Сонувам јас и другарка моја сме куми и со свеќите од тие белите се вртиме во круг позади младоженците не ги видов кои се, само не сме во црква и одеднаш ни се изграсија свеќите на двете. Некако имам непријатно чувство после овој сон. Другарката е бремена се надевам нема да излезе на лошо.
Веќе подолго време ја сонувам снаа ми како е бремена со второ детенце. Ниту јас, ниту пак она имаме некој терет/проблем и слично. Воедно, имам многу јака интуиција и претежно она што го сонувам во скоро 90% од случаевите се исполнува било тоа да е добро или лошо. Што мислите? Можеби звучи смешно, но потсвеста ми вели дека навистина е бремена но сигурно станува збор за рана бременост штом ни самата не знае. Или пак јас навистина толку многу го посакувам тоа па самото ме води кон тие мисли..
Да излегуваше на лошо од сонови на оние што често сонуваат само на лошо ќе им одеше. Твојата енергија и мисли после сонот се битни. Не е убаво да мислиш дека заради еден сон нешто на лошо може да излезе посебно не за бремена жена. Шири позитивна енергија во иднина и покрај тоа што си го сонувала. И ти и сите во темава.
Во право си, не верувам во конкретно значење на сонови но многу пати после некој сон имам некое лошо или добро претчувство за себе и така и ќе излези најверојатно поради енергијата што си ја ширам.
Дали кога сонуваме сонот во реалноста е тотална спротивност на тоа што сме го сонувале,или напротив се остварува сонот.Секој има различни искуства.Што мислите вие?
Јас ја сонував симпатијата.. Сум му реплејнала на стори на инста и он нешто смајлиња ми праќал, после тоа кога отворам пак во chats гледам дека го нема чатот со него и велам што се случи пак сега, и пробам да го пребарам и не ми изглегува никако неговиот профил. После сфаќам дека ме блокирал па готова бев и да заплачам во сонот зошто ме блокирал, што му направив. Се разбудив потоа и онака сеуште бев нервозна, додека да се свестам дека било само сон.
Сонував како партнерот видел дух јас само сум му кажала не постои такво нешто не се плаши тој бил многу уплашен и се појавил пред нас ме кренал партнерот и трчал со се мене бегал од духот и на крај у нас влезе духот ама немаше моќ и се разбудив што значи тоа?
Хорори сонував луѓе. Во училиштето кај што учам бев во канцеларија за профф и на самиот излез во ходникот едно мало дете се онесвести, отидов го кренав во раце и седнав на маса и прашав дали е добро, и само еден профедор во живо што го мразам праша што му е а детево молчеше. Отидов во негова училница беше како целодневен престој, имаше шкавчиња со тајнири за секое дете посебно, баравме заедно моливи. А пред да се најдам во канцеларија сонував како со девојчиња се шетам низ ходник со едната не де ни дружам, како се најдов во ианцеларија незнам. Можеби и профф работев. Друг сон. Сонував крадци. Сакаа дома да ми влезат им дигнав ролетна, им се покажав видоа дека ги гледам и се растрчаа, рипнаа ограда, движеа нагоре надоле по улица неможеа излез да најдат. Само не се сеќавам дали они или јас им реков "се краде домаќините кога ќе заспијат". Се расипа ролетната не сакаше да се спушти. Едниот беше келав, црно сако, бела блуза, црни фармерки. Имаше друг со плава блуза. Дургите сите во црно.
Sonuvav eden poznanik kako mi dal pari i sum kupila zapalka no taa palese pa ne palese bese bela boja znacenje na sonov?
Мажачка/женачка за кого? Ако е за мене веќе сме верени и негде кај почеток на лето здравје би била таа мала свечена церемонија...имам слушнато дека значи и принова ама ....еве незнам
Можи друг ќе ти понуди брак? Од кај знајш... Тој што ти го дал златото на сонот, тој е потенцијалниот. Ако верувате во сонови, ова е објаснувањето.
За тебе или близок некој.така имам чуено кога моја блиска сонуваше такво нешто син и се ожени наскоро.битно е и кој си сонувала и целиот сон каков бил
Се пребарав не знам што би значело, една девојка близначка со која се дружевме порано како деца го носела мојот фустан?