СНЕГ многу непријаности; ако паѓа - радост; снег на лат - жалост; ако паднете во снег - разочарување во љубовта; ако одите по снег - неизвесност; ако чистите снег со лопата - болест; длабок снег - непријатни спомени; многу снег - лажна љубов; ако се валкате по снег - препреки на патот до успехот; грутка снег - жалост; акојадете снег - непотребни напори; ако се топи снегот - доаѓаат подобри времиња; снег во лето - бескорисни потфати; снежна виулица - неволја.
МОРКОВ неостварени надежи / корист; ако јадете морков - веселба ЈАГОТКА ако јадете јаготки - несогласувања со домашните
Некаква болест, настинка кај мајка и, воглавмном болест. прстен да се сонува е убаво, ако е златен уште подобро и ако сјае е супер. А, самата бременост ќе ти донеси тежина, напнат период, ама ќе пројде, дај му време. снегот исто така носи тежини, нешто како оптеретување. А, ако виде пламен ( жолт, портокалов, онака баш пламен) , тогаш тоа е пари кои ќе ти дојдат во нареден период. Безразлика дали се заработени, поклон или било како. Се работи за пари. многу убав сон. Убаво мислење, чувство имам. Ти укажува на убав, смирен, пријатен период. Воглавном смиреност и радост. Изгледа ќе му се скратат маките на другар ти, ќе му олесни од нешто што досега му тежело. Олеснување. не те разбрав баш за сонов, ако сакаш објасни малку повеќе Се надевам дека ви помогнав на сите Поздрав
@*Лаванда* Па пример конкретно сонував како сме искочени друштво и х личноста сите знаат дека е таму и ја гледаат. Јас проаѓам покрај неа ама не ја гледам. Само енергијата ја чувствувам, ама ликот не го гледам. Сите други ги гледам јасно ама таа личност не а знам дека е таму.
Уфф, искрено не знам што да ти кажам за сонов. А, дали повеќе пати си го сонувала истиот сон? Дали личноста ја познаваш, блиска ти е ? Каква боја носеше на неа ? Знам дека ти не ја гледаш, ама дали можеби виде, почувстува боја покрај енергијата ? Соновите, понекогаш се многу чудни..
Бевме блиски до пред некое време. Инаку 2 пати во ист ден ја сонував вака. Првото беше тоа второто беше дека ми праќа слики од себе ама не можев јасно да ги видам, односно гледав слика ама личноста не можев да ја видам а знаев дека ја има на сликата. Не видов боја, само присуството го осетив..
Ахамм.. Конкретно толкување за сонов немам, но во секој случај не се работи за лош сон. Ништо лошо не гледам во случувањата. Ако си чувствувала непријатност во сонот, или отфрленост, одбивност, осаменост.. можеби во иднина те очекува изненадно добар период, нешто како изненадна позитива. Не гледам лошо, во никој случај.
Сонував дома мајка ми викнала мајстори и на мојот кревет ковале железа и креветот ми го направија кралски со завеси луксузни лила боја прекрасно изгледаше...јас само сум ја прашала мајка ми што е ова што ти текнало.......Што би можело ова да значи?
Edna moja prijatelka me sonuvala mene i mojot soprug kako gradime nova, ubava kukja vo gradot kade sto zivee taa. Sto bi znacelo ova? ))
Јас мн се плашам од соновите мој,често се претскажување.Башка и будна кога сум се случуваат некој работи што претскажуваат нешто,повеќе несреќа.Августот седев надвор на покриена тераса со кров долг 5 метри над неа.Јато ластовички леташе и една се залета,покрај мене и се удри во пенџерата зад мене .Тоа било знак дека ќе умре некој од куќата.После месец умре свекор ми ненадејно.А кога сонувам заби дека немам ,обавезно се случува нешто лошо.
Таткп ми сонуваше во сонот на мајка ми и велеше земи неколку лебчиња и стави во нозете под ќебе, што значи тоа?
Мислам дека ако вакви емоции ти предизвикал сонот во кој си бремена, сигурно не е знак за тежина. Тоа е само што би било кога би било. Сонот ти открил дека таа улога би ти годела најверојатно. Јас имав некои грижи како девојка како би изгледало тоа да си бремена и да раѓаш. И баш таков сличен сон отсонував многу пред да планирам да станам мајка. Во сонот си го погледнав надолу големиот стомак и убаво ми беше. Кога се разбудив веќе немав страв од бременост. Мислам дека мозокот ми расчисти со себе таа вечер- бременоста не е страшна, туку е убава зошто е за убава работа, за нов живот е и е благослов.
Синоќа сонував дека маж ми е имал паралелна врска со друга. Уствари јас сум дознала а тој најладнокрвно си признал кога сум го соочила со фактите. Ги осетив во сонот, без никаква кочница, со сета своја сила сите емоции што такво сознание може да ти ги предизвика: лутина, бес, разочараност, љубомора, безнадежност.. Од што беа силни и негативни, толку ми беше мачно во сонот, што наеднаш свесна станав дека ми е тешко заради лош сон. Самата се принудив да се разбудам намерно, да се освестам зошто сакав да го прекинам сонот, да не ме мачи. И кога се разбудив, уште под импресии од тие силни негативни емоции кон него, го гледам до мене си спие мирно, во првиот момент ми дојде да му се изнавикам или да го истепам. Ми требаше некоја минутка дури сконтам што е јаве а што сон и додека целосно се освестам. Среќа не реагирав избрзано, ќе го јадеше стапот Сега ми текна на сонот дури. Го заборавив сабајле зошто продолжив да спијам и сонував нешто друго. Не ми е првпат да сонувам поинтензивни сонови или непријатни сонови кога заспивам од премор...си има врска и тоа..
Девојки не можев да најдам соодветна тема за сонови. Ако има слободно означете ме. Сакам да ве прашам дали често сонувате? Јас секој ден се сеќавам во најмали детали на сонот, ви се случува ли така? И денеска дознав дека ако во јасност се сеќавате на се во сонот, тоа не е сонување, туку е ПОРАКА. Па не знам баш како да го толкувам.
Здравооо девојки!!! Колку често сонувате? Јас сонувам секој ден, и утрото јасно се сеќавам на сите сонови. Денеска добив информации дека ако се сеќаваш на сите детали јасно од сонот тоа не било СОН туку предупредување или порака.