Дали некој знае што значи да сонуваш златен прстен со циркони да го носиш на средниот прст на десната рака и некоја другарка ме прашала нешто и сум и рекла да да мажена сум?
Што значи да сонуваш некој бивш како го извикува твоето име? И го сонував неговиот лик, чист, многу младолик.
Јас имав кошмар пред два вечери. Сум заспала и сонував како влегол крадец облечен во црно (како нинџа) и ме фатил за нога, сакал да ми го земе телефонот. Јас плачев и се разбудив уште го осеќав допирот на ногата. Мислам
Златен прстен јас како што знам е или веридба/свадба или бременост со машко дете. Мене пред да ме запроси, често сонував такви сонови. Во секој случај убав е сонот
Починатиот родител татко ми го сонувам многу често но кошмари имам како одново умира или се самоубива . Што значи ова?
Сонував нешто штп ме вознемири и веднаш го запишав сонот за да не заборавам. Доколку некој знае да ми протолкува би била благодарна. Значи не е баш најјасно од еднаш го видов брат ми како во едната рака држи бела овца а во другата нешто железно не знам што беше можеби чекан и удира со него кафеав волк. Го удираше точно меѓу очи, му ја раскрвари главата, и во еден момент волкот како да оживеа и појде накај него а брат ми повторно го мавна и го усмрти. Фактички ја спасуваше овцата. Ама сликата како лежи волкот цел раскрварен беше ужасна и се разбудив. Толку беше
Што би значело поранешната девојка со која се уште не сме раскрстиле се да ја сонуваш и да те однесе кај неа дома , но нејзините се тргна не им беше пријатно од тоа штосум отишол кај неа. А додека бевме во врска јас имамстотици пати спиено кај неа...
Што значи да сонувам мало детенце или бебе не ми текнува ама братче ми беше го успивав кај мене на кревет? Иначе немам помал брат.
Ако беше водата чиста - здравје,матна - болест (настинка). Змиите - ќе те повредат / навредат некои личносту кои не очекуваш
Татко ми е починат. Сонував како и на сонот е починат но јас сум му го гледала духот и сме биле на кораб и сега за да си идеме имало стрмно место со многу тенок пат од таму требало да се поминува и сме поминале што сме поминале сме се вратиле дома мама на работа, сестра ми го видела татко ми, татко ми и рекол дека преживеал од страв демек кога поминувал покрај по стрмното патче срцето почнало да му чука јас одма сум и поверувала и низ цела куќа го барав и излезе пред мене го изнагушкав го испобацив плачев од среќа и почнаа да доаѓаат гости но не знаеа и јас им кажував и никој не можеше да поверува и влегоа кај нас дома и го видеа стварно дека е жив. И на крај мама сме почекале да дојде од работа па за да и кажеме и на неа и влегла и плачеше од радост и она го виде дека е вистина тоа што сме го збпреле.
Ве молам кој знае да ми го протолкува сонот. Сонувам како се гледам во огледало со бел фустан и венче од бели ружи.