Значи сабајле го сонував оној шо излегов еднаш како ми пишал и ја сам почнала да плача. И ене го стварно ми пишал а не можам да го поднасам. Стварно ќе плачам
Сонував како другарката(15 годишната ) дошла кај мене на гости со нејзините. И нејзините барале пајаци. Ама големи ме терале да се соблечам. И да им најдам пајаци. И јас сум се соблекла. Пајаците почнале да доаѓаат ама огромни биле ко една рака. И некако како сребрени биле. И јас почнувам да викам ама никој не ме слуша. Они ме лазат а и премногу реално беше Што би значело?
Здраво. Што значи да сонуваш дека некоја жена купува бурма за нејзе на сон? Некои ми рекоја значело дека жената ке останела бремена, вистина е или не?
Сонував дека сум бремена,сум била 4ти месец, знаев кој е таткото, а во реалноста не ми се допаѓа дечкото и не сум го сакала бебето ама било доцна за абортирање…. Знам дека значи тежина, тежок период ама некако не верувам…. Плус тоа чуствував болка во стомакот, не знам дали вистина имав болка или во сонот…. Некој знае друго толкување на сонот освен тежина?
И јас имам сонувано сличен сон премногу реално ми изгледше пошто бев легната на кревет и ја гледав сестра ми и викав по неа ама немав глас.. после тоа испотресена станав. Имам читано по интернет ,,парализа во сон” се вика побарај на интернет детално имаш објаснето
Сонував како кај нас татко ми дошол со другарите и бил пијан. И еден убил. Јас сум рекла да го однесеме во болница. А др рекле ништо не му е. Ама не виделе дека тато го убил. Туку како го фрлил и да испадне дека сам е повреден. И на тато сум му рекла нема лесно да се спасиш ќе познаат. И он ме погледнал строго и рекол нема никој да знае. И земал у вреќа полна со отпадоци го ставил. И кај мене во соба го донеле со другар му. А другар му не знае ништо. И кај мене вадат ламинат и искача куфер и во него имало некој убиен. И другар му прашува да не има тука некој умрен (за во куферот) и тато не не само алишта. И го ставаат и ѓубрето и како ништо да не било. А јас на тато му викам да земе и да го однесе у нивата и да го закопа. Тука ќе засмрди он ми рекол не. Премногу реално беше. Дај кажете што би значело премногу ме потресе. Утре или во рок од една недела нема да знам дали е реалност или сон
Два дена по ред сонувам змии, дали ги држам дали убивам дали бегам не знам не се сеќавам од се по нешто, читам дека било лош знак змија и се плашам, што би можело да биде??
Се сонував дека барам и пробував венчаници. Мислам дека не е убо да се видиш во венчаница или грешам?
Сонував дека сум во болница ,со уште три жени во собата. Дошла сестрата и ми кажала дека сум бремена и носам девојче ,многу плачев викав дека не сакам да сум сега бремена плус па и зошто морало девојче не сакам и готово. И дојде сестра ми вика Михаела дојди да потврдиме дали се работи за бременост на ехо,јас и кажувам дека не се викам така. На крај испадна дека јас не сум бремена туку ме измешале. Што би можело да значи ?
Пак јас Ноќеска сонував дека една златна алка сум продала а една сум изгубила. Таа што ја продавав била со моја прва буква привезок а другата пообична ама повеќе ја сакав и ми падна како од трети кат во трговски ,додека се симнав ја немаше. Најдов уште многу привезоци алки обетки само таа ја немаше под седишта беа како некое кино да беше. Дел од тие вратив дел сокрив си реков демек ако ја најдат таа ќе ги вратам и овие... ако некој знае нека каже што би значело
Jas sinoka go sonuvav eden sto mi e simpatija a go nemam videno 1 godina deka on ko bese vo uciliste nosese bela kapa na glava ko hodjite sto nosat i bese so eden drugar ke stanel hodja a jas od strana go vidov toa
Сонував дека сум бремена, и сум отишла во болница да се породам, дечко ми ме однесе. Докторката ми рече дека сум спремна да раѓам, а ја викав цело време дека ме боли и се држам за стомак, а стомакот како во широчина само голем. И на крај не се породив, а кога се разбудив се држев за стомак. Различни толкувања на различни страни најдов, а ретко да се сеќавам на цел сон и цел ден ми се врти низ глава. Ова е втор пат да сонувам дека сум бремена. Ако некоја се разбира од сонови ако може да ми пише.
На верски празник не се сеќавам на кој, навечер требаше да спијам со огледсло под перница и ке го сонувам дечкото со кого ќе се омажам. Го сонував типот што исто така тој период и ми се свиѓаше само неговото лице го сонувавав и ништо друго. Се фативме кратко време бевме заедно и бев сега на свадба и спиев со бонбончето што ми го дадоа на свадба пак него го сонував. Патем со поранешниот дечко се смиривме по оддамна и правиме големи планови за иднината со нас Дечкото што го сонував ни под разно не сакам и не смеам да сум со него Но се плашам соновиве да не се знаци за иднината