Маж ми ме сонувал како ми вадат бубрег и сум имала живи рани по телото кои крвареле , сум била жива во сонот .. Што би значело ова , некој да знае ?
Сум сакала да влезам во една гаража вратата била отворена и од другата страна на гаражата,но кога се приближив застана човек кој ми рече дека затвораат веќе, потоа со трчање се качив во преполн автомобил одвај ја затворив вратата, а имало и други кои чекаат превоз ама тие останале надвор,а времето било врнежливо
Сонував дека кровот од куќата , поточно новата соба,лани правена - спална, пропуштил вода/дожд...и почна да се руши Барав што би можело да значи ,но нигде не најдов. Ако знае некој ?? Некако ме вознемири.
Sonuvav kako nekoj mi kazuvase datum i mi kazuvase sto se treba da napravam za praznik vo crkva i toa se da se napravi na tocen datum vo sabota a vo nedela da odnesam vo crkva mi kazaa da napravam pogacka pcenica i vino da odnesam, i jas taka site po doma kako sme pocnale da spremame jas pogackata i kako i raskazuvam na majka mi da zememe i posni kolacinja i site brzame da napravime se... mnogu cuden son barav i nemozev da najdam sto znaci a vo kalendarce pogledav i praznikot sto mi go kazaa vo son ne se sovpaga so datumot... Ako nekoj znae sto bi mozelo da znaci pisete mi ve molam
Оди запали свеќа во црква, доколку имаш смртен случај на некој близок, однеси на гроб, кафе, пченица, вино.
сум го сањала бивши ми како ми приоѓа и ми вели здраво зошто не ми збориш и имал гради како жена и сум му се развикала и се разбудив од кошмарот знае некој да толкува сонови?
Утрово сонував пожар.Немаше пламен,само едно општо чувство на паника и дека мора што побргу да се излезе од зградата, куќата.Знае некој што може да биде ?
Секој сон е одраз на нашата потсвест и тоа што ни се случува во реалниот живот. Желбите и емоциите што ги доживуваме како среќа, страв, тага и слично ни остануваат во нашата свест. Можеби посакуваш партнерот навистина да те запроси, па затоа го сонуваш тоа почесто.
Сонував лепче со паричка како што правиме за Бадник и Василица ( во Битола) и паричката одвај ја најдовме и тоа била кај мене, па другите биле разочарани и лути зошто се паднала кај мене... Има некое значење?
Што може да значи: Не знам точно што се случи пред тоа во сонот. Но, викав во сонот по родителите, но едноставно без глас, се трудиш да викнеш, "викаш" но како да не те слуша никој, и едно време свесен сум дека викам (па беше утро, околу 6 7 саат), но не можам да престанам бидејќи сум уште во сонот. И ја слушнав мајка ми,како го прашува татко ми, што е, тој и вика, сонува нешто, го слушнав тоа, се "освестив" и престанав. Мислам дека е многу чест сон кај народот, па акп може некое толкување, било какво, или искуство.