Сонував како јадам смокви, вкусни, големи, благи , а потоа почувствував неподнослива болка, кога се разбудив бев вознемирена...
Здраво што значи ако сонуваш дека повторно дознаваш дека починал татко ти. Мојот татко е поекоен но во сонот знаев дека е жив, но повторно го доживеав истипт шок како прв пат да слушам дека починал и станав среде ноќ со плачење. Ве молам ако знае некој нека ми каже.
Јас не тумачам сонови, не ми имат значење, сон како сон, посебно ако мислиш на нешто. Ама дали знаете зошто некогаш повеќе се сонува? Во јуни така имав мака, скоро цел месец се отепав од сонување сега пак.. Има некоја врска со планети и други чуда? Ич не читам и пратам тоа, ама некако се заинтересирав, баш мајка ми деновиве ми спомна нешто во врска околу соновите и планетите, ама ништо е ми е јасно
Не е до планети и чуда, до мозокот е. Сонуваме при секое спиење кога мозокот е во т.н. РЕМ фаза. РЕМ значи Rapid eye movement или во превод брзо движење на очите. Фазата е наречена по него, зошто тоа е својствено за оваа фаза - спиеш и треба да си скроз мирен, ама очите на човекот тогаш му шетаат под капаците, дишењето станува понерамномерно, а активноста на мозокот на ЕЕГ тогаш наликува на една будна, активна состојба. Такви РЕМ фази има повеќе во еден осумчасовен сон. Проблемот е што не секогаш памтиме дека сме сонувале и што сме сонувале. Траењето на РЕМ фазата и бројот на РЕМ фази кои ќе ги помине човекот во една ноќ, зависи од повеќе нешта. Како на пример поизморен човек има подолги и почести РЕМ фази. Одморен човек има пократки и помалку такви фази. Истотака, ако си имал емотивно бурен ден, мозокот компензира за време на сонот и соновите нема да бидат емотивно набиени. А ако си имал досаден ден, без доволно интелектуален и емотивен стимулус на мозокот, ноќта може сонуваш побурни и емотивно пообоени соништа.
Сонував како сум пешачела и некој непознат маж бил зад мене и ме фатил за половината, јас ги турнав рацете бидејќи не знаев кој е, потоа кога се свртив тој беше висок црн и се насмевнал. Потоа отидов пред огледало и се погледнав себеси и сум изгледала преубаво облечена во фустан ... Дали знае некој да протолкува?
За брзо ни е славата. Што значи да дојди на маса мртовец и да седи со нас. Палевме свеќи и се гасеа. Изгледаше и како ѓавол. После читавме молитва и замина, па пак се врати. Страв ми е
Zdravo. Eve vejke dva pati sonuvam kako treba da letam so avion. Prviot pat koga sonuvav vejke bev vo avionot i letav ama ne znam za kade. Vtoriot pat koga sonuvav pak trebase da letam so avion go vidov avionot ama ne se kaciv vo nego. Sto znaci sonov
@Kremcetooo Дали имаш нешто што те мачи? Обично кога сонуваме дека летаме или одиме некаде значи дека сакаме да избегаме од проблемите. Вториот пат кога си сонувал/а и не си се качил/а во авионот може да биде знак дека си спремен/а да се соочиш со проблемот.
Јас сонувам толку неповрзани сонови и дел ги заборавам веднаш. Во последно време доста често сонувам секс со личност која ми се допаѓа а од х причини не сме заедно. И тоа онака страствено и како реално да се случува. Не знам зошто и што значи. Ама ова од утрово баш ме замисли. Дечко, непознат за мене (можеби и рандом некаде сум го сретнала, или ми излегла слика на инста не знам), преубав, го сонувам залепен за фаца и ми се смешка. После тоа одиме заедно на преглед затоа што треба да ставам силикони (????). И јас легнувам на креветот во клиниката, доаѓа докторката да ме прегледа, вади скалпел и почнува да ми прави засеци по нозете, потколениците и глуждовите. Јас цела во шок затоа што почнува крв да оди засеците се длабоки и ме печат, ја гледам неа, го гледам дечково и они не реагираат како да е тоа сосема нормален преглед. Завршуваме тука и сеа не упатуваат по скали да одиме надоле пррма друга просторија кај друг лекар каде треба да се соблечам и нели да ја види состојбата со градите и да исцрта каде треба да се сече . И како одиме надоле по скалите си викам wtf зашто треба да ставам силикони, и како сега ќе се соблечам пред непознати? И се разбудив. Е вака неповрзани безвезни соништа имам. Притоа во реалноста не сум планирала никаква операција.
Знае ли некој да го толкува овој сон? Мајка му на дечко ми сонувала како мајка ми ми пратила мене видео со мојот брат и на тоа видео и биле паднати сите заби. Читам по ова интернет вика смрт во семејството, некој да знае да толкува?
Сонував делфин во мојот двор, сега прочитав дека значи болест или смрт на некој мој близок или загуба на заштитникот... многу сум загрижена
Пред еден месец и пол татко ми почина И пред некој ден го сонував татко ми Не знам каде сме биле во некој дом не се сеќавам ваш све и тато плачеше и ја сум плачела а не знам зошто не се сеќавам дали е за баба или за нешто друго Тато се враќа и ми вика "не плачи тука сум јас" А во меѓувреме мајка ми зборуваше на тел со брат ми и така се разбудив Еве вчера се праеше операција мајка ми на стомако и све океј али чекаме од други резултати се сомневале.... Толку ми е страв за неа а не знам што му значеше овие зборови од татко ми, дали знае некој што значи?
Обично тоа плачење во сон има обратно значење во реалноста, баш ми е жал за татко ти, господ здравје и брзо закрепнување на мајка ти.
А да бркаш повеќе мртовци на сон ? Сонував луѓе од поблиска фамилија ( баби и дедовци мои и нивни браќа и сестри , се на се околу шест луѓе беа ) но не беа со нормална големина , како џинови беа споредено со мене . Знаев дека се покојни во сонот и им велев оставете ме на мира , сите сте покојни мрш . Инаку беа лути и намрштени од некоја причина ( за мене моментално непозната , кај сите сум била да запалам свеќа , или сум запалила свеќа во црква и сум ги спомнала сите по ред да имаат мир и спокој ) ...