Последниве неколку месеци често се случува да сонувам како дечко ми ме изневерува. Веројатно ова доаѓа од мојот болен мозок, кој љубомори на секоја мала ситница. Го сонував како пред мене ме варал со сите девојки за кои му имам трубено, дали од школо, дали од маало, дали некоја по улица што сме ја сретнале. Во секој сон, на почеток ние двајца сме заедно се гушкаме, се бацуваме, и секој сон ми продолжува со тоа како ТАА некоја, доаѓа и дечко ми си иде со неа, а јас останувам уплакана и го молам и плачам да се врати. Тој секогаш само ми се врти и ми се смее во лице, а се има случено и да ме вреѓа и колне. Е, секој сон ми е ваков, само различни локации и различни девојки. Се будам кога во сонот почнува да ми се лоши од плачење, молење и викање, и кога ќе се разбудам се осеќам исто толку потресено и ми треба време да се приберам. Знае ли некој што значи ова? Има некое толкување или јас сум само премногу опседната ?
јас мислам дека си опседната.она од што стравуваш на јаве го доживуваш во сон.опушти се, многу љубомора е претерана,а малку ја зацврстува врската..
Пред да почнам да полудувам,и да го оддалечувам дечко ми од мене,решив да побарам помош од вас Значи последниве неколку месеци,константно го сонувам дечко ми,како ме вара со друга,како оди со мојава најверна другарка...во принцип,најлошите работи спрема мене И еве сеа пак сонував,како сум зборела со неговата бивша,али она не знаела дека ја сум му женска,и сум ја прашувала работи кои тој ги прави со мене..Во смисла: се тепавте и вие?(не насилно ,секако),и сум дознала дека он се што правел со неа ,прави и со мене..и ИЗБЕЗУМЕНА СУМ! Да напоменам дека сум многу љубоморна,дека варањето е нешто што најмногу го мразам..И дека бившиот ме вараше со најверната другарка. Ако знае некоја феминка што е во прашање,ќеее ми биде добредојдена помош.
Сонував како демек сме биле на прослава за матура и ден потоа сме ги гледале фотографиите од таа вечер и на фотографиите јас како играм оро и така ме фотографирале сите свечено облечени а јас во невестински фустан ... малку ме исплаши сонот знае некој што значи? имам слушнато дека не е убаво да се видиш во невестински фустан
Сонував како тетка ми купила нова кука и требало таму да живееме некој период... Кога сум отишла таму, вратата на куката била отворена и сум влегла да ја видам...и внатре било ептен луксузно со многу соби, базен, и др работи... Што би значело ова?
sonuvav kako mi se skrsi predniot zab na pola....... sto zna4i??? ( se izvinuvam za latinicata no sum vo net kafe i nema mak. podrska)
имам слушнато дека е лошо тоа заб да ти се скриши... тебе на пола ти се скршил значи не те болел, викаат ако те боли ќе почине некој..
Сонував како сум се бањала во када и одеднаш ми излегле многу риби во кадата. И после нешто сум вриштела и сум излегла од кадата. И после знам нешто ја сонував наставничката по историја што си отиде во пензија и уште нешто сонував ама не мми текнува што точно
Ги сонував моите поранешни добри другари. Во иста просторија бевме, јас држев книга и тетратка. Пишував нешто. Дојдоа и ми ги искинаа, а јас рамнодушно си седев, а после заминав некаде за да кажам што се случило, не се сеќавам каде, а тие ми се закануваа. Одеднаш се најдов на голема ливада, и на ливадата имаше куќа. Не се сеќавам добро ама знам дека беше чудна, дали беше разурната, дали беше запалена, не знам, знам само дека не беше целосна. А внатре луѓе, си живеат најнормално. Влагам јас и почнувам муабет да правам со нив, со еден што можеби во вистински живот немнам ни 2 реченици склопено. Иде татко ми и ме носи дома. И тука се разбудив. Може некој да ми го протолкува сонов? не знам зошто многу се вознемирив, како никогаш досега,а не знам зошто..
Ги сонував моите поранешни добри другари. Во иста просторија бевме, јас држев книга и тетратка. Пишував нешто. Дојдоа и ми ги искинаа, а јас рамнодушно си седев, а после заминав некаде за да кажам што се случило, не се сеќавам каде, а тие ми се закануваа. Одеднаш се најдов на голема ливада, и на ливадата имаше куќа. Не се сеќавам добро ама знам дека беше чудна, дали беше разурната, дали беше запалена, не знам, знам само дека не беше целосна. А внатре луѓе, си живеат најнормално. Влагам јас и почнувам муабет да правам со нив, со еден што можеби во вистински живот немнам ни 2 реченици склопено. Иде татко ми и ме носи дома. И тука се разбудив. Може некој да ми го протолкува сонов? не знам зошто многу се вознемирив, како никогаш досега,а не знам зошто.. Сонот може иу да нема некое големо значење и логика, меѓутоа се спомнуваат поранешни ДОБРИ другари... сигурно тие другари ти значеле многу повеќе што ти дури и не си свесна, самиот сон може да укажува на причина за тешка разделба и за тоа колку всушност ти значеле а тебе сега ти смета тоа што сте само поранешни.. како и да е немора тоа да значи... соновите понекогаш се само потсетници на минатото
Многу пати ми се има случено да сонувам змии..како ме каснува или ме заобиколува и сл. ... знам дека не е добро да сонуваш змии но незнам што значи тоа!?
па змија мислам дека значи некој лошотилок некоја женска особа посебно она како змија да се пазиш да не ти наштети.... јас сонував срни кпои потоа станаа елени и почнаа да напаѓаат и глетката од сонот неможам даја заборавам едо дете нападна огромен елен со роговите а јас неможев да му помогнам трчав да се спасам.....така убави беа срните пасеа на зелена ливада..одеднаш почнаа да се симнуваат низ брдпото се стана сиво и почнаа да напаѓаат...чуден сон знае ли некој отприлика што значи?позз