Дали некој знае да ми каже што значи сонував како сме си ги извадиле прстените (бурмите) со маж ми и сме ги оставиле во знак демек на разделба, незнам точно не се сеќавам баш само ова ми остана во сеќавање.
Сонував како сум отишла во станот на бившиот, а таму биле мои поранешни 2 другарки кои се негова генерација и неговата мајка. Мајка му ме праша кај работи мајка ми и ми кажа дека ја познавала (а ние се немаме запознато), а потоа зема ќесе со пченка за пуканки и наросуваше по креветите и по земјата. Инаку се разделивме со него пред три недели. Дали има сонот некакво значење или не?
Здраво , мм ми ме сонувал со две змии една зелена и една жолта .. дали некој знае дали има некакво значење сонов?
Сонував дека некоја човеколика фигура ме вози во црна кола на напуштен пат, прилично личен, рамен, добар за возење, опкружен со зеленило и планина на десната страна, имаше и улични светла, но беше многу мрачно и тмурно. Од двете страни на патот имаше мртви мачиња и кучиња. Наеднаш некако се најдов сама точно на средината на патот, целосно парализирана в место со коњ пред мене. Го видов коњот како се доближува до мене со главата и со устата накај вратот. Осетив некое неудобно чувство и го видов коњот како полека ја трга главата од мене и видов како ми го откорнал грлото и стоејќи пред мене го јади, а јас осеќам како крвта ми течи, а не можам ни да мрднам ни да испуштам глас, едноставно стојам простум и го гледам коњот како го јади моето грло. Врска немам како да го сватам ова
Здраво сонував како сум била во некој салон (црковен) долг црвен килим и среден тука имаше повеќе жени во кој јас барав спас мислејќи дека се калуѓерки, но тие биле обични жени со шамии едната од нив беше со бебе во рацете и седеше на земја ми вика јас сум муслиманка, но ја слушам цела миса ако сум друга вера. Другата вечер имав како продолжение на тој сон во истиот салон со мм стоиме и гледам, но нејасно икона но не можам да видам матно се гледа и наеднаш читам под неа св. Софија и му викам на мм нашето дете ќе се вика софија и се разбудив што може да значи тоа дали некој знае
Дали некој може да ми каже што значи да сонуваш пари? Имам огромен страв од сонови и нема вечер а да не сонувам нешто.
ja sonuvav majkami deka bila visoka mnogu visoka ,ink vaka e niskicka na jave ni mnogu krupna,i vo sonot ja sestrami i drugarka sme se cudele zasto e tolku visoka
Сонував како сум пробувала невестински фустани ниту еден не ми се допаѓал а другиот ден ми била свадбата
Јас сум се облекла во невестински фустан синоќа сонив ,се влечеше по земја и бил многу бел.Некое толкување?
Здраво феминки, нова сум тука Обично не се замарам со сонови, но овој ме извади од такт. Значи вака.. Сум се враќала од училиште и брат ми беше во куќата на соседите, трчаше накај мене со бебе во рацете и ми кажува дека мајка ми се породила и има женско бебе, е сега бебето беше пола црно (го лазаа некои бубачки) грозно навистина, ми го даде во раце и мајка ми дојде и го удри и тоа умре на мене и налутено ни рече остајте го и почна да го колне. Ве молам за мислење, што мислите што би можело да значи? Загрижена сум
Што значи ако сонувате некого како го потопува вода? Буквално се сливаше од висока планина црна вода (личеше како црно мастило/туш не знам како да објаснам) и почна да го потопува и тука се разбудив Не знам дали се удави. Се работи за мн блиска особа.