Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја вечер сонувам, исто и мене почесто соновите ми се порака и не мора да значи дека се лоши или добри туку некогаш ми претскажуваат секојдневни ситуации.
     
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vik.kom

    Vik.kom Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Сонувам секоја 2ра вечер крв како крварам а бремена сум 26г.н. што означува тоа
     
  3. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Доколку некој знае што значи овој сон...
    Сонував како се наоѓам во една нива полна со детелина,и берев детелини,всушност барав детелина со четири лисја.Како што барав горе над сите детелини ми излегува зелена,убава,висока детелина со четири лисја.До мене стои едно мало девојче и нешто ми зборува а и јас него.Потоа доаѓа една црна пеперутка и ме каснува на главата а од главата започнува да ми течи крв.Со малото девојче одиме кај мајка ми,јас од каснатото чувствувам само мала потешкотија за дишење и ја прегрнува мајка ми.
    Што би можело да значи ова?
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.154
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе сонуваат секој ден, тоа дали ќе се сеќаваш или не на деталите зависи во која фаза од спиењето ќе се разбудиш.
     
  5. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    здраво:)
    сонував како сум бремена:wasntme: имав огромен стомак и имав породилни болки премногу болеше и плачев бев во огромна соба никој немаше односно сама бев:doh::shake:
    и уште еден:D
    една змија сакаше да ме касне но некако она ми рипна и ја рипнав и не касна ама многу јако писнав дури и се разбудив и моите:!: а ова никогаш не ми се десило:whew:
    ТОЛКУВАЊЕ?:wasntme:
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/соновник/бременост
    http://www.femina.mk/соновник/змија
     
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена сонив како сум посетила црква, сум оставила пари, сум се молела пред икона. Убаво се чувствував во сонот, како да беше на празник, со луѓе околу мене.
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eva1110

    Eva1110 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, сонував сон како со едена бивша симпатија ни се паѓал роденденот во ист ден…што би можело да значи тоа?
     
  9. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.886
    Пол:
    Женски
    Во последно толку грди сонови сонувам,вејќе не знам што да мислам8-|
     
  10. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    појди во црква, запали си свеќа за здравје, остави некоја пара. Сонот ти е преубав.
    Дај Боже сите светци да се со тебе, каде и да одиш да ти го осветлуваат патот! Да си ги оствариш замислените желби! Амин
     
    На elimkd и st-el им се допаѓа ова.
  11. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Растерети се малку, излуфтирај ја собата, истреси ги ќебињата. Оди истрчај, измори го телото, после како јагне заспиј си.:nod::f:
    Ако веруваш во тоа, подчади си со темјан. И уживкај во животот. Не ги терај со сила работите, со глава в ѕид не се удира, ѕидот е посилен.
    Имај трпение за се', ќе се остварат и твоите желби, само не им дошло времето. Остави на Бог. Што е твое ќе си дојде.:angel:
    Ти посакувам мир и благосостојба,:l: и вечер убаво да си се изнаспиеш:lol:.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Ајде и јас да ве прашам вас, оти не знам сама како да го сварам овој сон::$

    Што значи да сонуваш земјотрес? Беше ноќе, ако добро се сеќвам. Бевме во соба и наеднаш се затресило (убаво го осетив тресењето, дури и сега ми се чини во јаве се уште ме треси, чувствувам). Јас сум имала машко дете, бебе. И сум истрчала и него да го вадам надвор. Сум знаела дека е моја одговорност и дека треба да го чувам. И сме излегле сите надвор. Ништо не се рушеше, само тресеше. И сите знаевме дека е земјотрес.

    :drunk::drunk::drunk:
    Инаку, деца немам, но сум во обиди. Кој знае каде удира главава моја.... (wtf)
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/соновник/земјотрес
     
  14. ^ANGEL^###

    ^ANGEL^### Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    тежок период, уште потешки сонови...
     
  15. AnaMarijaKrst

    AnaMarijaKrst Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Сонував дека сум се возела во кола со дечко ми и со потенцијалниот швалер. Кога го слеговме швалерот од колата тој одма ми пишал порака дека мора да се видиме и да разговараме имал нешто битно да ми кажи господинот.
    Што може да значи овај сон?
     
  16. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Утрово кога се вратив да доспијам по едно часовното кажување молитви сонував како една жена со цинична насмевка и темна коса што седи на престол ми зборува нешто иронично (знам кога се разбудив се сеќавав што ми рече и се прашував зашто го кажа тоа но сега го заборавив) и ме предупредуваше за нешто да не направам. Во тој момент осетив како ме допира нешто на вратот и почнува да ме дави и толку силно ме притисна што се разбудив едвај дишев и се исправив на креветот почнав да ги допирам цело тело и вратот со цел да го тргнам нештото од мене. Потоа повторно продолжив да спијам уште половина час и сосема заборавив кога се разбудив, не знам дали беше обичен кошмар или луциден сон но сигурно осетив присуство и раце во вратот. Тоа многу ме исплаши. :(
     
  17. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Ова може да е парализа во сон. Свесна си, ама не можеш да реагираш веднаш и чувствуваш допири, сенки и слично. Ми се има случено, језиво е.
     
    На OmilenataZaNego, Guns N` Roses и Matotheja им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам сонувано сите најблиски што највеќе сум ги сакала ден два пред да починат.

    Инаку за забите точно е, јас сонував како ми паднал заб и после два дена се разболев.

    Дежа ву ми се дешава нон стоп дури и перцепција имам кога сум го сањала тој сон и која година било.
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако некој знае толкување нека ми каже. Во последно време навистина почна малку повеќе да ми паѓа косата ама не нешто прекумерно туку повеќе бидејќи е нормално овај период се обновува косата и сега сум преокупирана со тоа.
    Е сега два пати со ред сонувам како ми паѓа косата кога ќе тргнам со раката, ужасно страшно беше плачев липав ја барав мајка ми.... Многу ми испадна дури на главата почна да ми се гледа...
    Сега станав преплашена...
     
  20. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не значи ништо, бидејќи мислиш на тоа и потсвесно се плашиш да не останеш без коса
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.