да се мажам). После незнам од каде се најдов у село и тетка ми на татко сестра ми даде украсна ќеса отидов до Др соба имаше чоколади и 2 албуми на сликата случајно кога го отворив едниот албум беа 2 мои баби (на мајка ми тетки) сликани во црно обелечени. После негде патував со моите вујко ми вујна ми и нивната ќерка (и на сестра и свекор и тој највише возеше ) и само си ги мењаа местата. Еднаш знам застанавме гума да напумпаат. До мене ќерката на вујко ми седеше а десно од мене вујна ми и и реков чекај нема место за ( и името на ќерката го кажав). Ја погледнав не беше таа и таа застана ме гледаше убаво па седна нешто се замисли. И заврши сонот. Може не ни биле тие луѓе може со други луѓе што ќе ги запознаам у иднина сум се возела. Незнам. Се ми е некако чудно. Ако некој знае нека каже што значи сонов. А кога се разбудив прво што помислив како бе така без кавги татко ми дозволи да се мажам.
Дали некоја овде навистина знае или има мајка или баба да протолкува сон? Сонував сон кој не го помнам цел само крајот го знам, сонував како имам отидено кај моите (затоа што сум мажена), на вратата од надворешна страна стојам јас а од внатрешна мајка ми (почината пред година ипол) со куфери во раце и нејзината летна јакна и омилената ташна. Стоев јас и се чудев што е проблемот затоа што никогаш не се караа, беше многу лута, чувствував како да беше лута и повредена од татко ми (со кого по нејзината смрт не сме во комуникација ни во добри односи), ја прашав мамо каде ќе одиш, знаеш дека немаш каде ајде дојди кај нас знаеш секогаш има место. Таа не ми прозборе, не ја чув само ја гледав и замавнав со раката како знак да дојде и се разбудив. Цел ден мислам на сонов на работа бев како изгубен германец, замаена од помислата што сон ќе беше ова. Исто лани одкако и изнесовме една година ја сонував како ми збореше ме караше дека долго време си го нема внукот видено зошто не сум и го носела повеќе на гости, по три дена од сонот отидов со синот на гробишта и од тогаш ја немам сонувано се до сега.
Дечки, јас многу сонови што ги сонувам 90% ми се остваруваат. Сонував како ми паѓаат заби ноќта вторник кон среда (Ноември месец беше 2019) и по две недели сонот ми се оствари, татко ми почина истиот ден во среда, две недели после сонот истиот ден. Од тогаш сонував уште три други сонови (починат во ноември и оттогаш не го сонував се до мојот роденден), првиот, два дена после мојот роденден сабота кон недела беше. Пред да го сонував овој сон во петокот ми беше роденден, март месец. Братучедите дојдоа и ми донесоа чоколадо за роденден во петокот, вечерта го отворив каснав малку и си го оставив во фиока во мојата соба. Потоа ноќта сабота кон недела сонував како татоко ми дошол кај мене во истата соба, јас сум седел на столицата на компјутерот, седам го гледам влегува низ вратата и тој ме гледа и упорно се врти со главата накај вратата и пак ме гледа (фактички ме викал, незнам, така мислам) ама не станав да заминам низ врата, во другата соба седи и чека другар негов многу живееа починат е повеќе од една година и откако не заминав со него каде што го ставив чоколадото во фиоката, отвори и го зеде и заминаа со другар му од излезната врата. Потоа станав и заминав во другата соба и ги немаше, потоа се разбудив и одма истиот ден појдовме на гробишта со братучедите. Вториот сон ми беше, недела кон понеделник, прва смена требаше да станам сабајле, задремувам и требаше да станам, телефонот го слушам како ѕвони во сонот и како свеста да ми излегувала од телото во спиењето и го гледам татко ми како ме гледа од кај телевизорот, а јас упорно сум сакал да се разбудам и во сонот велам: „Ќе се успијам за на работа“ и упорно сум се трудел да се разбудам како самиот да си ја терам со сила свеста да ми се врати назад, а во тој момент саатот на дигиталната ТВ сум го гледал 04:35 во сонот и кога се разбудив беше 04:37. Третиот сон беше незнам во кој ден беше, не се сеќавам, каде што сни оделе на гробишта кај татко ми и ни се расипала колата сни застанале пред една продавница со чичковците и додека тие ја гледале што и е, јас сум појдол во продавница да купам сок TUBE овошен за таму. Заминав до продавница отворам во фрижидерот и го земам сокот, а сокот топол во фрижидерот и толку. Следниот ден, кога одевме за на гробишта ист сок зедов и го однесов таму ама истото како во сонот ми се случи ама само во фрижидерот, топол сок сум зел Сега пред некој ден, мислам беше минатата недела кон понеделник сонував повторно заби ама овој пат на дете или бебе незнам точно што беше, му беа попаднати и чичко ми во сонот ми вели намести му ги.
Луѓе јас пред некое време имав еден сон што толку беше чуден и уште памтам некои слики. Сонував дека еден познаник дошол да ме види, јас сум нејќела дека сум била договорена да искачам. Некако пак ми дојде дома и така нервозен скрши стакло и почна да го голта. Пикнав рака кај него у уста за да го вадам но ништо не помогна. Цел под беше со крв. Да напоменам дека истиот ден мајка ми и мој близок другар имале чудни соништа. За мајка ми не памтам но другаров сонувал дека некои чудовишта паѓале од небо, многу луѓе врискале и се криеле и ептен било хаос.
Луѓенца, знае ли некој какво значење има да добиеш пари во пликоа од личност од детството со кој немаш контакт долги години ?? Сум се дружела со таа личност многу како дете, ја немам видено ниту слушнатно за неа повеќе од 15 години. Многу чудно..
Баба ми сонувала како и дошла гатачка и и рекла го гледаш она девојче(а од спроти стоиме јас и сестра ми) и баба ми ја прашала кое и оваа ме опишала мене и и рекла е тоа девојче ќе праи свадба за 2 месеци, ќе се мажи. Какво значење би имало? Викаат соновите се секогаш спротивност, ваљда нема да се мажам
Ајде некој ако знае да ми каже Другарка ми ме сонувала како пеам во црковниот хор...ме прашала што бараш ти тука јас сум и рекла тоа сега ми е работа ...живеам во друг град прашала како ќе идиш сум и рекла дека секој ден ќе патувам.
1) Некој/а душман/ка плав/а имаш,особа блиска до тебе,ќе те навреди или повреди на некој начин.Ќе те здоболи затоа што нема да очекуваш такво нешто од таа особа. 2) Смрт на особа - долг живот на истата. 3) Мислам дека тоа е затоа што си го мислела тоа девојче или тоа истото има некој проблем - некоја тежина. Се надевам излегов колку толку во пресрет
Здраво феминки сакав само да прашам дали некој знае да ми го протолкува сонот на сонов една моја комшивка ја гледав како соблекува шарени блузи едноподруго и исто сонував др сон како стојам над чешма и нз што правев се миев и една жена од надвор ми зборувала не и го видов лицето и кога погледнав кон вратата кадешто стоев над чешма беше отворена
Јас се разбудив со страв сабајлево, сонував како вереничкиот прстен ми се скршил, мислам како мал дел од него да падна, го вадам од рака и цел се растегна, дури некако чудно, и на сон се каравме со мм, и после демек заедно го сликавме да му го пратиме на тој од каде што е купен, читам тука разделби, караници, и ме фато страв, сега не ми излегува од глава сонов.
Тоа значи деκа нешто ќе ти го пρесече патот но, ти убаво и хρабρо ќе се соочиш со новонастаната, неочеκувана ситуација.
Здраво другари, ајде едно прашање до вас. Пред две недели јасонував Св.петка и Св.Горги,после ден , два бевво цркваво Св.Петка и запалив свека, сега пред 2 вечери го сонував Господ. Какво значење би требало да има сонот?
Го сонуваше Господ ?? Чудно,затоа што Он,многу ретко се појавува во сон,а ако веќе се појавил сигурно е убаво без гајле.