Imav spontan pred 5 dena. Dve nedeli pred spontaniot sonuvav nekoj mi kaza deka nosam zensko dete. Vecerva sonuvam deka sum rodila zensko dete, mlitavo nesrekno... Isto cela vecer sonuvam trpezi.. Bozji znak ili sto e neznam
Жалам за твојата загуба .. ќе даде Бог , ќе си држиш преубава принцезичка во раце , а и принц се надевам . Верувам дека мислите ти се насочени и преокупирани со тоа како и што довело до загуба , па потсвесно си сонувала дека било девојче .. Трпезите , не би знаела што може да значат , претпоставувам дека значи дека наскоро ќе забремениш повторно и овој пат ќе се исполни твоето срце и твоите раце со една среќичка , па ќе го славите доаѓањето на новиот член во семејството ( сепак , не ме фаќај за збор , со цела душа сакам да сум во право за трпезите , но нека каже некој што знае да толкува сонови сепак ) ..
Го сонував братучед ми починат како се закача со син ми (2 години), ама не игриво, туку ко лут, гневен да е. Во еден момент толку силно го турна син ми, што отидов пред него и му истурив шише вода на глава. И си заминав. Ми текна дека го заборавив син ми и со трчање, испаничена се вратив назад и се издрав на цел глас: СТООООЈ. Сакал да ми го земе (тука ми текна дека братучед ми е починат). И ко што имаше многу деца на различна возраст околу син ми, братучед ми викна "стојте" и сите се наредија во ред. Едно помало дете го крена син ми и ми го подаде, во исто време некој рече "не ти го земаме". И тука се разбудив, цела исплашена, вознемирена, не можев саат време да се смирам. Вообичаено сонувам несврзани работи и бош соништа, ама овој толку беше реален, што ме извади од памет.
Здраво, во саботата вечер сонував стара жена цела облечена во црно со црна шамија како ми вели "ќе гориш во пеколот" или "гориш во пеколот", не сум баш сигурна...Дали знаете што значи?
Здраво. Сонував како палам свеќа во црква на два пати и како човекот кој што продаваше свеќи ми рече ако имате лоши мисли и намери немој да палите. Што можи да значи сонов?
Веќе втор пат сонувам песни, минатиот пат песната ми е позната, а овој пат беше нешто во смисла тој има девојки многу дури и имиња се споменуваа... Дефинитивно не верувам во сонови, некогаш ми се исполнуваат кога сонувам нешто реално и не мислам многу на сонот.
Тоа што си мислите, тоа сонувате. Ако сакате тумачење, најдобро е да прашате психолог, не да читате соновник.
i jas isto taka sonuvav slicen son pred mnogu godini i celo vreme se plasam da ne sum gresna nesto vo zivotot niso loso. ne sum napravila. No pa za belja sve baksuz me tera nisto ne mi ide ni ljubov ni rabota neznam sto e rabotata.
Сонував дека со брачедана бевме на црква изгледа празник беше не знам И да запалиме свеќа ама мојата свеќа не се запали И отидов да земам друга свеќа и гледам до свеќата сите тука се собраа да се причесте и ја се тргнав на страна си реков не постам јас (Не се сеќавам со свеќата што направив) Па се разбудив Што може да значи ова?
Здраво девојки би сакала да прашам дали некоја од вас знае што значи ако сонуваш кафе како вариш и ти претекува,цела вечер тоа сум сонувала
Сонував дека сум го изневерила дечко ми, и после цело време бев во страв да не дознае, ова беше еден сон а потоа сонував друг сон дека дечко ми ме затворил во некоја куќа ме држел затворена и не ме оставал да излегвам само единствено на факултет ме оставал да одам а поради некоја х причина јас не смеев да кажам на никој дека ме држи затворена. Некој да ми каже што можи да значи ова?
Сонував многу многуу малечко бебе, не било мое ама јас се грижев за него, било како на ивица и ќе паднело и јас го спасив. Потоа сонував како сум била со другарки некаде па другарките најдоја една кутија со слики од свадбата на тој што ми се допаѓа, ама јас не сум можела да ги погледнам, кога зедов една кутија каде биле сликите и ја отворив такви слики немало. Инаку во реалноста тој не е во брак Што мислите, како би го протолкувале?
Здраво. Некој кој се разбира од сонови нека ми пише. Се сонував невеста во бела венчаница со долго вело. Последен пат кога се сонував невеста беше пред да правам свадба и ми велеа дека тоа сум сонувала од помислата дека ќе се мажам. Сега сум веќе мажена незнам што би значел сонов.
Devojki ubav den Se slucuva slednovo Edna nedela veke sonuvam deka sum bremena (soopstuvam , se spremam za poroduvanje..) no jas ne sum vo realnost treba da dobiam za 3 dena dali nekoj znae sto se sonovite nekako da gi protolkuva