Имам мало бебенце и го дојам а сонував вака Ја гледам бабата на сопругот како и дава да јаде од шише малата нејќе и го турка шишето а таа си турва од млекото на прстите и се мачка под мишката Оти и мирисале во следен момент ја гледам како и сменува пелена на малата и ја мачка со павловичева па и свикав да си ги измие рацете, јас мажот и свекрвата седиме на маса и одкако и свикав на бабата на масата доаѓа жена која не е бабата а ја представува нејзе изгледа слабо и злобно и ми наредва да и турам млеко а јас и велам јас не сум дојдена тука да слугувам и веќе се осеќа дека ќе има кавга и сопругот и свекрвами ни велат да се гушниме , ја гушкам а таа почнува да плаче јас ја тешам а таа почнува уште погласно и кога сопругот ќе се заврти и не не гледа повеќе почнува да плаче како со смеење и да ме дупи со прстите во ребрата. Се разбудив
Дали можеби некој знае што значи да го сонувам мојот починат татко и сонот како да е реалност како до мене да е навистина, зборуваме нешто и почнува крв од уво да му тече на татко ми.
Дали некој знае што значи ско сонуваш куќа, не е мојс куќата роднини порано живееа таму а нема нема све од негде искача цело време таа куќа. Сега сонував како со старо друштво (што нема допирна точка со куќата) сме се собрале таму у таа куќа. И секој пат кога јс сањам ме демне куќата уште 3 денс макс у мисливе. Јс сањав у петокот и ќе полудам више од таа куќа. Инаку ја сањам каква што е стара и напуштена пошто никој не живее бајаги време таму се отселиа луѓето... Зошто ја сањам стварно не знам.
Zdravo sonuvav kako mi pagjaat katlicite 7ca 6ka i5ka ama ne celosno pola I toa srto ostanalo vnatre crno celoto na site zabi kako rasipano se isplasiv mnogu znam deka zabi ne e nesto dobro ako sonuvas ve molam nekoj ako znae da mi kaze znaci je na sonot
Заб 7 ми паднал здрав убав, немало крв или било нешто болка... И сонував поплава ама не ме зафатила мене лично туку видов поплава
Сонував дека ми го нема најмалото бебе . Панично го барав во сон , викав по него , и го слушав како плаче ама не можев да го најдам никако .. Се разбудив бидејќи навистина викнав што не ми се случува често , обично мирно спијам .
Два пати со ред ја сонував сопствената смрт ама сношти и го видов лицето додека ме давеше,ме удави во сонот. Што значи тоа знае некој? Сонот го сонував утрово а плус петок 13 ти е.Се крстам пред да легнам и чувам мал крст под перницата ама често сонувам лоши соништа.
Само соновите со паѓање заби се лоши. Другите не ги земајте за веродостојни. Најчесто од потиснати работи се соновите. @Fancy_Nency 22 тоа петок 13 врска нема. Што ќе ти е крст под перница? Мислам, нема потреба. Пушти таму таа душа, не се плаши.
Сонував дека управувам со хеликоптер. Буквално јас го возев од град (бев таму нешто да купам) кон село и в куќата го приземјив. Какво значење има?
Паѓането на забот е смрт на некоја подалечна роднина. Додека поплавата (ако е матна е невоља), ако е бистра водата (река, езеро или море) е среќа. Добро е што те одминала тебе.
Ништо посебно Соновите треба да се сватат како халуцинација и ништо друго Еве јас све што сонував според соновниците ништо не се исполнат што значи имам искуство личен доказ дека соновите се гола вода
Океј. Разбирам што сакаш да кажеш. Почитувам мислење поинакво од моето. Не пишав за да се карам туку за да ги појаснам психолошките поими и да споделам она што јас сум го научила од студиите за соновите и халуцинациите. Јас имам поинакво мислење од твоето во врска со значењето на соновите. Истотака и за значењето на халуцинациите. И сметам дека и едните и другите се со одредена симболика и содржина која воопшто не е случајна, туку е баш таа содржина се јавува заради одредени причини. Односно во она што личи случајно, хаотично и бизарно некогаш има позадински причини и шаблони, шеми кои не се толку очигледни, но психолозите умеат да ги воочат. И сметам дека имаат и двете имаат одредена функција за човекот кој ги доживува која не е за потценување зашто е битна за мозокот, психата и за менталното здравје дури и кога немаат подлабоко значење. На пример еве за сонот ќе кажам накусо: самото сонување кое се случува во РЕМ фазата е докажано дека е неопходно за мозокот да се регенерира после цел ден активност и затрупување со милион примени сензации и дразби од негова страна. Кога сонуваме мозокот уствари процесира огромни количини информации што дошле до него во тек на денот, класифицира, складира, брише, обработува, она што било недоволно изнализирано т.е. освестено го враќа во фокусот на сонот за да те потсети на него, она што не било изживеано или искусено го искусуваш низ сонот амплифицирано зошто емоциите не се свесно инхибирани како кога сме будни. Потсвесноти станува свесно. Кога денот бил досаден и мозокот не бил доволно стимулиран вечерта се сонуваат по интензивни соништа, набиени со емоции и како цел филм, со цел да компензираат за недоволната стимулација на мозокот од претходно. Мозокот бара рамнотежа, кога ќе се наруши тој преку сонот (и халуцинациите) се обидува да ја поврати. Научници во сон им доаѓало решението на проблемот на кој будни не можеле да ги најдат долго време.. Така да не се за потценување.