1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Сонував блиска личност како е изморена, ослабната, болна, на истиот сон ми кажа дека глава ја боли.
    Во реалноста таа личност е почината.
    Што значи ова?
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Појди запали свеќа на гробот на таа личност , можеби одамна не си била , па ти навестува дека " и недостасува " твоето друштво , на некој начин те потсетува да не ја заборавиш таа особа . Можеш и во најблиската црква да запалиш свеќа и да си спомнеш за таа личност ( мене ме учеле како мала дека каде што се пали за здравје ама во долниот исто има за свеќи палење и тој дел е наменет за спокој на душите на починатите , не знам како е по другите градови , ама и да нема , зашали свеќа каде што вообичаено палиш за здравје , спомени за мир и спокој душата од Х ) .

    Јас вака дедо ми го сонувам кога одамна не сум запалила свеќа за него .
     
    На Little_girl и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. Ash-Greninja

    Ash-Greninja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Јас сонував како да сакам да се разбудам, како свеста да ми излегува, душата... сум бил во другата соба па после набрзина сум излегол од собата, па сум сонувал како спијам во истиот момент, како свеста/душата да сакам да си ја вратам назад за да се разбудам... незнам како да објаснам... вкочанетост, здрвеност и тн. Што значи тоа?
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Има моменти во сонот кога стануваш свесен дека сонуваш. Претпоставувам дека за вакво нешто се работи, затоа што велиш дека си сакал да се разбудиш, што значи дека си бил свесен дека спиеш.
    Тоа значи дека свеста се буди, се алармира нервниот систем но недоволно за да се разбуди целосно нервниот систем, односно остануваат моторните функции заспани. Не можеш да мрдаш, не можеш да кренеш рака, нога и сл, затоа што кога спиеме импулсите кои одат од периферијата на телото кон мозокот во двата правци (значи и примање дразба и давање наредба за покрет) се инхибирани (попречени). Кога почнува телото да се буди оваа инхибиција престанува.

    Е во ситуација кога не се будиш до крај, свеста се буди ама моториката останува заспана.

    Инфо: Ова нецелосно будење се случува кај луѓе кои дожуваат парализа во сон.

    Се будат нецелосно и затоа им делува како да се свесни за собата во која се, односно, може да следат што се случува околу нив во собата, но се осеќаат здрвени и неможат да мрдаат и зборуваат.
    Многу често во ваква состојба гледаат страшни ликови, чудовишта и сл. и имаат чуство дека се реални, а не можат да се одбранат, како да ги држи нешто приковани за кревет.
    Искуството е многу непријатно и страшно.

    Многу мислат дека е доказ за натприродно ама не е. Ова е многу честа појава во човечката популација.
    Денес веќе е докажано дека е состојба која спаѓа во нарушување на сонот. Се вика парализа во сон - sleep paralysis. Обично психолозите им препорачуваат анализа на спиење sleep study на луѓето кои имаат било какви потешкотии со сонот и со оваа анализа тие добиваат точна дијагноза за проблемот со сонот.
     
    На Евгениј на и Ash-Greninja им се допаѓа ова.
  5. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Дали некој знаеш што значи да се сонува некој друг облечен во бела блуза со црвени точки и потоа јас исто облечена со бела блуза со црвени точки и црвени панталони?
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Ако некој знае што значи ова, ве молам кажете ми оти на самата помисла кога ќе ми текне што сонував, сржта ми се заледува.
    Сонував дека братучетка ми има една цела нога, а другата ѝ е на пола. И не одеше на штаки, туку нормално си одеше. После си ги средував ноктите на нозете и видов на малиот прст како ми подникнале две нокти... не како живеци, туку нормални нокти, што се гледаше дека се нокти. И ѝ се пожалив на братучетка ми дека имам три нокти на малиот прст на нозете и ѝ го покажав прстот на ногата...
    Што значи ова????
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Дека со таа особа сте спротивни ама се надополнувате?
     
  8. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Девојки сонував дека сум трудна :^)
    Што би значело тоа?
     
    На Little_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.847
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Сношти сонував сон што ме извади од памет и не можев да заспијам
    Ја сонував покојна ми баба (мн ретко ја сонувам) како била во некој мрачен старачки дом и плачела, и е викам кој те донесе тука, ајде дома јас ќе те гледам таа ми рече дека секој ден плачела и со плачење ми збореше и на сонот почнала да се спрема за да ја земам, што значи???
    Не можев после да спијам
     
  10. Babybaby123

    Babybaby123 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2022
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво. Во последно време мн често сонувам и веќе почнаа да ми се мешаат соновите со реалноста така да не знам што е сон а што јаве. Зошто така ми се случува.
     
  11. Telenovela00

    Telenovela00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Bremena sam i cesto sonuvam kako me gledaat na eho. Pred dve tri veceri sonuvav kako eden rodnina me dopira po stomakot. Dali e psiha sto mislam na bremenosta koja tolku dolgo ja cekav, ili ima nekoe znacenje.
     
  12. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Преголем стрес и преоптеретување на мозокот со 'што би било кога би било'
     
  13. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво. Сонував како сме биле во старата куќа и јас бев на горниот спрат и нешто клекната барам и позади мене бел пајак со бои како виножито некако шарен цел ама светли и нежни бои и некако ми рипа на мене а јас многу се плашам од пајаци иако овој беше убав и трчам доле на долниот спрат и таму седат баба ми и вујна ми и ја молам баба ми да ми го извади од коса ама не може, не се вади. Баба ми и вујна ми ги снемува од таа соба и таму веќе се наоѓа тетин ми кој нешто готвел и ја поставува масата а татко ми е единствениот седнат на цела маса и збори со мајка ми на телефон и и кажува кој што праел од родниниве и што има за јадење. Инаку сонот го сонував дење и сите од сонот се живи. Денските сонови не се фаќаа така, или грешка сум затоа што знам дека маса со храна и луѓе низ дома е смрт…
     
  14. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    И јас го сонував тоа ноќеска и сум сакала да го абортирам. Бебе е тежина колку што знам.
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој да ми го протолкува сонов или не?
     
  16. girl2

    girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Сонував дека си имам детенце бебе мое сум го чувала како во магла се секавам али у главно тоа е сонот . .. толкување :inlove::wasntme:
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Претежно несакам да се оптеретувам со овие работи, ама два сона, никогаш нема да ги заборавам. Првиот беше пред околу 6 години. Сонувам како левата единица (забот) ми се крши. Се будам. Одам на работа, имавме една постара женичка хигиеничарка, ни одеше муабетот и баш и кажувам она ми вика ајде не е страшно болест значи тоа. Наредната вечер татко му доживеа мозочен удар, се оправи после тоа. Овој пат, во декември лани сонувам дека истиот заб ми падна. Знам што значеше - Нечија смрт. А татко ми беше болен, многу повраќаше, намали килажа, доктори незнаеа што му е, демек воспален желудник. Татко ми умре еден месец после тоа.
    Несакам да верувам, ама очигледно има нешто.
     
    На LittleZuzu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Engi999

    Engi999 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Sto znaci da sonuvas testo
     
  19. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Соновникот кажува:
    ако месите тесто - ќе имате непријатности.
     
  20. Rebekaaa

    Rebekaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    35
    Zdravo pred nekoj den sonuvav kako sum vo manastir ostrog vo prostorijata kade se naogjaat mostite na Sv.Vasilije Ostroski ,sme bile so majka mi ,sonuvav I kako gi baknuvam zidovite vo taa prostorija .Bev pred mesec dena dali ova e znak deka treba da pojdam pak .Blagodaram!