Имаш неискрени колеги,пријатели кој би искористиле прва прилика да те погазат. А јас сонував пак море но еден голем бран. Што значи тоа?
Во последно време многу кошмари имам веќе страв ме фаќа. Пред некое време сонот што го сонував се исполни за жал. Можеби не е за овде прашањево но што би можела да направам за да не сонувам веќе лоши работи? Ептен се оптеретувам со соновите и по цел ден рсзмислувам
Зависи, мене неколку пати ми се има случено сонот што го имам сонувано да се оствари и замисли само лошите сонови за жал.
Сонував некоја жена ми садела лалиња во дворот. Како буцнуваше со прстот за да засади, така одма никнувале, високи преубај...
Неполн месец пред да дознаам дека сум бремена, сонувам како еден мој другар од детство ми дава златен прстен. Во маало имаме една стара бабича, другарка на баба ми, и доаѓа кај нас и и го кажувам сонот и ми вика дека значи бременост. И така после некои 3 недели гледам на календар циклусот ми касне 2 дена(а секогаш ми доага точно до ден), беше петок, правам тест и ми покажува негативен, во понеделникот одам на гинеколог и на ехо, рана бременост . По нова година некаде околу празниците, сонував како на другарка ми и дават злато, и се јавувам и и кажувам така и така, да не има нешто, ми вели нее. После 1 месец, може и повеке, не се секавам точно, ми прака слика од позитивен тест. Инаку сум тип што некои сонови сама си ги тумачам, па повекето успешно.
Лелеее дај Боже да е тоа, посреќна нема да има од мене Иако добив откако сонував може за месецов ќе се израдувам И јас вака знам. Се сеќавам дека мајка ми ја сонувала на другарка баба како давала злато ими вика К....е бремена, викам е како да не,ќе ни кажеше и после медец дена ни праќа слика од ехо
Мајка ми сонувала како и подаруваат златник, за бременост сигурно не е, а ни за мажење/женење Што би можело друго да значи?
Здраво девојки, можеби е ова глупо но премногу често скоро секој можен ден го сонувам мојот бивш кој што раскинавме веќе еден месец но сеуште имам чуства за него
Што може да значи, вујко ми кој е во странство си дојде дома и имал ќерка. Преубаво бебе, јас го држев во раце и го бакнував. *Тој не е женет Знае некој што може да значи?
Сонував тест за бременост на кој покажуваше 2 црвени цртки. Тоа значи дека нема да сум или сигурно дека мислам многу и очајно ги чекам тие две цртки...