1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Знае некој да толкува сонови?
     
  2. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Што значи бело глувче? Сум го дала на едно детенце да ми го почува потоа сум го зел назад, дома сум го чувала
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Сонував чуден сон . Бев во некои чудни сокаци , некој ме сталкаше . Беше ноќ и надвор немаше никој . Бидејќи не сум живеела во тоа маало , барав место за да се сокријам во нечиј двор или нечија куќа . Меѓутоа не најдов ниту еден двор кој беше отворен ( биле као заклучени портите на секоја куќа ) . Кога не успеав да најдам место за криење почнав да викам " помош " и да плачам . Никој не ми помогна . Демначот ме фати за рака и ме влечеше со себе , се додека не стигнавме до некаков парк , кој беше доста осветлен .

    Таму го видов неговото лице . Демначот беше маж ми , кој ми зборуваше дека поради силниот удар по доживеана несреќа сум изгубила меморија . Ме гушна силно и ми велеше дека срцето му се крши кога ме гледа во таква состојба .

    Има значење сонов , или рандом глупости сум сонувала :rofl: :| ?
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    По втор пат сонувам мој бивш како се оженил и торта имаше .
     
    На Kate karate, Cosmic Girl и uno87 им се допаѓа ова.
  5. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Сонував како со мајка ми сум отишла во бутик сум пробала костум бел, сако со златни петлици и пантолони и преубаво ми стоел, ќе сум го купувала…
     
    На uno87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Што осеќаше на крајот кога ти се разјасни што се случува?
    Клучното за да се сфати сонот е да се обрне внимание на што тој сон предизвикува да чуствувате кога го сонувате. Не е значи само содржината на сонот, многу побитни се емоциите кои ги предизвикува.
    Иако во случајов многу е интересна содржината, ептен е филмска. Да не гледаше некој филм пред спиење? :D
     
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Затоа и се чудам , искрено не гледав филм ( среде реновирање сме , па мислев дека од што сум уморна деновиве , сонувам вакви глупости :?: ) .
    Богами , како кратка хорор приказна звучи :D .

    Конкретно во сонот се чувствував некако несигурна , не верував дека тоа е маж ми , дезориентирана бев некако .

    Кога се разбудив си помислив " what the hell was that for :^) " ?

    Ако можеш да ми протолкуваш , добро ако не да си жива и здрава :D . Веројатно ни нема значење , можеби е само замор во прашање :D .
     
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Vo posledno mnogu cudı sonovı sonuvam. Posledno sonuvav kako ragjam bebe.. Opsto ne tolkuvam sonovı no bı sakala da znam otı cesto sonuvam kako sum bremena ı bebınja:D
     
  9. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    За бременост викаат тежина, а со самото раѓање се ослободуваш од тежината
    Ова го имам слушнато
     
    На Kate karate, buba4e89 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Ако знае некој да ми протолкува, сонував како во внатрешноста на прстите сум имала парченца стакло на сите 10 прсти на рацете, самата ги вадев и плачев од болка. Баш ме возмемири
     
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Незнам како можите да се пецате на вакви глупости и да барате скриени симболики во соновите и да верувате дека секој можен сон може да претскаже нешто во иднината.

    Верував и јас порано редовно читав соновник и ниту еднаш не се остварило тоа што пишувало за одреден сон. И да безброј пати ми паѓале заби во сон или нешто друго што означувало смрт и ниеднаш после таков сон не починал никого фала му на бога.

    Сето ова со соновите претежно се чисти глупости и суеверја со кои луѓето самите си прават лошо да им биде страв од нешто или очекуваат дека некој сон ќе има позитивно значење па ќе имаат некаква среќа во животот и се фаќаат на вакви глупости.

    Генерално мноштвото сонови не содржат никаква предскажувачка порака освен одредени сонови кои јасно прецизираат некоја случка што подоцна навистина ќе се деси во иднина но тоа се ретки случаеви.
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Не верував , се додека не ми се оствари сон . Long story - short , пред да одам на полуматура сонував дечко кој во сонот ми рече дека ќе се омажам за него . Не го имав видено никогаш порано и секако го прашав како тоа кога не се познаваме . Ми рече ќе се запознаеме за 2 до 3 години . Се запознавме после 2 ипол години ( веќе бев во средно ) и погодувај .. иако на почетокот го мразев и не беше мој тип , на крајот се омажив за него и имаме 3 деца .

    Do you belive it now ? I do .
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, OmilenataZaNego и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Да ова е веќе друг тип на сон со предскажувачка порака имав и јас нешто слично набрзо одкако ја запознав бившата моја добив претскажувачки сон дека мајка и ќе почине ми се обрати директно во сон и ми рече чувај ја ќерка ми без да знам воопшто дека боледува од рак извесен период одкако се запознавме со бившата немавме контакт и не знаев воопшто дека мајка и е болна. После некој месец кога почина бев шокиран и одпосле ми кажа дека била болна па влеговме во врска исто како во случајот твој но за жал не завршивме заедно. Ваквите сонови дефенитивно се земаат во предвид ама сонување обичен сон без некакво посебно значење и директно предскажување на некаков настан и барање во секој сон некаква скриена симболика и значење е безмислено.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Можеш емоциите од сонот да ги искористиш да ги разбереш своите реални емоции и не толку свесни мисли и чувствува. Она потсвесното.

    Ако биле несигурноста и дезориентацијата главен лајт мотив на сонот, најверојатно мозокот ти кажува како уствари се осеќаш реално.
    Можеби примената во домот, со сите одлуки, обврски, финансиски издатоци и стрес се причина за тие емоции.
    Мажот ти има двојна улога во сонот. Можеш тоа да го анализираш плус.
    Можеби тој како партнер има свои идеи и некои може се разликуваат или се во конфликт со твоите. Можеби од таму параноидниот страв дека те следи некој. Обично егото се труди да остане интактно т.е. тежнееме да сме самостојни и индивидуални но животот во заедница тоа го става под напор, го тестира. Затоа што мора да се прави компромис и да се откажеш од некои свои желби кога си во врска за да таа успее.
    Егото тоа го гледа како закана, целта му е да остане целовито и јако....
    Добро е што на крајот тој ти е точка на поддршка, веродостоен извор на она што е вистина. Значи дека ти кон него сепак имаш доверба.
    Некој интерен твој конфликт на емоции ти рефлектира сонот, според моја анализа. Ама пошто толкувањево е од нога, без доволно податоци може и грешам :D
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Па , искрено добра си во толкување сонови " од нога " .

    Имаме различни ставови околу некои работи поврзани со уредувањето на просторот кој го реновираме , иако сме баш далеку од естетското уредување . Но , не се сомневам дека и двајцата ќе се вложиме максимално со најдобрите идеи кога ќе дојде време за уредување , и ќе го направиме најдоброто што знаеме и умееме за да бидеме и двајцата комплетно исполнети и максимално задоволни од направеното . Иако сега , на почетокот имаме спротиставени мислења за некои работи , како ќе се средува просторот , така и нашите идеи верувам ќе се менуваат , кон подобро .

    Ете , сепак не бил без врска сонот :rofl: . Ти благодарам за одвоеното време и за објаснувањето , од сосема друга перспектива . Ми помогна да го разберам сонов , кој личеше на кратка хорор приказна :D . Веќе не изгледа толку крипи :D . Thank you so much :l: .

    @Wideperpetual а зошто да нема симболика и значење и во обичните сонови ? Не е дека баш секој сон се исполнува , точно , но не е дека и обичните сонови не се исполнуваат и немаат значење . Јас сметам дека секој сон што ќе го запомнам , има значење . Обичните сонови што ги заборавам штом ќе станам од креветот , според мене немале значење . Но штом се сеќавам на сонот детално и после утринското кафе , колку и да звучи обичен , јас сепак мислам дека ни носи некаква порака . Можеби грешам , но во сите мои случаи кога сум сонувала , испаѓало вака . Не е дека и ти не си во право , но не е и дека јас грешам :) .
     
    Последна измена: 15 јануари 2023
    На cresa-jagoda и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  16. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Сонував дека се калувам по едно ридче и кога стогнав имаше црква, ова место го знам во реалноста блиску мојот град е, и имало многу гужва во црквата се славело, сум отишла во црквата и свеќа запалив…
    Најдов на соновник дек ако отидеш во црква значи грижи, неубави вести и сум загрижена многу ….
     
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    2.831

    Отиди си во црквата и запали си свеќа. Не се плаши, нема врска дека е лошо.
     
    На IvvaNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Едно сум сфатила кога ги памтиш соновите не се остваруваат,а кога ги забораваш се случува она deja vu.
     
    На cresa-jagoda и IvvaNeo им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Ја сонив покојната баба и дадов леб седеше сама во црно облечена и музика од пејачка имаше и таа умрела во сонот .Што значење ќе има?И дадов на баба ми парче од домашен леб
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Сонував,куќата која веќе не постои,скалите поделени,од десната страна по дружина поставена полица,како да беше прицврстена,се симнав од левата страна.
    Се чудев,што е работата,а позади како да беше мајка ми(почината)пред 12год.
    Не разменив ниеден збор.
    Моментално имам некој проблечиња.
    Дали сонот,тоа ми кажа!?