1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.355
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам сонувано куклата момо. И тоа без да знам дека постои такво нешто со такво име. Ја сонував во некој кафез и сл, кога и го раскажав сонот на другарка, и и ја опишав куклата ми рече па тоа е колата момо. До тогаш ниту ја имав видено таа кукла ниту имав слушнато. Језиво е.
     
    Последна измена: 6 март 2023
    На Cosmic Girl и ivanamackica им се допаѓа ова.
  2. kloki

    kloki Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Здраво
    Да прашам дали знаете да го истолкувате сонот.. Сонував мртовец кој е жив. Во сонот бев лута, а таа плакајки ми викаше да не се лутам??
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Посети го гробот на таа личност,раздај ако можеш храна нешто , пораката на сонот е дека таа личност не сака да ја заборавиш
     
    На Kate karate и kloki им се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Ме потсети @f.girl со сонот (извини за ознаката).

    Сон од пред некој ден: Бев во Тинекс да купам шампон. Купив и излегвам, гледам нагрешка сум купила некое средство за чистење, големо можи 10кг. Значи не можиш да го згрешиш. :D

    Од таму, требаше да одам и до Бершка, а немав време оти ќе почнел часот по физичко во техничкото училиште (не ни учев некогаш таму реално). Трчам, трчам, уште трчам во сонот, никако да ја најдам.

    Не ја најдов и тргнав да бегам. Ме застанва полицаец, ми вика давај пасошот да ти пишам две казни и забрана за патување. Зошто, му викам.
    Е ко сум трчала за Бершка, на грешна страна од ходникот сум се движела и сум преминала пред некој чоек. Затоа забрана за патување. :!:

    Си пиши казна, пред нас стигнува воз во пламен, гори, овај гајле си нема пиши уште.
    Дури да се свртам по возот, го гледам во ред е не гори веќе, си тргнува, а внатре полн со кукли големи.

    Не знам дали сонот или јавето ми е поголем хаос. Барем го запамтив.
     
    На Евроазија, buba4e89, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    32.557
    Пол:
    Женски
    На ова ме потсети :rofl:
    ayMxY68_700b.jpg

    Шала на страна, твојов пострашен е, пре би да сонувам кловнови него ли големи кукли :worried:
     
    На sunshinebabe, WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Сонував стари искинати извалкани чевли кај што носам
    Дали воопшто се остваруваат соништава или да не се плашам за џабе ?
     
  7. Engi999

    Engi999 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже што значи да сонуваш нокти долги црни
     
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Engi999 Црните нокти ги претставуваат твоите негативни мисли. Од друга страна, долги нокти значат предизвици, недоразбирања, или пак заработка.

    Е сега, во зависност од твојата реалност, тоа може да значи дека тие негативни мисли ти се поврзани со финансиите. Но, во секој случај мора да се потрудиш да ги елиминираш препреките, било финансиски или од друг тип и се ќе се среди.

    Ако од скоро некаде си видела долги црни нокти, на некоја девојка, по Инстаграм и сл, тоа може да биде само тоа, потсвесно сеќавање и ништо друго.

    @Justicija Искинати чевли означуваат дека љубовта не ти е возвратена. Валкани чевли значи дека ќе западнеш во неволја поради непромислени одлуки.

    Па двете споени, не мора да означуваат нешто страшно и сл, туку дека можеби довербата ќе ти биде издадена или едноставно ќе се соочиш со љубовни проблеми. Во смисла, можеби ќе мора да размислиш дали вреди да се замараш за/со некој.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    19.550
    Пол:
    Женски
    Се исполнуваат соновите ?
     
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Justicija Според мене, и да, и не. Зависи од личноста, сонот и нејзиниот живот моментално.

    Речиси секојдневно сонуваме и нормално не може секој сон да се оствари, а притоа на повеќето ретко се сеќаваме.

    Најчесто кога сме повеќе преморени или под стрес од секојдневието, почесто сонуваме. И се ни е нешто потсвесно, за нешто што се нервираме, дали проблеми на работа, дали дома. Во смисла дека е нешто што не оптеретува, а е веќе дел од реалноста.

    Од друга страна, мене лично ми се остварувале оние сонови кога она што го сонувам е ненадејно, некарактеристично за секојдневието. Пример, баба ми беше во болница и ноќта пред да почине, сонував череп. Но, таквите сонови што се предвесник на нешто пострашно се реткост.

    Во суштина, јас би ти рекла, не си го земај сонот при срце. Бидејќи како размислуваме, така креираме.
    Најверојатно и самата си свесна дека нешто не ти дава мир во реалноста. Било партнер, било работа, но, апсолутно се се средува :f:
     
    Последна измена: 5 април 2023
  11. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.355
    Пол:
    Женски
    Сонував мајка ми и татко ми купувале злато, поточно мене ми купувале. Ланче и белегзија, златни. А брат ми ми помагал да ја наместам брлезгијата. Што е тоа?
     
  12. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    2.437
    Здраво, јас ретко сонувам ама овој сон ме исплаши многу и мислам сега цел ден ќе ми отиде така во некој страв и размислувајќи околу тоа, секоја недела го чистам тоалетот, е сега сонував дека сум чистела тоалет како и секоја недела сум бришела огледало и само што сум сакала да ги ставам пешкирите во корпа за алишта, сум видела нога како виси и нокти црвен лак и сум почнала да ги тргам алиштата од корпата и сум ја видела мајка ми прободена со нож фрлена таму, многу беше реално одма станав, не знам што треба да значи ова, живееме мирен живот и се тоа не знам со што има ова поврзаност ама многу ми стана језиво
     
  13. scarlet☺️

    scarlet☺️ Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2022
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, сонував дека сум била бремена и сум се породила за 15мин скоро ич не било болно. Бебето беше машко и многу сум го сакала и личело на мојот партнер. Што би значел овој сон?
     
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.347
    Пол:
    Женски
    Ноќеска сонував дека по рацете почнале меури да ми искачаат, со крв полни, почнав да отекувам во рацете, во нозете, лицето, не можев да зборам и во еден момент паднав доле само, и почнав да се прашувам зашто никого не слушам иако знам дека предходно имаше луѓе околу мене и ги слушав, зашто никој околу мене не зборува, умрев ли и тогаш само зрипав и се разбудив цела испотена..
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам на еден сон што ми остана во памет.

    Многу често го сонував бившиот во некои чудни језиви места. Овој пат сум сонувала плав дечко како сме биле на игранка,а потоа некако сме се изгубиле. Јас го барав и кога конечно го најдов ми се превртува цел сон и се наоѓам во стан( каде што живеам во Мкд ) со баба ми и дедо ми ( кои инаку се починати) и бивши ми. Наеднаш се случува пожар се околу нас гори,а дедо ми ми вика “ Што бараш ти овде,ти не си за овде, брзо да се вратиш назад”, а баба ми на тоа додава “ Остај ја нека седи”, а бившиот седи и вика “ Ќе гледаме тв”. Дедо ми вика “ Брзо станувај да те нема од овде” и некако се најдов пред зграда и повторно со плавиот дечко од почетокот како се држиме за рака цврсто.
    Се разбудив така и тој ден имав јака главоболка.

    Инаку, набрзо после сонов го сретнав бивши ми случајно еднаш и од тогаш соновите со него престанаа.
     
  16. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Често ја сонувам симпатијата, но сите сонови биле по нормални и сите слични и си ги поврзував со тоа што мислам на него.
    Вчера сонував поинаков сон: Сме биле на систематски со колешки и излегуваме од болница и требаше да одиме на предавања, пред болница го забележувам него ама во грб и се израдував што го видов и веднаш отидов да се поздравиме, кога се сврте лицето му беше повредено, го прашав што му се случило, и ми рече дека кучето негово го искасало едвај се спасил, кога дознав дека е сам и нема со кој да си оди појдов јас со него да го испратам до дома. Се качивме во бус, правевме нешто муабет, не се сеќавам што. Го испратив до дома и се израдував што знам каде живее, неговите ме поканија внатре ама не влегов и после ми заѕвони алармот и се разбудив.
    Инаку премногу реално се чуствував во сонот, обично кога сонувам чуствувам дека сонувам.
     
  17. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Ја сонував баба ми жива во сон, многу се радував и се смеевме дека е жива, во реалноста е почината сега набрзо. Скоро секоја вечер сонувам по некој сон во врска со нејзе, понекогаш само се спомнува а понекогаш ја гледам во сон. Што би значело ова?
     
  18. Alice21.

    Alice21. Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе звучи малку глупаво но, сонував жена со долга коса како ми вика дека доколку не отидам во црква на Пелистер (што не сум ни сигурна дека беше Пелистер), татко ми нема да се врати дома ( татко ми е отиден во странство на службено патување и се враќа за некои 4-5 дена). Тука пишувам зашто не најдов друга тема за ваков тип сонови. Стварно не знам што да правам. Дури и пред да отиде на тоа патување имав лошо чувство. Некој искуство со вакви сонови и да ми каже како постапил. Ви благодарам однапред.
     
    На Евгениј на му/ѝ се допаѓа ова.
  19. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    Оди во црква, запали свеќа, помоли се. И не мисли на ништо лошо.
    Ако има црква на Пелистер (не знам), оди таму запали свеќа.
     
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Какви сонови сум имала, буквални хорори.
    Па ништо во нив не се оствари.
    Време изгубив на плашење, за џабе. :D
    Не губи време на толкување, нема ништо да се случи.