сонував многу змии ама како една по една се појавуваат и имаше многу луѓе змиите одат по мене ама не ме каснуваат една ми рече земи стап и почни да не маваш што би значело?
Сонував сум била невеста во невестински фустан ќе сум правела свадба, се нешто ме спречуваше носев едни чорапи ги соблеков и видов дека холахопката на десната нога ми е скината и се разбудив што може да има значење?
Има некој овде што тумачи сон, воглавно свекрвата моја ја сонувала нејзината свекрва која е уште жива, ама ни може да оди, има склероза, и секоја вечер писка, живее горе со своите два сина кои се неженети, вака сонувала дека имало ограда и ние сите сме биле од една страна а свекрва и на свекрвата од друга била облечена многу убаво и и рекла на свекрвата не идам јас кај вас само ова го сакав да испаднам надвор.. Цело сабајле свекрва ми се чуди што е работата, има некоја врска сонов или не?
Мене ме испобркаа овие турските серии. Сонував дека сум имала многу сиромашно семејство и биле многу должни и сакале да ме продадат на еден човек што го знам за голема пара. Човекот е многу моќен. Инаку сум имала момче сиромашно и тој правел се за да не се омажам со тој човекот дури накрај фрлил и бомба хахаха
Немам прекинато да сонувам недела ипол. Ама без престан. Секоја вечер/сабајле пред да станам сонувам по нешто. Никогаш претходно не ми се случило вака. Дали е нормално? Дали можеби имам потиснати чувства па сè ми се реализира преку соништа? Имав само 1 кошмар минатата недела и другите до ден денешен ми се најобични случки во сон...
Па цело време сонуваме, само не се сеќаваме секогаш на соновите. Сега се сеќаваш, па затоа ти е чудно, а е најнормално инаку.
Ako moze nekoj da kaze mislenje okolu sonov: Nastan-mekici ( inaku momentalno sum bremena). Vo restoranot doagjaat site gosti, clenovi od muzikata, zabavata pocnuva, jas i tatko mi vodime oro, igrame zaedno so ostanatite. Na slucuvanjeto megju gostite i moi bliski koi se pocinati Sto bi trebalo seto ova da znaci...
Исто и јас. Затоа и погоре пишав, сепак мислам дека не е "толку" нормално секој ден еве скоро 2 недели живи и чудни соништа што ги памтам сите по ред, како да ми се случиле во реалноста.. не знам што да кажам.
Единствено нешто што сонувам последниве 2 месеци се мојата омилена серија и мојот омилен карактер во неа. И тоа сосема вивидно како во вистински живот да се дешава. Уживање е. Уште стварно тука да ми беше..
Сонував бело куче мало кај мене дома сме го вдомиле, а веќе имаме кученце црно и ова нашето не го сакало новото куче па сум го криела да не го види…. Зане некој што значи? Инаку овие денови сум катастрофа… дај боже да е добар знак
Здраво имам два чудни сонови па би сакал ако може да ми кажете што значат. 1. Се наоѓав на некоја непозната улица со дрво ред, бев со некоја плава девојка што не ја познавам. Знам дека некој не бркаше и цело време беше зад нас. Јас имав во рака прилично голема книга како со дрвени, стари, дебели корици и во неа имаше многу работи за тоа како можиш да се спашиш од лоши духови, лоши работи јас го барав тоа што нас конкретно ни треба низ книгата за да го прочитам и да се спасиме од тоа што не брка назад но тоа што не бркаше назад беше многу блиску до нас затоа што вниманието ни беше во книгата и бавно трчавме, ја затворив книгата за да трчаме побрзо свртивме десно и јас ја отворив книгата, книгата беше цела ичкртана, искината, запалена, максимално уништена за да не можам да прочитам и да се спасиме од нештото што не бркаше вртев низ страниците но се беше уништено. Во еден момент на девојката и реков “ Помогни ми те молам не можам сам да се снајдам во книгава “ не добив одговор, застанав се свртив кај нејзе таа стоеше пред дрво и лебдеше буквално со отворена уста во тој момент јас се уплашив и ми се стемни во сонот. Потоа се најдов во мојата соба на мојот кревет потпрен и на нозете ми беше книгата се уплашив ламбата трепкаше иако светеше не се гледаше ништо темно беше само книгата можев да ја видам и во еден момент почнав да слушам глас како ми вика “ Разбуди се (го кажува моето име), разбуди се (пак моето име), мораш да се разбудиш, разбуди се, мораш, разбуди се изговарајќи го и моето име со константно повишување на тонот. И се разбудив но сето ова накрајот со гласот што го слушав изгледаше и звучеше страшно многу реално како некој да беше до мене и да ми викаше дека морам да се разбудам. Сеуште немие јасен сонот. 2. Пред некој месец пријателка на мојата мајка беше во посета на Манастирот Острог. Оттаму ми донесе крст од Манастирот јас го ставив во новчаникот. По неколку дена го сонував тој истиот крст и некој како ми кажува дека треба да го ставам на моето ланче (јас веќе имам обично златно ланче) и како треба да го ставам на тоа ланче кога се разбудив не го ставив, истиот сон го сонував другиот ден и и кажав на жената што ми го донесе крстот ми рече да го ставам на ланчето и тоа го направив. Го носам веќе неколку месеци и имам чувство како да сум посреќен, како да ми е поубав животот, чувствувам некоја приврзаност кон крстот.
Zdravo feminki, bi ve zamolila nekoja od vas ako znae da mi objasni sto pokonkretno ova znaci: Ja sonivam mojata pocinata baba recisi sekoja vecer poslednive mesec dena, vo sonovite e vesela i kako nikogas da ne pocinala mi se pretstavuva.... e sega nokeska vo posledniot son povtorno ja sonuvav sedevme vo maalo so majka mi i baba mi si razgovaravme neso kupivme ljmunada i posle toa baba mi iscezna bez traga i glas, nesto so vo drugite sonovi ne se sluci.... ima tri godini kaj sto epocinata zenata a bevme prebliski taa me porasna i za se bese tuka za mene bukvalno kako majka
Оди на гробот запали и свеќа и раздај нешто за неа чим сте пиеле лимонада можеби сака од тебе па може нема да ти иде повеќе.
Луѓе дали ви се има десено да сонувате вуду кукла? Значи кога бев мала сонував дека некој во рака држи вуду кукла и ја боде со игли, при што јас се разбудив и почнав да плачам поради тоа, фактички станав вриштејќи и почнав да месечарам низ дома и бев како под хипноза не знам како да кажам, многу исплашена бев ужас.... После испадна дека всушност одредена особа ми правела магија во реалност и имав уплав цел месец, едвај се вратив у нормала... Ова ме прогонува и ден денес