Досега ваков чуден сон не памтам да сум имала. Сум сонувала како сум отишла да го посетам гробот на дедо ми , кој е инаку починат, имаше долг и убав живот, си умре од старост човекот. Е сега кога сум била на гробот, гробот бил отворен, како да го видов дедо ми како леш и некој човек кој ми беше непознат ми кажа дека го отвориле гробот и сфатиле дека дедо ми рѓосал бидејќи во гробот имало коска оставено. И јас како да ја видов таа коска, мала коска беше. Ако некој знае од прилика да протолкува, супер би било. Ретко ми е вака сонот да го памтам и чуден да ми биде, и да ме разбуди природно и толку рано.
Sonuvav licnost koja ja poznavam mi dava rasipan bonbon, no ne go izedov i go frliv. Znae nekoj sto znaci ova?
Самите ние можеме да си дадеме одговор на соновите. Запрашај се каков е односот помеѓу тебе и таа личност. На што те асоцира истата кога ќе помислиш на неа и што е тоа што го "фрлаш" од себе или од неа. Друго објаснување може да биде ако си се видела истиот ден па на симболичен начин е претставено тоа што се случило во реалноста.
Сонував како некој ме брка. Сум пронашла неколку балони и сум се фатила за нив со цел да полетам, за да се спасам. Колку и да се трудев да полетам, не ми успеваше. Се разбудив од силното викање, зошто тој што ме бркаше успеа да ме фати. Не знам што значи, ни дали има некое значење, ама знам дека премногу ме потресе сонот.
Глупо прашање можеби, ама зошто оваа недела интензивно сонувам глупи сонови? Јас обично сонувам пред да добијам, сега не сум во ПМС, ама оваа недела се скапав од сонување. Се будам вознемирено Не мислам на ништо конкретно пред спиење, ниту под стрес сум, сонот ми е стрес Соновите ми се живи глупости Што убаво кога не сонувам
Сонував како една моја непријателка се гледа на видео повик со еден што ми се допаѓа на мене... Исто така после излегоа и се дружеа... Што значи овој сон?
Леле луѓе помогнете ми жити се ако знаете како да ми помогнете Вечерва, сонував како една моја "пријателка" ми кажуваше како еден мој познаник умрел и траеше уште малку време сонот и се разбудив, си реков леле сон било ова (многу бев исплашена)... Потоа пак заспав и сонував како отидовме на мртовец на него Како е можно така? Прво сонував како некоја ми кажува, ми прекинува сонот и после пак заспивам и сонувам како одиме на него на мртовец?!?!?!! Што значи овој сон???? Дека некој од ближните ќе ми умри или јас ќе умрам?!?!?!!?!?!
И јас знам дека соништата се обратно од реалноста но зошто вака ми беше сонот поделен на две? ?!?!?!?!?!?!??!?!?!?!?!?!?!?!?!!?!??!?!?!?!?!?
И мене ми се има случено неколку пати , и немам поим зошто се случува .. можеби некој знае , па ќе ни објасни
Ништо лошо не значи ова, напротив тој што во сонот бил мртовец, во реалноста ке му исчезнат грижите. А тоа што си се разбудила и после пак си имала продолжение на сонот најверојатно е од психата,од мислите за првиот сон.
Си ја сонував венчавката со маж ми и тоа два пати истиот сон во една ноќ. Одев кон олтарот, таму стоеше тој со попот, се беше бело и имав преубав бидермаер - што значи тоа ?
Сакав да фрлам стари чанти што значи? Вака логично ми е како да сакам да се ослободам од нешто, да исфрлам од мојот живот..Што мислите вие?
Дечки,што значи да си облечен во црвена облека на сон,црвени панталони со бела блуза со црвени точки? Некој да ми каже што значи барем точка и црвена боја.
Девојки сонував менструална крв на влошка,на некои сајтови пишуваше дека е предзнак за бременост,а и у меѓувреме ми касни циклусот 2 недели,дали и некој од вас го има сонувано тоа и што значи?