Тоа значи дека ќе фатиш вошки .Се зезам малку се надевам не се љутиш.За мене овие работи се чиста глупост и измислица така да не се оптеретувај ама ич.Поздрав
Еве да ти го протолкувам сонот. Штом го сонуваш подолго време, значи дека е суша и тоа почнало да те измачува ( финансиите нели) И затоа потсвеста се обидува да ти каже некои работи
Леле ноќеска сум сонувала дека сум играла некоја наградна игра. т.е требало да одберам три знаци и ако ги погодам тие што треба добивам награда.1 наш за малце ми избегала. И некоја другарка ми ги чувала парите со кои требало да играм и си заминала без збор,а потоа се разбудив :?
Сега ми текнало да ја проверам темава пак! Со сигурност кажувам дека сум сонувала работи пред да се случат а дежаву, мислам дека е кога не си сигурен дали тоа веќе ти се има десено или сл. а јас сум СИГУРНА дека сум го сонувала! Ми се има случувано и дежаву и тоа многу пати ама тоа онака на кратко момент, а ова цела сцена со муабети и сл.
Сонував чуден сон :? Сум била на гости кај една пријателка која прилично многу ми завидува и не сме си омилени личности една на друга. Сум планирала да преспијам кај неа и сум си легнала (а сум била дотерана, во хулахоки или хеланки надоле) и сум добила менструација, всушност тоа ми го обележи сонот. Толку обилно сум крварела што целата сум се извалкала,целите нозе дури и околу, секаде каде што се движев сеев капки крв :? Ве молам кажете ми што може да значи овој сон, ме загрижува. Благодарам
Пред некој ден сонував дека сум во некој бутик со една познаничка и сум си купила две маички за 250 денари, а вчера пак сонував папагал ама од оние поголемите, нимфа, ми стоеше на прстот. Се појави и братучетка ми со која не сум повеќе во контакт бевме како во едно село и таа ми покажуваше каде живее. Јас нон стоп сонувам и може да речам дека се вакви глупости сонувам. Ако некој се разбира во сонови нека каже. Однапред благодарам
За напукнат заб не знам што значи али машка силуаета како во твојов случај или машко во црвено не претставува нешто добро,јас на пример го сонував татко ми цел во црвена облека и за една недела од добро седење почина тетка ми(сестра му),али немора да значи смрт може да е некоја непријатност или болест не знам точно,а спротивно женско во црвено значи нешто добро,али пак не верувам многу во соништа али твојов е прилично чуден не е некој безвезе :?
Сонував еден сон пред една година скоро, како наоѓам машки прстен на улица и добро се сеќавам исто како да ми се случило реално, што мн ретко ми се случува да запомнам сон и велам јас во сонот ех си најдов машки прстен не е мн голем ама ќе си го земам и сум си го земала и ставила на прст...го кажувам сонот на мајката на мојата другарка и таа ми вели а нова љубов значи тоа и се насмеав убаво и ништо, истото толкување го прочитав на интернет, после една вечер запознав еден дечко кој после два-три месеца ми стана дечко и сеуште ми е А вчера сонив еден сон што мн ме вознемири а тоа е смрт на пола од моите братучеди од на мајками страната и цело време низ сонот ми се вртеше бројот 9, денес кога си подразмислив и изброив точно сме 9 внуци...
Kolku sto jas znam ako sonuvame deka nekoj pocinal znaci mu pocinala ili kako sto se veli mu umrelo zloto i nema zosto da se plasis. Pozdrav!!!
Јас многу сонувам, понекогаш дури ми се случува да ми се остварат соновите, ама има еден сон што го сонував кога бев мн мала и не е ништо посебно ама го памтам до ден денес и ми буди необични чуства, знам дека е некоја порака ама никако не можам да разберам што треба да значи тој сон зошто поминаа мн години од кога го сонував а јас уште неможам да заборавам на него